1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубена сум во личност од ист пол...

Дискусија во 'Канта' започната од srcuska18, 12 јули 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    заљубена сум во личност од ист пол веќе долго време.Се слушаме секој ден,на интернет,ја идам кај неја она иде кај мене на гости,од различни градови сме..како би ја критикувале оваа работа?? не знам како но ете се случи и сакам мислење од други за ваква работа како ќе ја осудат...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    заљубена сум во ист пол...

    Како ќе ја критикуваме ова работа? Нормално е одалечи се од неа до дека не е касно! Од толку машки на светот ти најде цо девојче да се залубиш :^) Сепак ти си знаеш најдобро ако мислиш дека е добро тоа продолжи така!
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    заљубена сум во ист пол...

    Еми сега, како гледаме. Секој различно ќе ти каже. Еве девојката над мене ти вели оддалечи се посовреме.

    Јас ќе ти велам да ги разгледаш опциите за и против.

    Моите опции ЗА би биле :

    - Тоа што еве велиш дека си заљубена.
    - Слободно општество, кој што сака си прави.

    Моите против би биле :

    - Мислењето на твоите и нејзините родители.
    - Далечината.
    - Нашето општество.

    Не знам што да ти кажам, ако не ти е гајле за другите, терај си. Ако ти е убаво и нас ни е убаво. Подобро да давам коментар на вакви теми отколку да советувам девојки да го остават дечкото кој ги тепа. :)
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    заљубена сум во ист пол...

    Е така е, во нашава пуста Македонија само да се осудувало. Како се заљубила во девојче? Епа ете, љубовта не бира. Бог да чува. Срцушка, искрено јас не те осудувам. Прво осигурај се дали навистина ја сакаш, дали сакаш да бидеш со неа, па потоа одлучувај што и како. Ако и таа те сака, зошто да не бидете заедно? Факт е дека постојано ќе бидете осудувани поради тоа, но тоа е неизбежно. Јас не сум доволно компетентна да те советувам за вакви работи, бидејќи сепак имам 15 години, но тоа е мое мислење.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    заљубена сум во ист пол...

    Срцушка дека ќе наидеш на осудувања - ќе наидеш сигурно.
    Ти во себе треба да го најдеш одговорот, дали ќе ги потиснеш таквите чувства зашто се плашиш од осудувања, или ќе ги испочитуваш и ќе видиш каде ќе те однесат, без разлика на околината.
    Ако ти значи нешто - еве јас не те осудувам.

    Обострани ли се чувствата? Платонска љубов ли е или веќе отишло подалеку?
    Внимавај само да не си во заблуда и да не уплашиш девојка која другарски гледа на тебе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    .
    Ке ти го кажам истото ко и другите.Нема ни малку да ти биде лесно заради осудувањата од страна.Ко прво треба да знаеш дали љубовта е взаемна или е само минлива фаза.

    Кажи ни повеке за ова.

    Дали таа знае за твоите чуства
    Дали се возвратени?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Сигурна си дека ја сакаш ама онака,а не другарски?
    Можеби не си имала многу другарки вистински другарки,па сега ја запозна нејзе и си збунета.
    Има добри другарки,но има и некои кои стварно ти стануваат блиски и премногу ги сакаш.
    Ти сигурна си дека ја сакаш на оној начин?

    За осудувања,ќе има. Исмејувања ќе има. Оговарања ќе има. Нема да биде добро прифатени од страна на блиските-можеби...
    Но ако вистински ја сака,а и таа тебе бидете заедно. Не знам што да ти кажам...
    Лично сум против ова,но всушност сега сфаќам дека како што кажаа погоре љубовта не бира. Се случило,што да правиш. Со среќа во што и да одлучиш. :)
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас не те осудувам. И не мислам дека било кој треба да те осудува, затоа што љубовта не бира.

    И би те советувала некако да испиташ дали и таа чувствува нешто за тебе, пред се според тоа како се однесува спрема тебе, говорот на телото. Еве и самата кажуваш дека често се гледате. Ако и таа го чувствува истото, зошто да не бидете заедно ако тоа ве прави среќни.

    Осудувања од околината секако ќе има, веројатно си знаеш и самата, биди внимателна но обиди се.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Не осудувам и никогаш нема да осудувам.
    Најпрво осигурај се дали навистина тоа што го чувствуваш е љубов, или само силна другарска врска.
    Ако е љубов, провери дали девојчето го чувствува истото. Ако не, пробај да се оддалечиш, затоа што и двете ќе испаднете повредени. Ти затоа што ќе имаш невозвратена љубов и ќе ти биде само потешко, а таа ќе те гледа со други очи и мислам дека ќе сака да ги прекинете контактите.
    Ако и таа има исти чувства како тебе, тогаш go for it.
    Не се знае. Можеби по одреден период ќе сфатиш дека ова ти било само минлива фаза, а може ќе е она вистинското.
    Само со нашиов менталитет, ќе биде многу тешко
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако ти е тебе убаво, терај си. Иако морам да напоменам, такви ни се годините, па може малку те збуниле хормоните. Но ако мислиш дека е нешто повеќе, и тоа ти е возвратено, не гледам зошто би те интересирале мислењата на другите.

    Многу ми е криво што менталитетот ни е таков што им се дивиме на квази - лезбејки како Маја и Миа, колку се отворени и бесрамни и искрени и што уште не, а кога во секојдневниот живот ќе сретнеме некоја таква девојка, веднаш и се лепат етикети.

    Само напред.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    ее со нашиов менталитет не се иде никаде,сепак и двете го чувствуваме истото зошто ова не се случува од сега брзо туку од одамна,сепак сакав само мислење на оваа тема како размислуваат другите или пак има проблем и во мене, за ова досега не сум зборела со никој и несум побарала мислење од другарки зошто знам каков одговор ќе добијам од нив дека тоа не е во ред дека треба да формирам фамилија и ред други работи.....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mendence

    Mendence Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    ако те сака и она и ти сакај ја ии фатете се и готово...ако не ај чао има многу други женски и машки на планетава
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    :D хахаха ама убаво ми кажа Менденце алал да ти е-арно велиш ако се сакаме да бидеме заедно...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Едно нешто не ми е јасно! Ке се фатиш сега со неа ке одиш се ќе е најубавоо но кога ке ве дознаат од дома? Размислуваш за тоа? Ако не те подржат од дома како ке се справиш сама? А и зарем ти не сакаш деца-фамилија? Жива глупост од толку машки.... :fubar: :fubar:
     
    На srcuska18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Не паничи, не знам колку години имаш (мислам 18) , но без оглед на тоа - тоа е сосема нормално и не е страшно. За оние кои се неупатени, сексуалната ориентација не е болест и покрај бројните предрасуди и осудувачки мислења за луѓе кои не се хетеросексуално ориентирани. Пред се, важно е да се знае дека без разлика што се случува со тебе, не е ништо ненормално. Нормално е дека си станала конфузна околу својот сексуален идентитет моментално, бидејќи најверојатно до сега си имала хетеро-врски, а можно е да се работи и за чиста љубопитност која е лесно минлива и која се појавува во добата на пубертет или адолесценција, во обид да се одговори на прашањето „која сум?“
    Исто така е можно да ја откриеш својата потенцијална бисексуалност или можеби хомосексуалност и да најдеш начин да се прифатиш себе како нормално здрава единка со право на сопствени сексуални преференци.
    Ти посакувам среќа :hai:
     
    На Lolo5 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Во нашава ни мила Македонија, сигурно ќе наидеш на многу осудувања. Јас ќе ти кажам едно, ако си решена дека ја сакаш и она те сака тогаш бидете заедно, но да знаете дека нема да биде лесно прифатено од општеството и вашите родители, ќе наидете и на позитивни но и на многу негативни критики, н тоа е факт. Сеуште менталитетот кај нас македонците не е толку развиен за да се прифати нешто такво здраво за готово.
    И, уште треба да знаете дека деца, фамилија ( зборам за посвојување) и такви ствари, во ваква ситуација сепак не е пожелно затоа што колку и да ви е вас убаво, тоа дете ќе пати, сепак ова не е обична и нормална заедница. :!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Прво, Наташа ме нервираш! :!:
    Второ, жива глупост од толку машки ли најдов јас џелат да одберам? Па подобро со женско да си се спарев!
    Трето, секој кон себе треба да си поставува рестрикции, сите надворешни реакции се излишни.

    Инаку, да се задржам на темава, Срцушка18 ако си сигурна во твоите чувства, а воедно ако мислиш дека и таа нешто чувствува, искажи и ги. Ако за нејзините не си сигурна, да знаеш дека можеш и како другарка да ја изгубиш. Затоа размисли.
    Немам јас ништо против хомосексуалност. Тоа е за мене право на избор, што максимално го почитувам.
     
    На Lolo5 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    ама сепак со ваква врска нема иднина ке ти биде убаво некое време но сепак тоа мора некако да заврши заради сите околности околу тебе,џабе ќе биде љубовта-мора кога тогаш се да заврши...и искрено намерно ја почнав оваа тема зошто долго време барам слична ваква тема на сајтов и неможев да најдам па се осудив јас да почнам :) да видам кој како размислува на ваквата работа.Инаку сум во врска со девојкава и премногу ни е убаво се разбираме и двете и се почитуваме само мал проблем ни е далечината..ама до каде ќе оди оваа работа не знаеме и двете зошто се криеме од домашните и од другите околу нас зошто не е е сеедно секој еден да дознае за оваа работа па озборување бла бла..
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    срцушка лугето обожаваат да озборуваат.Имаат здодевен живот и затоа се занимаваат со другите.Не треба да ги слушаш што ке зборуваат,тоа си е твој живот,ти не живееш за нив туку за тебе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако ви е убаво, ако се сакате тогаш е во ред.
    Точно така, тоа си е твој живот и имаш право да го живееш како што сакаш, имаш право да бидеш среќна.
    Ти си знаеш што е најдобро за тебе. А луѓето секако ќе зборуваат и ќе осудуваат... Очигледно немаат попаметна работа. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.