babylove овошни кашички

Заљубена сум во личност од ист пол...

Дискусија во 'Канта' започната од srcuska18, 12 јули 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rakometarka13

    Rakometarka13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Jас имам 3 месечна врска со девојче. Инаку прв пат ми е, а едноставно се случи бидејќи сакав да видам од љубопитност како е. Првиот месец ни беше одличен иако имавме врска на далечина, меѓутоа после тоа ме изневери и верувај многу тешко се враќа доверба, затоа што сепак е девојче и не си единствена што си во врска со девојче. Можам да те советувам да пазиш и да не се препушташ целосно, бидејќи сепак и ние девојчињата знаеме да бидеме ѓубриња.
     
  2. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Епа да, тоа за изневерувањето е така. Сепак ти си на почеток, а јас долго време сум со неа, две години. Сме се карале, сме се изневерувале на почетокот и двете, но сега се се среди само многу ми е љубоморна и тоа премногу ме нервира, ама за сето тоа сум си самата крива. Исто и кај мене се започна од љубопитност и на крај стигна до две годишна врска, а тоа дека девојчињата сме ѓубриња е докажано. Ама сепак мислам дека подобро со девојче отколку со машко кое ќе ме искористува како што ми се случи пред да бидам во врска со девојче. Многу му верував, го искористи тоа, ја искористи мојата добрина и на крајот си замина.
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Светлосни години сме додека се прифати тоа кај нас ....
    Прво што си помислив е дека имаш некои 15-16 па сакаш да експериментираш не знеш што сакаш ... Но 2 години се многу :?: . Твоја работа е само мене искрено најмногу ме чуди како функционирате (секс ) на пример тука најмногу се гледа разликата ... Како и да е биди подготвена за вистински пекол твој живот а како таков ти решаваш како ќе го живееш.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Сите пишуваат абе ок си е ако се сакате бидете си заедно не осудуваме буквално во оној фазон не ми ми смета ама подалеку од мене и моите најбилски. |(

    Срцушка дека ќе бидеш озборувана и осудувана на тоа мораш да бидеш спремна па сепак ова е Македонија една педа земја каде што не е секојдневие да видиш две девојки на улица како се бакнуваат. Сеуште не сме толку напредни, а богами и модерни на таа појава да гледаме како нешто најнормални и најсекојдневно.

    Пред две години кога бев на одмор во истиот хотел имаше и две лезбејки и напочетокот и јас зјапав во нив и за мене тоа е најнормално прв пат во животов во живо сретнувам лезбејки! Со тек на време се навикнав и ми станаа најнормални како сите други парови во хотелот.

    А како што сфатив по твоите постови вие веќе сте во врска и ми интересира дали некој друг знае за вашата врска бидејки станува збор за релативно долга врска?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Ти сакаш ова јавно да го обелодениш, сите да знаат дека сте вие две во врска па не прашуваш за совет, мислење, или немаш таква намера?
    Сигурна си во себе и неа? Ако е да, тогаш ок, терај, но ако не си скрос начисто гледајте се уште некое време тајно па после одлучи...
    Секој може да те искористи и повреди, машко женско, не е битно...И ако еден или двајца те повредиле не значи дека треба да се откажеш од цел род...
     
  6. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    771
    од една страна не те осудувам.. па ако си заљубена во женско подобро да си среќна со неа отколку цел живот несреќно пробуваш да засакаш некое машко :) ..
    но од друга страна кога ќе се ставам во улога на твоите родители тоа за мене би било шок.. нормално дека кога би имала ќерка не би сакала да е лезбејка но ако тоа се случи ќе мора со голема мака да го прифатам тоа затоа што секој родител сака детето да му биде среќно.. така да кога твоите ќе дознаат нормално дека прво ќе им биде тешко да прифатат но кога ќе сватат дека таа те прави среќна ќе те подржат..

    инаку и мене ме интересира како ви функционира сексуалниот живот??

    што ако таа врска прерасне во нешто по озбилно??? што ако некогаш посакате да имате свои деца???
     
  7. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Секако дека ќе мора да се соочуваш со последиците чим си започнал со ваква работа. За нас знаат само неколку мои другрки, а една од нив исто така е со женско. Како функционираме со секс? Да, тука има разлика во „алатот“ но, сум имала односи и со машко и не сум се чувствувала толку опуштено, нема шанси да останеш бремена, а што е најважно можеш кога сакаш да имаш секс, но не и за време на циклусот. :) Ама и ваквите случаеви ги има многу, познавам многу луѓе со ваква врска, а имам разбрано дека во Скопје постои и таков кафич каде што излегуваат ваквите парови. И немам намера да ја обелоденам врската туку само ја почнав темата за да видам кој што мисли за ваквите врски.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Не,бре, не оправдувам врска со личност од ист пол,а камоли па брак. И не ме гајле дали Рики Мартин, Елтон Џон и куп познати личности се хомосексуалци. И не ми е јасно како може таа врска или брак да опстои.
    Ја осудувам ваквата врска, па кој што сака нека збори,мое мислење е тоа. И да се наоѓам овде или Америка,Африка или било кој дел од светот, моето мислење ќе остане непроменето.

    Едит:(офтопик) Оправдувате врска со личност од ист пол,а не оправдувате со личност од друга вера? Е, тоа неможам да го сфатам.
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.562
    Не те осудувам, љубовта кон ист пол е присутна кај луѓето уште од антиката ја има и кај другите видови ги осудувам оние квази научници кои ја сметаат за болест и извитопереност на сексуалниот нагон.

    Тетка од моја другарка беше во брак со хомосексуалец ама немаше поим мислеше дека е стрејт и потоа го фати со својот другар кај нив дома и следеше развод и огромно разочарување бидејќи човекот очигледно сакал да создаде идилична претстава за себе како семеен човек, а тајно да води двоен живот. Значи ова го осудувам вовлекување на други невини луѓе за создавање некој јавно одобрен имиџ и прикривање пред околина. Точно е дека кај нас уште постои крутост во прифаќањата на нешто надвор од конформистички зацртаното меѓутоа поединците ги прават промените, јас секогаш сум за љубовта само не знам колку сте вие решени да се борите за неа.
     
    На Lolo5 и srcuska18 им се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    8.081
    Пол:
    Женски
    Несакам да звучам грубо и глупаво ама ние можеме колку сакаме да ја употребуваме таа реченица дека секој има право на свое мислење, став т.е. секој има право на свој живот ! Ова е балкан и никогаш некои "несекојдневни" нешта нема да бидат прифатени! Сметам дека е правилно да се оддалечиш од личноста и да почнеш на некој начин да се убедуваш дека тоа што го чувствуваш не е љубов...дека само ти е драга! Звучи тешко, ама така мора да биде. Замисли го твојот живот со личност од ист пол (предности и недостатоци) и со личност од спотивниот пол...Јас сум за ова второво...искрено! :*
     
  11. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    33
    Мене ми е очигледно дека си се решила на ваков потег поради несреќниот крај што си го имала со бившиот дечко. Знам за многу случаеви што се разочарале така и помислиле дека личност од истиот пол им е посигурна варијанта, но во тој случај јас тоа не би го нарекла љубов.

    Убаво размисли, и се согласувам со коментарот некаде погоре, дека тоа што некој (еден или двајца) те повредиле, не значи дека треба да се разочараш целосно од родот, туку се тоа да ти послужи ко лекција и искуство за во иднина.

    Се уште си многу млада за да ти бараш ’трајна одлука’, но според моабетов (без разлика на сексот и двегодишната ’врска’) сепак не би рекла дека си лезбејка.
     
  12. srcuska18

    srcuska18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    па не е ова бас трајна одлука само сакав да видам какво мислење имаат другите за вакви работи...:)
     
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Можеби сум проста или можеби ќе речите не живеам во 21 век..но се разбира дека ги осудувам таквите врски...а и не само јас зошто кога има толкуууууу машки па ако си се изгорила од еден не значи да одиш со женско...мислам дека грешиш шо кога ќе научат твојте ќе се срамат од тебе...ќе те одрекнуваат од ќерка...кој ке биди машкото а кој женското во вашата врска..алооо чупе свести се....кај и да одиш ќе бидиш избркана и шо ако сватиш покасно дека си погрешила...веќе ќе биди касно...ако било за ваква врска господ ќе направел или само машки или само женски..па несакаш ти да станиш мајка..незнам размисли на овие работи паа одлучи шо понатаму..сепак тое твој живот...а ние сме овде само да ти дадеме совет..а ти си постапуваш како сакаш..но само пази...ако не си сигурна прекини со таа врска додека не е касно
     
  14. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    318
    Ќе кажам општо мислење.
    Лично не верувам во машко-женско пријателство (има нешто повеќе или ти се допаѓа физички, или има карактер кој те привлекува) , по тоа следи дека не верувам и во љубов меѓу лица од ист пол. Тоа е веќе пријателство.
    Не ги осудувам оние кои го прават тоа, едноставно не ги разбирам. Ни не сакам да ги разберам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.