1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубен во моја другарка

Дискусија во 'Сингл' започната од Tenkai, 19 јули 2010.

  1. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Со детето се „запознав“ на фејсбук, едноставно без причина тој ми пиша прв и почнавме да збориме. Секој ден зборевме на chat, се зезавме, се смеевме, секој ден! Еден ден се сретнавме, т.е. тој се знаеше со неколку мои другарки и пред тоа се имавме неколку пати видено, ама никогаш се немав запознаено со него. И еднаш се запознавме, т.е. он ме викна само што јас не можев да го препознаам. И од кога го видов се заљубив во него. Пред тоа само ми се сфиѓаше, затоа што имаше премногу убав карактер, а на фаца не беше ништо посебно, само симпатичен, ама карактерот го направи своето. А откако го видов премногу ми се засфиѓа и го засакав. Продолживме да зборуваме, се како да ми даваше лажна надеж, ми викаше срце, душо, ова-она, а после некое време дознав дека и понудил на една моја другарка ( не ми е премногу добра, ама сепак се дружиме, често заедно излегуваме ) и тоа дознав од неа, откако она дозна дека го сакам. Ми падна тешко, она ми кажа дека не и се сфиѓа, дека планира да размисли, ама мисли дека ќе му каже не, но долго време не му даде одговор, и бев сигурна дека ќе му каже „да“. Сакав да се помирам со тоа дека тие ќе се муваат, сакав да заборавам на него но не можев. Продолжив да зборам со него, но повеќе разговорот не ни беше како порано. Ако порано зборевме по цел ден и цела ноќ, сега зборувавме само пола саат и тоа за глупости. А еден ден ми раскажа се за таа што ја сака, јас побарав, уште толкава беља си направив. Ми раскажа колку ја сака, дека му е тешко зошто се уште го држи во неизвесност, дека мисли дека ќе го одбие, ако го одбие дека нема да се откаже, сфатив колку ја сака, но сепак не можев да се помирам со тоа. Ужасно се чувствував. Еден ден излегов со неа, зборевме на таа тема. Таа ми кажа дека не е нејзин тип, дека ќе му каже не, и дека и е криво за целата ситуација, но сепак се уште му нема кажано одговор. Веќе не знам што да мислам, што да правам, на кого да му верувам. Малку ме нервира што се уште не му одговорила, пред се ми е жал за детето, и самото ми кажа дека имал уште две-три понуди од девојчиња што му понудиле, а тој сепак ги одбил заради неа, а таа си игра со него. Не знам, многу ми е тешко кога него го гледам како пати, го гледам натажен, одбегнува да зборува за љубов, а таа наоколу шета-среќна, сакајќи некој друг, а тој што неа ја сака-го повредува. Не сакам да се мешам, но некој ден осеќам дека ќе експлодирам, и дека ќе ја навредам, а не сакам да се карам со неа заради машко. Така да не знам веќе што да правам, дали да се откажам, или да се борам за некој што ја сака мојата другарка? Совет ве молам!
     
  2. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    45
    Кратко и јасно: Бори се за некој што ја сака твојата другарка... ќе му помине со тек на време, па можеш ти да настапиш... па нели не е нејзин тип? значи нема да се карате заради машко ;)
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    :clap:
    Секако дека не смее со другарка да се скараш за еден дечко, па не е еден на свет. Според мене мислам да почекаш да видиш како ќе стојат работите, дали она ќе го одбие ,или не. Но сепак и не треба толку да го мислиш, не е само еден на планетава,или пак во Македонија.
    и јас пред година две ќе засвиѓам некој и го мислев цела година. Но ако малце се забавуваш, и подзаборавиш на него, (т.е. не да подзаборавиш него да заборавиш) тешко ќе ти биде но и без него ќе ти биде поубаво. Нема смисла, ја сака денес другаркати,а не ни претпоставува дека ти го сакаш.. Чим ја сака другарка ти, значи не ти треба.
    Мое мислење е да го заборавиш. ;) Полесно ќе ти биде.
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Фала за мислењата. :)
    Инаку не се караме, туку баш се зезаме поради тоа, но сепак страв ми е да не и кажам нешто погрешно.
     
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    ^^^ Биди си своја, и најотворена, кажи и се што мислиш во лице, што и се замараш ;)
     
  6. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    Немој да се плашиш од тоа што би и го кажала ... јас неможам да поднесам нешто да го чувам во себе може ке трпам 3 до 4 дена но накрај кажувам у фаца ... кога тогаш ке пукнеш едноставно и затоа подобро е да и го кажеш тоа што го мислиш отколку да го чуваш тоа во себе и тебе ке ти биде потешко а и нејзе може да ја повредиш ако чекаш до моментот додека не пукнеш ... поздрав и што и да одлучиш да направиш Среќно.. :*
     
  7. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Фала, прееска се слушнавме и и кажав дека имам нешто битно да и кажам и утре ќе се видиме :). Се надевам дека нема да ја навредам, сепак не сакам да ја изгубам како другарка. :?:
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    ^^^ и ? што направи ? :)
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Ништо, разговарав со неа и она реши дека не сака да има ништо со него, му кажа дека сака само пријатели да бидат и тоа останаа. :)
     
  10. marieheart

    marieheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    По одвратно чувство од ова не постои , навистина... Го имам осетено на моја кожа, и на никој не му посакувам да го искуси...
     
  11. frc28

    frc28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас имам една интересна случка. :) Со типот само зборевме на нет и онака чисто најдругарски. Кога ќе се видовме само на едно здраво бевме. Ама имам една другарка и кога и да прочиташе што имаме зборено ме убедуваше дека ми се пушта и зошто да не почнам и јас да флертувам со него. И така таа ми го испра некако мозокот и типот започна да ми се допаѓа. Започнав да го гледам со различни очи. Летово воопшто не се гледавме, бидејќи различен период бевме на одмор и беше многу тапа. И со истата другарка се видовме и и кажував дека повеќе не ми се допаѓа, не знам што, и таа почна нешто да ми кажува како започнала да си прави муабет со него, како бил срцка, не знам што, ја викнал на кафе.. И сега значи истите фори што ми ги правеше он, почна и на нејзе да и ги прави. И ми кажуваше демек он така си зборел со секого. Јас :fubar:. Ај нема врска, да скратам. Се виделе една вечер и он почнал да и се пушта и она за да го оттргне, му кажала дека на мене ми се допаѓа. И он секако бил многу изненаден и што е најтрагично, истата вечер се видовме и беше многу ладен. Јас пукнав и му пишав на мсн се испокаравме, му кажав дека веќе не го гледам како ништо, ни како другар, ни како нешто повеќе, па он и се ставил на другарка ми и катастрофа. И со другарка ми не зборевме цела недела, а со него се уште не зборам. Ај да ми пишеше ќе му вратев, ќе му се извенев и се, ама ништо. Сме се виделе само еднаш од тогаш и само да се поздрави и со отиде. А со другарка ми си зборат и се и сега ми е криво, бидејќи сакам барем како другар да го зачувам. Што да правам? Да му пишам или .. ?
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    АКО ОВА МИ СЕ СЛУЧИ МЕНЕ.....ПРЕД ОЧИ ДА НЕ МИ ИЗЛАГААТ ОТИ ЕНЗНАМ ШТО МОЖАМДА И НАПРАВАМ..
     
  13. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.242
    Пол:
    Женски
    Vednas otkaci.go