1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За Андреј Стојанов !!!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Afrodite¥, 18 ноември 2017.

  1. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Дечки време е повторно да се активираме !! Андреј чека да му помогнеме :)

    Поради повредите кои што ги добил при раѓањето Андреј останал неподвижен и има церебрална парализа. Живее со мајка му која што се грижи за него од пензијата на нејзиниот починат маж, таткото на Андреј, која што е минимална. Меѓутоа, неговиот хендикеп е само телесен, не и ментален. Неговата мајка вели дека Андреј е интелигентно момче, кое што има голема желба да студира. Дури знае и да работи на компјутер :)
    Преку некои познаници дознала за испитувања и третмани кои што се примаат и вршат во клиника во Русија, а кои квалитетот на животот на Андреј можат да го подобрат и до 75%, за да може барем малку самостојно да функционира.
    Почетниот третман кој што трае 21 ден, а во кој што спаѓа физикална терапија, испитувања- за да се види до кој степен се оштетени мускулите на телото, земање на матичните клетки, регенерирање и потоа враќање на истите во телото на Андреј, чини 22 000 евра. Но, тоа е само една терапија. Во зависност од начинот на кој што телото на Андреј ќе реагира на тие клетки, може да се јави потреба за уште неколку терапии, секоја со слична сума, со некои дополнителни трошоци. Временскиот период помеѓу тие терапии треба да биде 3-4 месеци. Секако, поради немање на финансиски средства може и да се пролонгира, меѓутоа ефектот на терапиите не би бил ист.

    Неговата мајка апелира до сите хумани луѓе да помогнат колку можат, се' со цел Андреј да почне со лекувањето.


    Донирајте со повик на:
    Телеком- 070 143-110 и
    ВИП - 143-483 ( без префикс)


    Сметката за донации за Андреј
    210-700000623361- Тутунска банка

    Дечки, на овој линк можете да го погледнете интервјуто со мајката на Андреј, која што детално објаснува за лекувањето во Русија.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.