За Борче!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од annii, 26 октомври 2017.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.006
    Допаѓања:
    4.300
    Борче има 16 години и боледува од Бета таласемија која е ретка генетска болест.

    Во прилог го копирам постот од неговиот брат:
    Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство.
    Јас ќе бидам неговиот донатор (со идентична совпадливост) но, на мене и на мојата фамилија ни е потребна огромна сума на пари за да се излечи и затоа без Вашата хуманост ние не можеме да го оствариме лекувањето.
    Со еден повик на следниве два броја Вие ќе донирате 100 ден. од еден повик а за нас ќе значи многу!
    Ве молам да му помогнеме на мојот брат и да му дадеме шанса за нов живот!

    Ве молам Споделете и Ви благодариме од се СРЦЕ [​IMG]<3 !!!

    Жиро сметка: 300001000024834
    T-Mobile: 070/143-103
    VIP & ONE: 143-473 (без префикс)
     
    На Lejla8, stevemila, friendy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.006
    Допаѓања:
    4.300
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.121
    Допаѓања:
    123.682
    Пол:
    Женски
    Дечки ве молам донирајте! Детево е другар на блиска другарка и сега биле у план и акции за собирање пари низ средни школи и основни дури да се собираат ама не знам колку ќе успеат да го исполнат планот.
    Донирајте, детево бил голем борец, тие 100 денари за некого вредат многу! :)
     
    На Lejla8, stevemila, friendy и 5 други им се допаѓа ова.
  4. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    6.706
    Пол:
    Машки
    So vashata donacija go poddrzuvate lekuvanjeto na Borce Jovanovski. Od se srce vi blagodarime. Vkupnata cena na povik e 100 denari.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да отворам тема, веќе има :)

    Детето учи со мене, тој е едно прекрасно момче, најдобриот пријател, да му помогнеме!
    Денес бев во моето основно училиште и со цело срце ќе организираат хуманитарна акција.
    Исто така, во недела во 21:30 ве поканувам да дојдете во Бар ОК во Илинден, влезница 50 денари, сите пари ќе одат на сметка за Борче.

    Борче е еден ангел, да не го изгубиме, да бидеме хумани :hug:
     
    На Lejla8, stevemila, friendy и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    797
    Донирајте колку можете, споделувајте на СИТЕ што ги знаете и што не ги знаете дајте да помогнеме заедно. Стварно на детево му е потребна помош, капка по капка да собереме да направиме се што можеме. Ајде да си ја покажеме сите уште еднаш хуманоста на дело.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    104.980
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам колку само се мачат дечињата со оваа болест во нашата држава.
    Никакви услови,недоволно лекови кои не се на време,крајно безобеазен персонал на одделот детска хематологија,несовесни и неодговорни лекари,секоја чест на исклучоци.

    Да не дозволиме ова детенце да остане во нивни раце.
    Ако неможат институциите да можеме ние.


    Ке се најде ли еднаш човек кадарен да го среди здравството и воопшто животот во нашата држава.
     
    На Meckicja, Victorian, Lejla8 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    12.609
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Собрани се околку 50 000 евра, а потребни се 127 700 евра. Оптимисти сме дека ќе собереме довоно до крајот на годинава, во клас разговараме за наредни хуманитарни акции па ќе видиме.

    БРОЕВИТЕ ЗА ДОНАЦИИ СЕ ЗАТВАРААТ НА 20 НОЕМВРИ.
     
    На Meckicja, Victorian, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    37.110
    Пол:
    Машки
    Сигурна си? Бидејќи за девојчето Валерија 40 илјади евра се собраа во рок од 24 часа, а за Борче 50 илјади евра за месец дена... Со хуманитарни настани, акции... Мислев дека бар до 100 илјади се собрани. И не ми е јасно зошто утре се затвораат броевите за јавување?
     
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Сигурни се информациите. Борче учи со мене, не' известува за се'. За Валерија ако не се лажам и фондот покри нешто :?:
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.626
    Допаѓања:
    135.185
    https://www.facebook.com/events/331376134004174/

    Натпреварот од СЕХА Газпром лига, кој воедно е последен меч за Вардар пред домашната публика во 2017 година, ќе има и хуманитарен карактер.

    Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски, роден 15.08.2001, кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Шеснаесетгодишниот Борче боледува од ретка генетска болест Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

    Цената на билетите е 50 денари. Истите може да се купат преку продажната мрежа на wwwticketplus.mk.

    На влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски.



    9-ти ДЕКЕМВРИ:!:
     
    На Lejla8, ЕДНА убавица, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.402
    Пол:
    Женски
    НЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ БРОЕВИТЕ ЗА ДОНАЦИИ!:)
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.402
    Пол:
    Женски
    Да не даде Бог никому да тропа по тие врати.
    Во последно време се мислам и си велам, па секој втор човек во државава вози нов или луксузен автомобил, народот по кафулиња, ручеци и вечери по ресторани, одмори по Сејшели и незнам каде не, а здравството дно на дното и пониско.
    Или некој во државава се полни и не плаќа даноци или пак парите од даноците завршуваат на погрешни места. Толку луксуз од една страна, од друга страна беда. Немам збор. :x
    Па нема можност секој да се лекува во приватни клиники. И зошто да одам на приватно кога тие услови треба да ги имам на државно?
     
    На Lejla8 и galapce им се допаѓа ова.
  15. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Да знам, но тој ден ни ја кажаа информацијата сакав да ја споделам :)
     
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.402
    Пол:
    Женски
    Нема врска што било како било. Важно е дека броевите се сеуште отворени за донации.:)
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    12.609
    @srhsejbsk Како е Борче, и дали знаете уште колку средства фалат? Го мислам детево нон стоп, се надевам дека ќе се собере се што е потребно.
     
    На galapce, srhsejbsk и Ketchup им се допаѓа ова.
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Па добар е. Редовно оди да прима крв, тоа многу го исцрпува. Доаѓа и во школо, весел си е секој ден, учи редовно, едноставно е полн со живот.
    Не се срами да зборува отворено за неговата состојба пред нас и многу се радува на нашата ангажираност.
    За парите го немаме прашано од последниот пат кога пишав тука.

    Не знам дали видовте на фб, неговиот брат имаше постирано дека поликлиниката за очни болести "Ophthalmos" ќе донира 50% од прегледите и други медицински интервенции со цел да се соберат средства за лекување на Борче.

    Дел од моите соученички отидоа и до големите фирми да побараат помош, оставија податоци за телефони и жиро сметка ама немаме информација колку од нив донирале нешто :?:
     
    На Victorian, Tanja03, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Борче за некое време ќе замине на лекувањ во Германија. Успеавме :l::l:
    Првично беше да се лекува во Италија, но се промени планот.
    Главно, го доби решениетo и сега чекаме да кажат точен датум на заминување :clap:

    Благодариме на сите што помогнаа :hug:
     
    На melnicanecot, Bozica1980, Albertos и 6 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    104.980
    Пол:
    Женски
    :hug: со лесно да ми биде.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.