Абе заболекар за пари ке те промени! Али знаеш, чим ти е здрав, носи нешто како мобилна протеза може ке ти помогне. А за да го мењаш, немој, пошто да може, али не е ваљда на шеста страна отиден па да се приметува толку. Во тој случај консултирај се со заболекар, па види шо како
драги феминки сакам да ве прашам нешто во врска со забите: долните ми се ок, но горните двата кецојте ми се искривени малце и едниот ми е скршен. би ве замолила доколку можете да ми помогнете дали мора да ставам фиксна протеза или може некако на друг начин да се исправат?
нема друг начин освен протеза освен сега ако не има некоја врвна технологија да речам за одма да ти ги исправат но можам да замислам колку е скапо јас кога бев малечка носев имам носено 2 обични и 1фиксна протеза забите ми беа мн.раздалечени зато сега ми се наредени под конец и многу си ги сакам само имам еден проблем бидејќи немам никаков простор помеѓу почнаа да ми се расипуваат почесто ама забарите све трпат
Јас сакам да си прашам нешто, па ако некој би знаел да ми одговори би му била благодарна Немам некој проблем со забите мислам не ми се совршени ама страшно сакам порцеланскиисти бели заби Дали некој знае како се движат по заб цените и кај некој добар стоматолог? Некој што има искуство...
Вака дати кажам пред месец деена јас си наместив полу порцелански на кецот лево бидеќи имав потреба од тоа, забот ми беше мртов крив и пожолтен.. полу порцелански заб чини 1200 денари а целоосно порцелански чини дупло т.е 2400 И оваа цена е иста кај сите стоматолози во Прилеп А разликата меѓу овие два зааба е во тоа што полупорцеланскиот заб изгледа совршено само од предната страна а од задната е како огледалце значи не е бело туку некоја металик боја, а целосно порцеланскиот заб од двете страни има чисто бела боја
Фала ти , најверојатно тука негде се цените и во Ск можда малку поскапи . Се на се еден куп пари за сите да се сменат треба
епа вака....и јас си имам еден проблем...имам 18 години и до пред некој ден си имав едно млечно забче (тројка горе) и го извадив со надеж дека ќе ми порасне новиот затоа што со снимка утврдивме дека е присутен горе...но стоматолог ми рече дека можно било да не ми порасне па да треба со протеза да ми го спуштаат...но само кога ке помислам на тоа и се ежам, подобро би ставила нов заб порцелански отколку да носам протеза...па сега сакам да слушнам мисленје ваше...дали би пораснал и за колку време би дал некој знак(ако расте) од прилика.......
Сам нема да порасне, мора да се стимулира. И јас вадев млечен заб на 18 години, горна тројка, бев на операција за ослободување на тројката од коската и после тоа носев мобилен апарат - за година дена ми се исправи забот, и сега сите ми се на број. Со фиксен апарат ќе оди побрзо.
Мораш да примаш прво антибиотик да се симне отокот.Доколку има потреба забарот може да го "изврти" малку забот да истече гнојот.Во секој случај со оток нема шанса да те работат.
немам горна тројка и сега сакам да ставам вештачки заб. колку би бил траен ? дали добро би изгледал, што мислите вие? некако страв ме фака
секако дека треба на стоматолог. да отидеме, ма некое искуство ако се може .. кај керка ми која има 6 годинки.. ги смени долните две запчинја но .. пред некој ден забележав флекичка.. на нив како пожолти.. нз. дали е некој недостакот на исхрана .. ја одведов на стоматолог но рекоа дека не е кариес. оставивме да израснат убаво.. но ме фака страв од што може да биде ги миеме . по 2 пати дневно некогаш и 3. во зависност .. дали јаде повекето чоколадо.. .. дали треба флуор. или нз што за појачуванје на забите ако не е доцна.. нз. јас имма убави заби.. бели постарата керка исто и таа. бели убави.. само кај мажот ми неккао. се.. по жолти ама тој е пушач за да биде наследно Ч? Ч!. ке ве молам за некое искуство
Девојки,сакав да се консултирам со вас. Вака, имам здрави заби но предните 2 заба ми се криви и големи.Носам мобилна протеза и би требало да се исправат. Но што да правам со големината? Млада сум и не сакам да имам големи и ружни заби. Дајте некој совет ако е можно некако да се намалат но без вадење па ставање вештачки. ТОА НИКАКО. Тие што имаат проблеми слични како мојот знаат како е!
оо да...знаеме... Спојлер како зајаче или глувче (без навреда) имам во близина и знам како изгледа... сепак ако треба нешто друго ќе нагласуваш за да не доаѓат до израз
Вака имам еден млечен заб и сега малце ми се клати.Дали да го извадам? И за колку време ќе ми порасне?