Девојки, пред три дена извадив петка со голем корен. Ми препишаа алмацин за да не ми отече местото. Но, еве веќе трети ден откако го извадив забот, а мене уште ме боли, ми лупа. Испив досега 8 капсули алмацин, ама ништо. Нормално е да ме боли местото веќе три дена?
девојки, знае некој колку чини поправка на горна скршена единица, некое искуство, препорака на ординација и сл...... фала однапред
Утре треба да одам на заболекар. Петката на долната вилица, од десно треба да ја вадам. Забот веќе се клати, докторкава само да го повлече. Незнам зошто но, имам некаков страв со забов. Порано имав проблеми со шеската на левата страна, но откако го извадив се чувствувам слободно и без болки. Е сега, откако почна да се клати овој заб, премногу боли, а со него не сум имала проблеми воопшто. И сега сум многу скептична. Незнам ни зошто е болкава. Немам ништо што би ме болело. Малку е црн, но тоа е трипати помалку од. претходниов заб. Дури и главата ме заболува од него. Ужас... Зошто ме боли? Има ли причина да се плашам?
Дечки имам 13 години и имам страшни проблеми со забите.Долу сите се многу стуткани и искривени а горе еден заб неможе да ми порасне бидејќи нема место,се плашам дека ќе испадне таму горе.Е сега јас се консултирав со мојот доктор и тој ме прати во Штип кај една докторка.Извадив се упот,баш денес требаше да одам со татко ми и тој сега ми вели немало автобус за Штип имало во 12.30 а мојот преглед е во 12.00 часот.Знам дека имаме роднини што можат да не однесат во Штип а тато не се интересира за ништо.Веќе незнам што да правам имам ужасна насмевка изгледам како зајак
А ја па што да правам Значи во септември уште требаше да ставам протези,зашто горните 2 заба ми се раздвоени ко воз да ми поминал меѓу нив И отидов у септември,ми вика тој неможе сега да ти се стават протези имаш изместување на забите (wtf ) и после требаше во маарт,ама во март почнаа 8миците да ми растат и не бев сигурна дали може да се стават протези на уште не доизлезени заби,и отидов и ми рекоа да чекам да ми искочат 8миците и ми рекоа дека најверојатно на крај на јуни треба да ставам.И сеа којзнае што ке искочи значи како што гледам ја на 50 години ке ставам протези и на 60 ке бидам со совршена насмевка
Здраво девојки ! Гледав во предходниве мислења има некои цени прикажано за порцелански коронки/навлаки што и да се, ама тоа од пред 2 години. Дали некој знае да ми каже моментално какви се цените за такви услуги кај стоматолозите низ Скопје,некој што скоро имал таква интервенција? Мојот стоматолог упорно ме убедува да не ги чепкам и да ги цувам колку можам,и во право е но јас имам ситни и збиени заби и генерално многу често ми се расипуваат.Веке ми е преку глава секој месец да сум на стоматолог,и што е најтрагично горните 4 заба (kкецови и двојки) ми се најкритични и јас мислам дека веќе не ми остана заб ! цели ми се со лепенки од пломби на секое ќошенце а и почнаа да ми прават проблем па почнуваат и другите да ми се расипуваат бидејќи се блиску,а ми се расипуваат најчесто од предната страна и тоа поцнувајки од горе од под непцето...и дали тоа што се склони така да ми се расипуваат би било проблем за порцелански коронки? Ве молам ако може некој да ми даде совет затоа што така неможам да се шетам,пари испофрлав за секој месец пак да сум на столче,едно затни друго отвори се работава Или пак ја замолувам Annath да ми даде некој совет и предлог стоматолог. Ви Благодарам
^^ Од 50 евра до 200 евра како најскапа варијанта од заб. Мислам дека за предни заби не треба да се штеди, нормално ако можеш да си дозволиш. Пиши ми ЛП ќе ти објаснам сè што те интересира.
Исто и моите се прави ко конец, а 3та од десната страна ми штрчи и е погоре а 2та до него е навлезена навнатре. Носев две мобилни протези ама одвратни ми станаа наутро мирисаа лошо и ѓи отарасив и па ми е крив забот.
Дали поради криви единици и двојки здрави би ставиле навлаки? Протези во никој случај не би носела, ве молам за помош и совет. Фала.
Devojki imav nekolku zabi za popravka periodot gi napraviv i ie sto mi bea praveni gi prepravam,bidejki ne bea kvalitetni i momentalno odam vo mala poliklinika specijalisti za zabi sto se od toa sto go imat napraveno do sega sum mn.zadovolna zabite ne se ni poznavat deka se praveni inaku mn si gi sakam ubavo mi se naredeni pravi i opsednata sum da mi se sredeni,e sega rabotata e sto na 3 zabi zivcite mi se umrtveni i poradi toa imat malku potemnato,doktorkata mi rece deka mora da stavame koronki neznam kako izgledat ili kolku kostat iskustva?
Дечки дали некој од вас има искуство со мртов преден заб и потемен нели , и дали имате ставено коронка или композитна пломба некаква?