1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За колку време се обликува телото?

Дискусија во 'Фитнес' започната од lolitaa, 28 февруари 2010.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ќе те послушам и за вежбите и за јогуртчето инаку омилено ми е и сега ќе почнам почесто да го пијам благодарам многу :*
    Инаку сакам уште од мала да си оформам тело зошто после несакам да бидам слоница и да се мачам бидејќи гледам имате проблеми а и малце повеќе активност никому не би му сметало нели ?? :*
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    па тоа е кај сите различно некаде одприлика за 3 месеци а ако сакаш долготрајно тоа е секако повеке време....
     
  3. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Девојки да прашам за совет значи прилично сум слабичка,имам 57 кг и 1,76 сум висока
    и сакам да се затегнам,со какви вежби да почнам и кој начин на исхрана би ми го препорачале???
     
  4. saint100

    saint100 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    2-3 месеци минимум
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    По редовно правени стомачни секој ден по 60-80, по колку време би имало ефект и колкав?
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Стомакот се средува со исхрана и со кардио тренинзи. Стомачните вежби се само јаготка на шлагот (читај -споредни).


    Инаку, временскиот интервал за колку време ќе го обликувате вашето тело зависи од неколку фактори.

    -Исхраната.
    -Кардио третманот
    -Тежина на вежбите
    -И според мене најбитното-стажот во вежбање. Јас професионално вежбам веќе 5 год и да-имам периоди кога си дозволувам да се запуштам и опуштам во исхраната. Но многу брзо се враќам во форма-за 2 недели знам да симнам НА ЗДРАВ начин и со вежби многу на тежина. Стомачните ги вадам за 1 месец, додека пак некои девојки што имале почист стомак од мене повеке време би им одземало баш ради тоа-стажот и искуството. Телото се навикнува на спортски живот, затоа мене ми е полесно. Без гладување и без измачување на организмот. Додека пак кај девојките кои немале некое искуство во вежбање секогаш оди поспоро.
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    4 месеци
    ама ако вежбаш навистина многу активно
     
  8. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
  9. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Темата мислам за тука е ..Ептен сум разочарена.Веќе ова ми е трета недела од кога сум на диета.Станувам покасно јадам мусли и млеко,после салата само,пијам едно големо шише вода на ден и многу вежбам а немам резултати.Значи се отепувам вежбајќи...На орбитрекот вежбам плус со тегови.Порано уште втората недела резултати имав а сега не знам што е проблемот.Дали можно е зошто последните месеци се поправив па потешко ги губам.Бев 60 кила секогаш сега сум 66...Ми се иде да се откажам,зошто немам резултати во што ми е проблемот
     
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Нели си размислуваш што може да се деси ако не се откажеш? :D Мој совет ти е да продолжиш. Мусли и салата не ти е дволна храна за цел ден
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Колку калории отприлика внесуваш дневно?
     
  12. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Па точно не знам колку...Мусли млеко отприлика во еден или два часот јадам,после во пет часот таму некаде една салата и толку.Не знам колку ќе дојдат.
     
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Не ви го следам муабетот, онака рандом се уфрлив во темава, ама според мене ова се многу малку калории. И за одржување и за намалување и за зголемување на тежина. Земи го ова како совет од некој што се обидува да ја намали тежината преку секојдневно следење на внес на калории и вежбање. Би ти препорачала некој од онлајн калкулаторите каде можеш да си пресметаш колку калории ти требаат врз база на тоа која ти е целта, пол, возраст, висина, тежина, физичка активност и сл. и после преку апликација да си ги следиш.
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Тоа не се ни илјада. А за основни метаболички функции во текот на денот на телото му се потребни минимум 1000 калории.
    Кога не јадеш доволно, одреден период не можеш да ослабеш баш затоа што внесуваш малку калории и телото ги складира наместо да ги троши. По некое време ќе почнеш да слабееш, ама нема воопшто да се осеќаш убаво и здраво ако тераш вака.
    Наместо мусли наутро можеш варени јајца на пример, за ручек со салатата додај парче месо или варен зеленчук и плус и вечерај.
    Со убаво испланиран ден можеш да се осеќаш ем сита, ем здрава и да слабееш.
    Јас на пример дневно внесувам 1200- 1400 калории со една програма која ја имам и веќе втората недела имав резултати.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што јас не јадам се,месо не јадам и други некои работи
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Од која причина?
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Треба да внесуваш минимум 1500 калории
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Па гадно ми е месото...цел живот не го јадам а и овошје не јадам..
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Океј, не мора месо, ама зеленчук и овошје да. Со салата само не правиш ништо.
     
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Во денот треба да имаш три оброци и можеш меѓу ручек и вечера да каснеш нешто како ужина. Јади нормално само да не јадеш: зејтин обичен, бел шеќер,грицки,чоколади. Леб само црн по можност тонус ,вода 2л дневно
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.