Ќе почнам овошје да јадам веќе се одлучив..ќе пробам барем..А инаку во денот колку пати да внесувам исхрана
Три главни оброци и ужина една или двапати измеѓу. Мене ми се случува некогаш и двапати да јадам ако сум уште сита од ручекот. Значи ниту се прејадувај, ниту се прегладнувај
Обично се препорачува да се вежба два саати после последен оброк. Никако не се вежба тазе најаден оти многу лесно може да ти се слоши и да повратиш. Ја имам направено таа грешка После вежбање ако не сум грешка се препорачува нешто протеинско.
Види има милион вегани и вегетаријанци што преживуваат без месо и други продукти од животинско потекло ама сепак се исхрануваат здраво. Не мора да јадеш месо ако не сакаш, ама имаш многу избор на намирници што можеш да ги јадеш за да не мора да се изгладнуваш себеси.
Јас би рекла некоја комбинација на протеини за да им помогнеш на мускулите да заздрават но и јаглехидрати за да си ја обновиш енергијата.
Јас пиам и Л-карнитин што се пијат после јадење и после пола саат почнувам да вежбам зошто така треба со тие апчиња
На овој начин и да ослабнеш, пак ќе ги вратиш килограмите. Почни да стануваш порано, муслите со млеко на сабајле замени ги со овесна каша и овошје, или овес со јогурт, или црн леб со хумус/урда/авокадо итн итн, има безброј опции. Потоа ништо не правиш само со салата, воведи јајца, печурки, грав, ориз, наут, млечни производи ( од типот на сирење, урда, кисело млеко, никако кашкавал или зденки). Можеш да грицкаш и јатки како ужинка до 50 грама дневно. Ако не јадеш овошје, пробај направи си смути, може во тој облик ќе ти се допадне. И никако откажување, ако се откажеш па ич нема да имаш резултати.
@Sanya20 Прво да ти кажам од лично искуство со вежбањето и слабеењето сватив дека не треба да се гледа многу на вагата или да се прават притисоци и непотребни стресови заради дебелината. И јас така претходно бев убедена дека ништо не ми помага ама откако си го одржав ветувањето дека ќе можам да успеам и не ми претставува сега веќе проблем да вежбам. И самиот организам ми се навикна на малку хранење и во внимавањето на тоа што јадам. Веројатно е поради што бев упорна во вежбањето и вежбав редовно и примав добри совети од луѓе што се спортски активни и од видеа на Youtube за здрава храна и за вежбање. Ќе треба само да оставиш повеќе време да ја одржуваш диеталната исхрана. Сега ќе ти го кажам мојот распоред и ќе ти кажам некои совети кои ако сакаш можеш да ги примениш. Не е добро да се откажиш, дека баш овај период не ќе можеш да се избориш со прекумерната килажа ако се откажиш. Јас не дека сум некоја спортистка ако ослабев и сега знам да делам совети, ама убаво е да го споделам моето мислење. Најпрво грешка ти е што покасно стануваш, сега незнам кое време ти стануваш. Ама треба да е најкасно до 9 и треба да спиеш 8-9 часа. Намести си го алармот и разбуди се. И ако легнеш покасно, на пример во 12 саатот или било кога не е важно утрото дали е 12 или повеќе, ама ти препорачувам да гледаш кога се поминати 8 саати и тогаш да се разбудиш. Важен е поручекот. Најмногу ќе те држи во текот на денот. Јади јајца, мусли. Пиј кафе без шеќер после поручек или зелен чај. После касни си овошје за ужинка. Вежбај секој ден дома. Вежбај аеробик има видеа на интернет. Пиј вода по 1,5 литри на ден. Можеш и 100% цеден сок да пиеш. Џвакај мастика ама од онаа со ментол, има можеби шеќери ама нема да ти се јаде после долго време. После имај си некоја активност или хоби. Вози велосипед кога имаш прилика или пешачи по 15 минути. За ручек јади салата, ориз, туна, варен компир и јаткасти плодови. За втора ужинка ако сакаш прикасни некое овошје или суво грозје. Не прескокнувај ја вечерата. Јади ја најкасно до 9 саатот. Јади нешто брзо што се јаде. На пример.1 леб со путер, чиа пудинг ако јадеш, смути, овесни галети. Не јади ја вечерата ако за ручекот имаш јадено повеќе. Користи маслиново масло и готви што е можно повеќе со здрави состојки. Нема да имаш гајле ако се прејадеш, сепак знаеш дека се храниш здраво и од здравата храна не се дебелее. Со диета не е секогаш убаво да се слабее. Хроно исхраната можеш да ја почниш, таа е ефикасна и добра ако можеш да издржиш и ако не ти се брза во слабеењето. И неможеш толку лесно за 2 недели да ослабиш, освен ако се прегладнуваш. Овај начин на исхрана мене ми помогна да успеам + редовно вежбање како ти одговара или наутро или навечер. Ако сакаш да имаш убаво обликовано тело како што си имала треба да поминат 2 месеци и зависи од колку што сакаш килограми да изгубиш. Постојано треба да ја одржуваш исхраната. Иако и јас како тебе се надевав дека ќе ослабам за многу кратко време, ама многу имав негативни чувства како нерасположена делував и така се решив да слабеам на нормален начин, без прескокнување некој оброк.
Мусли во 100гр имаш 70гр. хидрати од кој 50гр се шеќер. На сабајле се јади варени јајца а не мусли со млеко. доручек 5варени белки, 1 чаша јогурд со 2 лепчина на тостер. Помеѓу оброк една банана. Ручек пилешки стек со салата. 2 сати после ручекот тренираш прво со тегој и после едно пола сат на орбитрек. Одма одкако ќе довежбаш, 20гр декстроза и за пола сат уште еден оброк ориз со пилешки стек или тестенина со пилешко. Пред тренинг нејади хидрати. Кога немаш хидрати, инсулинот е смирен и телото започнува да ги троши телесните масти поправо мастите ги претвора во енергија за време на физичка активност. Една недела -1кг е доволно а кај некој можи и две недели - 1кг. Броење калори, калориски суфицит, дефицит се тоа батали, губење време. Дневно бројш само грамажа на храната и грамажа на протеини, хидрати и масти. Се што има шеќери избегавај. мусли, овез со вкус, кафе со шеќер, избегавај многу овошје, благо, бомбони, грицки.... На сабајле гледај да внесиш протеини и масти, пред тренинг протеини и масти а после тренинг протеини и хидрати. Пред спиење грчки јогурд со дробен лешник, кикира, бадем, фстак со било шо, то шо имаш. Омега3 во комбинациа со чист магнезиум пред спиење обавезно. Секоја мускулна партиа тренираја мах. 2пати неделно за да можи мускулот да се опорави.
Eve i jas, edna nedela otkako pochnav so vezhbanje. Eve vaka kasno vezhbam, ama od utre reshiv da si vezhbam posle doruchekot, po 2 saati. Premnogu se trudev i baram recepti so zdrava ishrana, pozdravi namirnici, i najdov samo nekolku, 1 nedela gotvev po tie recepti i se chuvstvuvav mnogu poubavo i polesno.. Inaku, sekoja vecher pravam po 50/100 stomachni (zaradi mens 50 pravam ovie denovi) i uste 3 drugi vezhbi, ama nemam zabelezhano nekoj efekt, ama e premnogu rano, znam. Btw, stanuvanjeto rano e kluchno za ova. Plus pienje mlaka voda pred legnuvanje i po stanuvanje. Jas eve 3 dena pijam pola chasha pred spienje cimet so med i drugata polovina nautro. Pa da vidime ♀️
Mozam da zboruvam vo svoe ime za svoe telo,. mozebi e poradi samata gradba i anatomija na teloto... od prviot den koga pocnav da vezbam, za okolu 5 do 6 meseci se oformiv,... se so kardio vezbi, bez teretana i tegovi., bez posebna receptura so jadenja. isto taka ubavo mi dojde zadolzitelno izleguvanje na casovi po fizicko na rabota... teloto mi barase se poveke vezbi a za vozvrat mi davase dobar oblik i forma..... upornosta skoro sekogas se isplati.