За да не му направиш шок на организмот, со правилна исхрана и физичка активност идеално би било за 5-6 месеци.
Здраво темпо не надминува 1 килограм неделно (ова е оптимално). Значи 24 недели односно околу 6 месеци ако се губи 1 кг неделно, што не секогаш е едноставно. Значи реална цел би била од 6 месеци до 1 година.
Според мене прекраток период е 6 месеци за такво слабеење. Поголеми се шансите да не се постигнат резултатите па да се откаже од намерата, а и лошо е од здравствен аспект. Подобро е да се губат 0.5-0.75кг неделно, телото ќе има повеќе време за адаптација на новиот начин на исхрана без непотребни шокови. На ваков начин резултатите се долготрајни и без јојо ефект што е најважно. Што значи најдобро би бил период од 1 година па и повеќе ако е потребно.
Како што ти одговорија најмалку 6 месеци за изгубената тежина да биде сало, не мускул или вода. Дури и подолго време е подобро. Така што терај со еден режим со кој ќе можеш да тераш долго, не брзи и неефикасни диети. Колку побавно ја губиш тежината, толку полесно ќе биде да ја задржиш. Затоа трпение. Мене ми требаше многу време да изгубам само неколку кила, од друга страна ставив и притоа малце мускул ама благодарение на тоа си го сменив метаболизмот на многу подобро.
Малку се 5 месеци. 22kg симнав за 10 месеци без притоа да губам од мускул. Но не со диета и чај за слабеење туку со теретана и суплементи со здрава исхрана направена според потребите на моето тело. За исхраната многу е важно да биде земено предвид и тоа колку напорно вежбаш. Со килажа моментално стагнирам, а визуелно изгледам подобро. Значи градам мускулатура, а вагата веќе и не ја гледам.
Се сложувам со тебе, се надевам членката ќе прочита. Поздраво е со балансирана диета, не со гладување, и по можност да вклучи вежбање. Ако пробува со тешки диети и чаеви ко што викаш, ќе има јо-јо ефект и после неколку месеци пак ќе си ја врати тежината. Постепено е идеално, ако е нагло после пак има нагло ставање на килажа. Еве и јас сум на режим исхрана-вежбање-суплементи, и од вкупно 5-6кг за симнување, за месец и пол симнав само 2 но затоа другото оди на мускулна маса.
Јас имам балансирана исхрана, не се прегладнувам ниту се прејадувам само внимавам на калориите колку ги има во храната што ја јадам. Добро ми оди овој режим што го практикувам и имам резултати секако подоцна откако ќе ги намалам килограмите ќе внимавам сеуште во количината на храна а и ќе се придржувам пак на поздрава храна. Вечерам најдоцна до 8 понекогаш и до 5,6 саатот и се навикнав така, убаво ми делува на организмот. Инаку јас веќе почнав да слабеам 3 кила во 3 недели отприлика што значи дека брзо ми оди и вака ако продолжам верувам дека ќе имам резултати до декември, значи дека можам да го обликувам телото за време од 5 месеци минимум. Не користам ниту сум користела чаеви и други работи за слабеење. Ја одржувам 8 часовната диета и плус вежбам 2-3 пати во неделата и пешачам, а тоа се помага за слабеење. Избегавам шеќер, заменувам со кафеав ако веќе користам за кафе. Брза храна избегавам веќе подолго време. Пијам вода.
Само еден совет, и кафеавиот шеќер замени го со друг засладувач, пример стевиа. Мене ми беше чудна стевиата во кафе на почеток но се навикнав. Јас комплетно исфрлив рафиниран шеќер од домашна употреба, дури и за децата правам благо со мед, агаве сируп, кокосов шеќер или сируп од урми.
Стевиа и аспартам се многу лоша опција. Шеќер не е страшно, согоруваме брзо, мастите се потврдокорни и се складираат. Доколку е мала количината на шеќер не е страшно. На телото сепак му треба шеќери, мозокот има потреба од 60-80 грама јаглехидрати дневно. Поради тоа не ја поддржувам кето диетата. На телото му требаат и протеини и шеќери па и масти. Важно е само да е балансирано и да се внимава на внесот. Да се вратам на аспартамот и стевиата. На прв поглед делуваат како добра опција за замена на шеќерот, но за аспартамот знам дека ствара вештачки глад. Пример е кока кола zero, за стевиа не сум сигурна, но не користам. Навикнав кафе без шеќер. Шеќер и јаглехидрати секако внесувам со храната, но внимавам да не биде голема количина и нормално не јадам непотребни работи како чоколади и слатки, не заради шеќерот туку затоа што најчесто во нив се кријат заситени масти. Шеќер се крие и во тестенини, сенф, кечап, ориз, палента. Но не може сето тоа да се исфрли од исхраната. Пример ориз и кус кус се добра замена за тестенини. Јадам по малку заради тоа што содржат влакна.
Аспартам не го спомнав, тој предизвикува и канцер. Но зошто не стевиа? Се добива од растение Ќе мора повеќе да прочитам. Мислам дека и еритритол е штетен, не е природен, но го среќавам често на полиците кај здрава храна и суплементи. За другите шеќери се сложувам, и јас сум против кето, треба да е избалансирана храната. Без овошје и житарици јас не би можела.
Постојат комплексни и сложени хидрати. Хидратите се примарен извор на енергија а мастите се секундарен извор на енергија. Телото има способности хидратите да ги претвори во телесни масти без разлика дали се внесени од ориз, компир или од страна на прости шеќери како чоколадо, кокакола и тако дајле. Кога телото нема хидрати, почнува енергија да црпи од телесните масти и зато кето диетата е идеална за намалување на телесни масти. Фактички примарниот извор го заменуваш со секундарен. Не е точно дека телото неможи без шеќери. И да не сме во кетогена диета, ако внесуваме само комплексни хидрати телото функционира исто без разлика дали сме внесиле шеќери. Проблемот не е во шеќерите туку пеоблем е спајкот на инсулинот долго време поради голем внес на хидрати.
За да обликуваш тело како што сакаш треба најпрво да се погледнеш во огледало и да видиш дали природата те создала таква каква што сакаш да бидеш без притоа да се полниш со пластика и силикон... Е сега за да изгледаш добро во својата кожа, да бидеш здрава и да имаш добри пропорции траба да почнеш најпрвин етапна промена во храната, лабави тенинзи со добро загревање најбитниот дел е ДОБРО ЗАГРЕВАЊЕ, и етапно зголемување на тренинзите оптеретување и се ке си дојде на сво еместо неможеш да знае унапред колку време ке ти треба затоа што секој не изгледа исто и секој нема исти метаболизам, ист капацитет и слично... ПРЕД БИЛО ШТО ДА ПОЧНЕТЕ ДЕТАЛНА КРВНА СЛИКА ДА ВИДИШ ДАЛИ СИ СПРЕМНА ЗА БИЛО ШТО