Апсолутно. Ама за во лето ми е. Не е јак како Опиумот, опиумот го пробав во фришоп боже прејак, препрепрејак. Како што сакам јаки парфеми овој не ме освои.
Јас за овој добив неколку комплименти а не го ни осеќам. Веројатно пошто се бањам во него за да ми трае.
Имав некаде прочитано дека долготрајноста е баш на ниско ниво, од каде го имаш ти земено? Благодарам однапред.
Здраво девојки. Сакам да го купаѓ YSL Libre intense. Дали знаете колкава е неговата долготрајност и каде можам да го најдам оргинал? Благодарам однапред
И јас му се бев наребрила на тој парфем и некни го мириснав и ќе се исповратев. Инаку оргинали има во фришопот на граничниот премин во Гевгелија.
Si важи за еден од појаките парфеми, има еден човек прави видеа баш за парфеми. Од тогаш го немам користено за жал.. за некој шо се бања со парфеми хахајаја Инаку, од Космо го имав земено.
Прекрасен е, АМА за цената дефинитивно е слаб, не е долготраен и не е потентен, нема да ве осетат во просторија дека имате парфем, барем мојот впечаток е таков. И покрај тоа си го сакам, преубаво мириса.
Кој парфем е таков ако не овој? Јас бев изненадена од долготрајноста. Е сега 2-3 пати прскање не е доволно.
Не знам, можеби е до мене и мојата кожа. Скроз ми исчезнува за кратко, а на алишта стои малце подолго, ама не колку што би требало за цената. Чисто за споредба, со слична цена ми е Guerlain Musc Noble, парфемот стои на мене и после туширање, ептен е издржлив, а и во канцеларија 100x ме прашале кој има ставено парфем, што со Si не се десило.
Токсичен. Сега зимава има пак да трујам. Шала на страна силен е, ама секогаш имам или прашања или комлименти. На мене не мириса нападно, а кај мајка ми да, а кај неа секој парфем освен овој се развиваат поубаво од било кој друг чоек на светов, не знам зошто, ама се мириса поубаво на неа.