И што ако тимот за кој навива изгубил? И мене Барса ми е омразен тим, ама нема потреба од вакви провокации. Клубот се сака и кога победува и кога губи.
Е многу верни фанови, нема што. Ама добро е, камо среќа сите фејкери од навивачи намножени во периодот 2009-2011 конечно да се исчистат од Барса, таквите цело време само ја расипуваа сликата за клубот и за вистинските навивачи и ништо друго. VISCA!
Колку и да се за никаде, јас сум за Leeds United. Паѓаат добри смешки со дечко ми и другарите кога гледаме нивни мечеви (што на ТВ ги даваат еднаш на сто години) , или кога читаме како загубиле уште некој натпревар. Инаку, повеќе преферирам индивидуални спортови, како скијање, уметничко лизгање и тенис.