Дониравме сите дома од мобилните телефони... Сега видов реклама на Канал 5 - утре од 17 часот ќе има емисија за донации за поплавените подрачја . Има една народна мудрост - Во неволја се гледаат пријателите!!! Да бидеме сите пријатели на луѓево од поплавените подрачја!!! Нашите мали подароци за нив ќе значат МНОГУ!!! Не само набројаниве поединци, туку и други „познати“ МК фаци, фирми... треба да „се покажат“ колку се хумани...
Имам другарки кои живеат во поплавените подрачја,како што е општина Новаци и општина Могила.Од Могила успеваат да дојдат на училиште,но од Новаци немаат дојдено веќе неколку дена.Како што успеав да се слушнам со нив преку мобилниот телефон,можно е да се потрудат некако да дојдат од понеделник на училиште.Кога ми опишуваа со зборови преку мобилен,дека ситуацијата со поплавите во живо е пострашно од на телевизија,значи не знаев што да им кажам...засега водата на Црна Река е опадната и се надевам ова дека ќе помине.Би сакала и манастирот во Новаци-Рождество на Пресвета Богородица,на кој имам одено неколку пати и е прекрасен манастир,да се спаси и да си го врати сјајот.Стрежево повеќе не ни држи вода,така да водата ќе оди во Могила.Имам и семејни пријатели во поплавените подрачја и кога ги гледам фотографиите што ги поставија со вреќи од песок пред вратите,значи не знам...мора да им се помогне.Како што помогнавме кога соседите од бивша Југославија ни беа во криза,така треба и за нас.Хуманоста не познава граници,како за сите така и за нас.И баш ми е мило што и Црвениот крст секако,а и навивачката група Чкембари донираат за поплавените подрачја.Да помогнеме!Донирајте!Јас секако дека донирав од мобилниот,јавувајќи се на телефонскиот број 075 143 400.Тоа треба и сите останати да го направиме!
Браво за начинот на размислување. Многу ми е интересно кога во ваков случај кога навистина има потреба за помош, секогаш се наоѓа некој паметен што не пропушта да прокоментира како тоа во нашава земја се помага повеќе на животни отколку на луѓе. И самиот поим " џукела", повеќе кажува за оној кој го употребува отколку за кучињата. Знам дека мислењево не е за во темава, нема смисла да ја полниме со оф-топици. Сепак, се додека луѓето не сфатат дека секој живот е важен, ќе бидеме на ова ниво. Ако сакаш да бидеш од помош пиши дека си донирал, беспотребните коментари нема да помогнат во ситуацијава. Поголема трагедија е тоа што кога имаше поплави во Србија кај нас сите скокнаа да помогнат, а сега нема никаква иницијатива. Страшно.
Значи кој зелени ги тресеш ЕЈ освести се! Да даде господ ти од субвенции да живееш и купи си палати, бесни коли и станови низ цела Македонија. Како може такви злобни змии да излегуваат од твојата уста. Ти си дефинитивно едно градско пуфле што нема видено мотика, нива и пот и не знаеш како е да се заработува лебот со земјоделие. Незнаеш како временските услови може да бидат сурови кон твојот род... Имам поминато се во животот од мотика до фотелја и верувај за оваа фотелја и кола (не толку бесна како што ја опишуваш) имам јадено на нива на 60степени леб и кромид, сум се срамела од изгоретините од сонцето на лицето и ракавите ( од кои можеше да се види дека сум "селанка" според тебе), со кал до гуша сум се прибирала од нива умирајќи од срам, ноктите ми беа полни со земја и немав нормално детство. И не сите имаат успеано како мене да имаат нормален живот во кој можат да си ги дозволат еден годишен одмор, но не и зимовање! Каде на телевизија гледаш палати, базени и бесни коли поплавени, каде? Неможе за 2-3ца земјоделци да го генерализираш целото такво население. Исто како да кажеш сите жени се ку*ви, а Марија да е девица додека Зорица се еб* со секој втор! Исто е како да кажеш сите јадат сарма, а Мите да јаде зелка додека Митре јаде месо!
Без разлика дали е за себе промоција или едноставно изразување солидаризација со своите граѓани потегот е за голем поздрав. Браво! http://grid.mk/read/article/9607649/so-gitara-vo-raka-ja-razbudi-humanosta-na-ohrigjani
јас донирав, донирајте и вие.Мислам дека секој од нас можи да донира еднаш.Затоа да бидиме хумани за нашиот народ
Пред да почнеш да колниш прочитај што имам напишано „Имам една другарка од Битола и секогаш кажува како тие селаните од Пелагонија...“ и јас ѝ верувам оти самата учеше во средно со неколку од тие богаташките од по селата што се правеле погратски од сите како што кажува таа. Јас не живеам ни блиску до Битола па не знам како се работите, ама неколку пати кога сум била сум гледала како некои од тие „кутрите “ селани паркираат бесни коли и се расфрлаат со бакшиши и шишиња жестоки пијалаци по кафичи. Можи не сите селаните во околините на сите градови такви, ама ете јас со свои очи видов како се расфрлаат со пари. Исто ми кажа како сите тие биле в партија и земале по 40 000 денари плата со дома седење. На телевизија најмалку очекувам дека ќе покажат палати, во спротивно како некој би си пикнал пола од донациите в џеб. Исто така сите кажуваат дека каналите не биле исчистени од којзнае кога и на пола од тие ниви ретко кој сади нешто, на повеќето им се колку да земаат субвенции. И најискрено за било кои други селани би донирала, ама за овие после информациите на другарка ми и она што го видов и самата со свои очи не би донирала. И немој да ми ласкаш имам јас во мене доволно и земјоделска и староградска крв. Ако не сум работела на хектари ниви не значи дека не сум работела на бафча или не сум берела по планини шумски плодови и не сум работела друга тешка физичка работа. Знам што е физичка работа. И од пуфли тешко дека ќе слушнеш мислење за поплавите или за донации, тие имаат далеку поголеми „грижи“.
Кога донирав за поплавите во Србија и Босна тоа беше зошто сакав да им помогнам, иако со симболична цена зошто не можев повеќе, да застанат повторно на нозе, а не само за да возвратат кога ќе ни е потребно. Иако досега нема некои донации од нивна страна (или барем јас не знам за такви), гледам иницијатива од поединци и верувам дека ќе ни помогнат. Не разбирам зошто негативен став кон помагање на луѓето кои очигледно се во многу тешка ситуација, ако сте во можност и ако разбирате како е да ти пропаднат во вода храната и парите за цела година кои со пот и мака се заработуваат помогнте, ако не, бидете здрави и живи, не дај Боже да ве снајде слична несреќа па да ви треба помош, оти потешко е да бараш отколку да дадеш.
Да си работела, ќе зваеше дека бавча со в се пишува. Ај, те знаеме тука, не е проблем.Убаво си кажа,не даваш пари оти ја помагале власта. Само после изјавава твоја се чудам што воопшто те читам? Кај е игнор копчето? Чув концерт ќе имало деновиве, знае некој нешто? И прелог до типот што ќе пее на 14ти месецов, и онака има прескапи карти, нека донира нешто за настраданите во поплавите, ако ништо друго, да ин врати со добро на оние што донираа за Србија и Босна пред некој месец.
Донирав средства за хигиена храна вода најдов случајно еден штанд на вмро во гтц не е битно кој собира битно ќе се однесат таму се надевам ќе стане помасовно како за србите. По општиниве треба да постават штандови!
Денес бев во Штип да полнам вреќи со песок за да се ставаат насипи Само што влегов дома пред пола сат. Пополека се намалува водостојот, но штетите се големи, има неколку куќи поплавени, земјоделското земјиште е уништено, т.е. ќе имате поскапа храна во периодов.
Ние дoмa дoнирaвме преку жирo сметкaтa. Инaче зoштo викaте декa кaј нaс пoзнaтите не дoнирaле? Прескa oдеше нa Кaнaл 5 емисијa зa пoплaвите и се пoјaвијa дoстa пoзнaти кoи дoнирaa пaри, кaкo Еленa Ристевскa. И дoбрo штo пoлекa се пoвлекувa вoдaтa, aмa сепaк, штетaтa е нaнесенa... Супер е штo имa хумaни луѓе спремни дa пoмoгнaт..
Не знам како ве учеле вас дома, ама ова што го читам да ни вратат за донациите во Србија мене ми е смешно, искрено. Работава вратка за вратка. Не заборавајте, Македонија, поточно Скопје е хуманитарен град, после земјотресот во 1963 пола град е изграден благодарејќи на донации. Сигурно ти ен играле ко нас на оваа карта, ај да видиме дали тие ќе донираат сега нас ако ни се случи нешто. Запрепастена сум искрено. Нит ги бранам србите нит ништо, ама за ова сега не сте ми јасни. Ми се допадна постот на Сноу само, добра поента има, кога Србија беше во ваква и бетер ситуација нејзините синови се кренаа на нозе, нашите каде се? Ние патриотчиња сме само пред утакммици и избори, и никогаш друг пат. Пред да го впериме пиштолот на другите, да видиме што ние правиме за себе. Пеачите наместо да пеат за "беспари" нека донираат дел од своите лични заработки и хонорари. Знам дека се пазарат и тогаш на концерти, колку посто да донираат, колку да задржат, сработа. Лично мене тоа поише ми боде очи, не тоа кој ни дал нам кој не. Секоја чест на пензионерите, ги ѕирнав на канал 5 накратко, барем се потрудуле повеќе од тоа да плукаат по социјални мрежи, за разлика од некои...
Па што тогаш пишуваш и κоментиρаш κога нема да дониρаш и κога не знаеш што се случува,дρугаρκа ти κажувала. Κаκо не ви е сρам да бидете толκу дρсκи? И да,Пρилеп живеам,но моите блисκи живеат на село. Тие ,селаните,за κои ти κажувала дρугаρκати,возат јаκи κоли,пијат по κафичи,но си се запρашала од κаде нашле за да го пρават тоа? Од тие нивите κои сега се 100% уништени,на κои имаа поседи со житни κултуρи,од стоκата(κρави,пρасиња,κоκошκи)κои беа поплавени,се давеа во вода,и се избезумени сега κога не можат да ја почнат својата ρабота од κал. Оваа година инеκолκу наρедни за нив се κатастρофа,да не почнам да ти κажувам за дополнителни болести,нечистотии,уρнати ѕидови,што се последица од сево ова.И молам лепо,не збоρувај за нешто κога не си доволно инфоρмиρан или не си лично погоден. Има и таκви пρимеρи κаκо гоρе спомρнатите од твоја стρана,но фаκт е деκа ова беше и ќе биде тотален пад за земјоделците. Многу е нехумано да збоρуваш нешто κога не си доволно инфоρмиρан,зашто ти јас и дρугите обезбедени сме годинава,а тие селаните,немаат месечни плати,земаат еднаш годишно,и што чеκаат единствено од тоа, им го однесе водата. Ρазмислувајте малκу подлабоκо пρед да пишете нешто.