Не плачам. Само од нервоза, ако ми се соберат премногу ствари и сум пренервозна знам да си заплачам да ми помине нервозата. Порано плачев на драматични епизоди во серии и филмови. Последно беше сеа пред некои 2 недели. Карантинов ме спобудале и на последната епизода од The Originals (3 пати ја имам гледно серијата и не сум плачела ниеднаш) фатив да рикам се гушев во солзи. Инаку од тага не плачам, и да плачам плачам во душата.Физички не покажувам и не сакам да ме гледаат како плачам
Ako ne sum vinovna, a sum nabedena Maticnata sto ne me primi, a nemozam da disam i zatoa placam veke 2ddna
Можам да заплачам само од нервоза и стрес, некогаш кога ептен ќе ми се собере се. И не можам да заплачам пред секој, ретки се луѓето пред кои можам да покажам таков тип на емоција.
Плачам кога сум многу нервозна и што сум дозволила на некои луѓе да ме повредат Плачам кога имам испити за спремање, а јас се замарам за други глупости
Најчесто на глупости. Пример, ми заглавува фиоката и не можам да ја отворам. Е тука, наеднаш сите чувства решаваат да дојдат. Секоја навреда, чувство на осаменост, се што ми се случило до тој момент. И плачам на една фиока. ФИОКА!!
Капката што ја пролева чашата... Знам како е, кај мене беше тоа што репчето од косата не ми испадна ко што сакав. У тој момент надојдоа чуствата... недостигањето на мајка ми, неверството на бившиот, нервози од работа.. итн, итн, итн.. По 15тина минути ко нова На човек потребно му е да се исплаче понекогаш за да му олесни, и да продолжи понатаму
Самата депресија што ја имам со години си го праве своето, плачење без причина али заради негативни емоции во мене
За моето минато и мојата иднина. Знам дека не ме чека некоја светла иднина, свесна сум за тоа, шо и да правам и да сменам нешто, знам дека само мала надеж ќе добијам и после пак ќе биде исто, пак ќе сум разочарана и пак сама ќе се повредам.
Ја скоро за сѐ си плачам. Кога се нервирам од факултетот, кога ќе се скарам со моите и после ми е криво, кога ми е смачено да сум сама, кога некој ќе сподели со мене шо му тежи на душата. А исто и кога гледам видеа со кучиња, кога ќе ми заврши серијата, кога некое детенце ќе ми каже „даде“ или ќе ми изрази љубов, доверба...
Зависи,во главно кога не иде нешто како треба или не можам никако да си помогнам себе илими ннедостига некој или нешто ,или најчесто плачам и сум тажна кога сестра ми плаче и мене ми е жал (лигла сум секако XD ).....п.с плачењето е исто толку здраво како и смеењето .
Јас често пати си плачам. Посебно за време на пмс е тогаш и за ситница ќе се расплачам и тоа пред било кој. Ако ми ксже некој глупава си и толку е. Знам да заплачам и на филм, на некоја песна, кога ми фале некој. А инаку во глобала си плачам од нервози. Се ќе ми се собере, ќе се изнаплачам и потоа чувствувам како да ми е полесно. А мразам што сум толку слаба, камо да бев ладнокрвна и ништо да не допираше до мене..