Од тага и бес, понекогаш поради сеќавања на некои минати времиња. Исто така ми се случува да заплачам кога слушам тажна песна или кога читам поезија што знае навистина да ме допре. Сосема ретко ми се случува да плачам од среќа т. е. скоро никогаш.
2 ноќи една по друга плачам 1 ноќ се смеам(се до дека некој не ми ја уништи ноќта). Кога ќе читам некоја тажна љубовна приказна. Кога ќе слушнам некоја песна и што ќе ме натера да плачам (во моментот БЕБЕ-ПАЈАКзошто има некој што многу ми фали). Кога ќе се сетам на минатото како некои личности ме повредувале и физички и психички
СЕКОГАШ плачам кога сум радосна. Многу ретко кога сум тажна/повредена(инат ли е ,гордост ли е,што ли е...). Што чудо од човек сум не знам Децава едно време ми се чудеа,ама се навикнаа.
Многу ретко нешто да ме натера да плачам , но најтешко ми е кога секој пат се разделувам од моите знам дека наскоро пак ќе ги видам ама ете само од себе излегуваат солзите
Многу ми недостасува мојата најмила баба,што ми беше и втора мајка. Вчера ги гледав ѕвездите и ја барав нејзината ѕвезда. Цврсто верував дека е таму некаде.
За се и сешто. Големо cry baby сум. Плачам ако ме навреди некој, ако не сум задоволна од самата себе, на неправда, лутина, неверство итн итн .. По природа сум мирна и карактерот не ми дозволува да се карам и да повишувам тон и наместо тоа се затварам во себе и плачам. Тоа ми е лоша карактеристика која се обидувам да ја сменам.
За една личност што не можам да ја вратам бидејќи е на горниот свет и за една која е на овој, ама ко да не е. За себе, за сè што поминав и за сè што носам на грб. И за иднината кога ми е страв дека нема да е подобро.