Плачам од среќа, плачам од слатко, плачам од љубов (убаво кога е нормално) а плачам и од тага и нервоза и кога немам моќ над работите. Кога ќе ми текне па плачка сум.
Не плачам баш, многуу ретко било кога ми дошол таков момент. Колку и да ми е тешко не знам да заплачам како човек. Се би дала да можам да покажам емоцијаа како некои луѓе онака да ти олесни, мене ми се собира некоја грутка во грло и ни нагоре ни надолу…
Мислев само јас сум таква, бидејќи сите што ги познавам знаат да имаат излив на емоции во некои моменти а јас и светот да ми се распаѓа мртов коњ. Можеби е до хороскопот хаха, што си?
Да,како ладни ,цврсти, нераспадливи одвнатре.Водолија знак ,а ти?Многу ретко да доживеам некоја емоција колку и да плачам ,и тоа се познава дека сум ладна како камен
Не знам зошто ама ми делуваше на шкорпија, јас сум и баш ми одговара тоа дека тешко искажуваат емоции што е и главна карактеристика на овој знак.
Не,Плутон имам во шкорпија во 3 куќа ,но тоа нема врска со карактерот.Инаку дружам шкорпии,ги сакам оти се искрени
Порано ретко плачев скоро ич, во последно време надополнив за сите денови што не сум плачел. Најмногу во последно плачам по раскин со девојка која многу ми значеше.. И мислам дека ќе ми остане единственото нешто по кое најмногу и најчесто ќе плачам.
Порано бев плачка, поемотивна, поранлива. Годините и животот веројатно ме исчеличија, па последниве ептен реткост е да се расплачам. Не дека не ме допира ништо, и не дека е здраво што не плачам, ама ете, солза не иде.