Порано многу плачев, некој нешто лошо да ми каже и веднаш солзите како река течеа. Сега поретко, но заплачувам кога веќе не можам да трпам неправдини, кога чашата ќе се прелие..
Од се. Плачам кога ќе се разочарам, плачам од нервоза, плачам кога некој ми фали, ме расплакува фрустрација, плачам ако друг видам да плаче
Јас сум сентиментална личност и често плачам. Најчесто плачам ако ме нешто боли и ако се преморам од работа.
Јас почнав да се фаќам себе како плачам за глупости. Сопругот е релативно ладен човек не искачува чувства и го гледав како гали маче и како ужива во него затоа што и уживањето не го искажува и почнав да плачам, можеби затоа што осетив дека се будат чувства во него а и копнееме по бебче и можеби затоа алии чоек коа ми рече што плачеш што ти е не можев да кажам дека ме допре неговото галење на маче
Ме расплакуваат филмови најчесто. Или кога гледам серија и емоционално се поврзувам со некој лик, ова 99% од времето се случува.