Благодарна сум на господ.животот,за среќата која ја имам да сум од оној дел во светот кој живее слободно,има нормални услови за живот и.т.н.Благодарна сум на моите родители кои цел живот се грижат и жртвуваат за мене ме чуваат како мало дете сеуште иако тоа не сум хаха.Благодарна сум на сите блиски кои се со мене и ми го прават животот поубав.радосен,исполнет..
Буквално за се, се ми е како порачано, ме опкружуваат прекрасни луѓе, и јас сум презадоволна од себе, од своите одлуки и постапки општо, од тоа како изгледам, од размислувањата, од среќата која ме снаоѓа секое време, се се! feel so proud, so blessed.
Благодарна сум затоа што и покрај сите ниски удари од блиски личности, сите обиди да ме срушат, сите болки , страдања низ кои минував во животот никогаш не се откажав од своите соништа. Иако бев сама со скршено срце, со солзи во очи и мртва душа секогаш се борев до последен здив за своето место под небото. Благодарна сум затоа што секој успех го постигнав сама. Благодарна сум што имам добра колешка која е олицетворение на оптимизам, смиреност, реализиран лик во секоја смисла и во чие друштво уживам. Благодарна сум на три прекрасни години поминати со колеги на претходно работно место со кого кафето имаше најубав вкус. Благодарна сум затоа што и покрај се што се случува има личности кои ме почитуваат и ме гледаат еднаква на нив. Благодарна сум на здравата коса во моментов,на лицето и свежината и покрај моите лигавења, нервози и плачки. Благодарна сум на мојот мирен сон иако пловам низ бурни времиња додека сите мои непријатели не спијат. Благодарна сум што имам миленичиња кои ми го прават денот поубав.
Благодарна сум што имав сила да ги пребродам сите семејни потешкотии што ги имав во последните години, благодарна сум што успеам да се справам со депресијата на блиска личност и да и помогнам да продолжи во животот благодарна сум што и покрај семејната ситуација, и покрај тоа што живеам одвоено од моите родители многу пред да наполнам 18 год, и покрај израстувањето во дисфункционално семејство јас израснав во културна, пристојна и добро воспитана девојка. благодарна сум за здравјето, силниот имунитет и природната убавина која ја поседувам. благодарна сум за упорноста и за каратерот, благодарна и горда на себе сум што се трудам да успеам на чесен начин и според свои сопствени заслуги.
Ти благодарам @Florenсе што ја отвори оваа тема и им даде простор на членовите да се изјаснат за тоа на кое што се благодарни
Му благодарам на Бог што сме сите здрави и живи. Му благодарам што го имам НЕГО. Му благодарам за најголемиот благослов - син ми. Благодарна сум што има УТРЕ. Благодарна што има НАДЕЖ.
благодарна сум што семејството ми е здраво и среќно,што имаме кров над главата и пристојна трпеза,благодарна сум за се што за нас е нормално секојдневие а за многу луѓе,дечиња и семејства луксуз
Што сум здрава и жива пред се, многу си го ценам животот. Благодарна сум што Господ ми подарил многу добра сестра. Толку ми текнува
Благодарна сум му на Бог што сум таа што сум, што имам добар човек покрај себе, за моето семејство што е живо и здраво. Но и лута му сум, многу лута...
Благодарна сум што уште умот ме држи , што имам маж кој ме сака , дете кое на мене се радува ,топол кревет,вода и храна ...
Благодарна сум на Бога бидејќи ми дал живот а и дозволил и јас да дадам живот . Благодарна сум му што ме држел подалеку од лошо друштво и лоши избори . Благодарна сум што имам можност да го гледам растењето на моите мали ангелчиња . Благодарна сум му што ни овозможил кров над глава и храна на масата . Благодарна сум му што ме буди секое утро жива и здрава и што ми дава сила да ги издржам најголемите удари во животот .
Благодарна сум на моите родители што ми дале живот и се труделе во него се да ми овозможат. Благодарна му сум на Бога за сите луѓе кои се дел од мојот живот - роднини и пријатели. Благодарна сум на Бога што ме спои со најдоброто суштество на светов. Него му сум благодарна што ме трпи ваква каква што сум - некогаш во најдобро, а некогаш во најлошо светло. Благодарна сум што сме здрави јас и тие околу мене. Благодарна сум за секој ден поминат со најважните луѓе во мојот живот. И уште за колку многу работи сум благодарна само...
Благодарна сум му на господ што повторно стојам на нозе и се грижам за моето девојче. Благодарна сум му на господ што не направив погрешен избор на сопруг. Благодарна сум што ми се здрави и живи најблиските и најсаканите.
Благодарна сум затоа што и покрај сите бури кои животот ми ги приреди успеав да останам храбра и силна. Да. Паднав на најниско ниво.. ниво, кога сите те озборуваат и си главна тема во муабетите. Ама не дозволив да пропаднам во земја. И покрај сето тоа јас се дигнав и се променив од корен.. успеав да се издигнам над сите кои ме понижуваа. Ова е мојот прв успех и сум благодарна што животот ми прореди такви случувања и на Бог кој беше со мене кога немаше никој да ме теши и што ми даде сила да продолжам понатаму. Исто така сум благодарна што сум здрава и жива ова е привилегија што на многумина им е скратена.