Благодарна сум на мама. Нека ми е жива, здрава и најсреќна уште барем пола век. Благодарна сум на велосипедот што го имам. По 2 недели пауза, пак му се вратив. Обожавам да возам! Благодарна сум на ќефирот. Сама си го правам, супер ми излегува и ме "враќа во живот".
Благодарна сум на одморот од работа. Се изнауживав деновиве, се наспав, одморив ментално, се изнадружив со ќерка ми.
Благодарна сум на сонцето. Не сум јас за дожд и тмурно време, поготово летен период. Благодарна сум што ја имам приликата да го осетам и да уживам во него. Благодарна сум затоа што прави ветрето да биде посебно задоволство. Благодарна сум на летото. Што можам да го доживеам. Го обожавам звукот на хор од штурци, тој ми е еден од омилените, а можеби и баш најомилен. Го сакам чувството на лелеави шорцеви, маичка и папучки. Ладно нес и уште поладно пиво, повкусни се на високи температури. Кулирање на терасичка, под сенка. Кулирање во парк, под сенка. Пикник на трева, под сенка. Прибирање приквечер од лулашки, испотени и позеленети од трева. Свеж туш пред спиење. Го сакам секојдневието во летен период, те тера да седиш надвор.
Пријатели, жена, фамилија, кафе, колеги, капитализам, море, планина, јадење, спорт, уметност, медитација, јутјуб, тиндер, гугл, гну, микрософт, интелигенција, хумор, медицина, бесплатно образование, книги и патувања.
На самата себе! Сега, од оваа положба кога ќе се свртам назад, и ќе видам низ што се сум минала, како сум издржала, и како воопшто уште сум жива - си се восхитувам. Се разбира тука до мене имало и други личности, кои периодично ми давале поддршка, меѓутоа главниот лик бев и уште сум јас... Да не сум имала сила и волја во себе, џабе... Ама имав! И уште имам. Благодарна сум и на тоа што секогаш, ама баш секогаш имам каде и кај кој да се вратам... Колку и лошо да биди има кој да ме прегрни, да ми направи топол чај од билки и да ме бакне в чело... Благодарна сум и на Бога, што без негова волја и помош немало воопшто да се родам, а камоли уште да дишам..
Благодарна сум најмногу на сè, што моите најсакани и јас сме живи и здрави, што може да ги слушнам по телефон кога ќе ми текне, што може да си пишеме пораче кога сакам, што може да се видиме во секој момент, да се дружиме, да си муабетиме, да се смееме. Што можам да ги гушнам и бакнам. Благодарна сум што имам мајка таква каква што е, жена кралица. Што можам да кажам гордо дека со задоволство кај неа се обраќам за сè, од муабет за разонода до совет. Благодарна сум и што имам свекрва таква какво што е, разумна, паметна, разбирлива и едноставно добра. Читајќи ги сите пишани нешта во темана свекрва и снаи, сфаќам колку сум среќна. Than again и јас сум исто така разумна, паметна, разбирлива и едноставно добра, па се осеќам среќна и благодарна на свеста и карактерот што го имам. Благодарна сум на високата самосвест што ја имам, капацитетот да можам од сите страни да погледнам и разберам. Благодарна сум на добрата способност да проценувам други карактери и да препознавам туѓи намери, негативни и позитивни. Благодарна сум што ја препознавам важноста на постојано зголемување на самосвесноста, зошто само така ќе ја имаш таа способност на добро проценување. Благодарна сум што спокојот ми е најбитен. Благодарна сум што поради спокојот сум способна да не ме заболе увце што друг зборувам и мисли. Благодарна сум што ментално, емотивно и спиритуално имам дотурка до тука.
Blagodarna sum sto moite se hrabri i sekogas me podrzuvaat vo se. A sum blagodarna na sebe za poslednata teska odluka sto ja donesov.
Како во правиш ќефирот ? Ми даде една пријателка но некако не ми успева баш...се работи за млечен ќефир.
Благодарна сум за најголемите искушенија во животот, за се лошо , зошто знам дека е се со причина, едноставно ми се отворија очите за многу работи, се е појасно од претходно кој е вистински кој лажен во животот, а најважно е што ме благослови Бог да станам мајка и освен ова дете за мене никој не е важен, се е толку банално.