Благодарна сум на убавото детство што го имав. Безгрижно, лесно, слободно, без некои посебни стравови, со многу љубов и забава. Благодарна сум што здравствено ништо лошо не ми се има случено. Секоја физичка болка само ме потсеќа колку здравјето најчесто го сфаќам здраво за готово. Благодарна сум што сум живеела и сè уште живеам на место каде што нема војна. Благодарна сум што ги немам ни јас, ниту моите сакани, осетено стравот и паниката кои војната ги создава. Благодарна сум што уживам во слободата.
Благодарна сум на моите родители кои се жртвуваа многу да ми овозможат убаво детство и младост. Ме гледаа како принцеза. Благодарна сум што го запознав мојот партнер љубовта моја најголема.
Благодарна сум на Бог што ги чува сите најблиски живи и здрави, што ми дава сила за нови животни битки, за љубовта што ја сее секојдневно меѓу нас, што имаме хармоничен брак, љубов, спокој, здравје.
Буквално за се што имам во животот, а нема да набројувам за што. И какво и да е за некој друг, мене ми е прекрасно тоа што го имам. Им посакувам од срце на сите да го добијат она што го сакаат, а го немаат иако не можеш да немаш ништо пошто едноставно секој за себе си е уникат сам по себе на свој начин со уникатни особини, а тие што го имаат тоа што го сакаат, да умеат да го ценат, сочуваат и негуваат!
Blagodarna na samata sebesi,što ne se otkažav i što prodolźiv da se boram i pokraj site ljubomorni suštestva okolu mene,you can all kiss my ass,na toa što sum denes,a ne sum propadnata ličnost,tuku gorda i nasmeana sekogaš,samo eden moži da me spreči,Gospod i nikoj drug,zatoa pukajte i gledajte next.
Благодарам на моите родители што ми дале живот Благодарен сум што јас и сите околу мене сме здрави и среќни И благодарен сум што имам шанса да го живеам животот како што сакам
За се сум му благодарна на Бог За моите две дечиња-мојата смисла за живот, за тоа што моите сакани се здрави и живи. Благодарна сум и на моите родители што ме школувале и воспитале.
Благодарна сум за денот. За сонцето што срамежливо ама сепак огреа. За тоа што сме сите на број. За тоа што имам топол дом. И за кујната, особено за кујната.
Секое ново утро и насмевката на сонцето и облаците, незаменливите птичји звуци кога те потсетуваат дека сеуште си жив да ја искусиш љубовта од саканите, и тие - непознатите. Благодарна сум за детските мемории кои нема да се вратат, но живеат. А највеќе од се сум благодарна за здравјето, нека дише во сите
Пред 5-6 г ова време бирав да сум на работа за н.г ,најчесто без денар у џеб Веќе 3 г уназад не сум веќе таму ,сега обавезно и донирам. Благодарна сум на тоа. Благодарна сум на ќерка ми. Благодарна сум што издржав тешки ,многу тешки времиња. Не знам што ме чека ,ама нека биде добро ,заслужувам веќе !
https://vm.tiktok.com/ZM6yhLsCq/ Благодарна сум што оние дузина луѓе што ги сакам и ми значат се тука, живи и здрави, присутни. Благодарна сум на топлиот удобен дом што го имам. Благодарна сум на полната трпеза, за сите прилики за терање кејфови чисто за задоволство. Благодарна сум на сè што можам да и' пружам на ќерка ми. Благодарна сум што сум тука, за ќерка ми и другите на кои им требам. Благодарна сум што не боледувам. Благодарна сум што ги имам сите екстремитети. Благодарна сум што ги имам сите сетила. Благодарна сум што сум способна за многу нешта.
Благодарна сум што немам такви одвратно себични луѓе како некои што се тука на форумов, со расипани вредности, искривени перцепции, болни од нетретирани комплекси и трауми. Благодарна сум на форумов што постои и што ми ги отвори/отвара очите за какви сè луѓе постојат, што ми дава мотивација плус да бидам екстра внимателна према луѓето. Благодарна сум што живеам во време преполно со информации и студии кои се лесно достапни, и кои со малку истражување и интерес можеш да ги добиеш, за на тој начин да научиш многу потребни нешта со кои можеш да се заштитиш себе си од пореметени луѓе.
Благодарна сум што сум здрава и права, физички и ментално. Што ги имам сите сетила. Што ги имам сите екстремитети. Што ги имам разумот и интелигенцијата. Благодарна сум што не сум инвалид. Благодарна сум што не зависам од никого. Благодарна сум што ја имам привилегијата да можам да правам што сакам, затоа што сум здрава и права.
Dobro e sto na vreme gi svakas rabotite,podobro sam i vo dobro drustvo ,otkolku so site vo loso drustvo,gledaj si mentalno zdravje i uzivaj si..i sam mozes sekade da odis i da ti bide odlicno,plus mozes da zapoznaes slucajni lugje so preubava dusa
На него, мојот еден и единствен татко. Личноста која ми покажа дека може. Дека можам. Да, и во овој лажен свет. До крај. Среќен ти роденден татко мој!