Можеби звучи малку себично, ама секогаш наоѓам време за себе. Секогаш си оставам барем малку време и простор, особено во напорни периоди преполни со обврски. Времето за себе го користам различно - читам книга, гледам филм, одам да ме фати воздух и да го прошетам кутрето, лакирам нокти, пијам кафе... и сите тие работи ги правам сама. Секој има потреба да биде сам одвреме навреме.
За сериите. Скапана уморна се враќам од работа, од вежбање од факултет, искачање, ама за тоа има време на крајот на денот. Исто и да се стокмам, намачкам, изгланцам како што требам барем еднаш неделно, детално удирам нега на секој дел од телово, па и косата ја тинтрам, зафенирувам, улепшавам. Дури и од сон си кратам за ова, додуша јас за многу работи си кратам од сонот, зашто едноставно 24 часа не се доволни.
За три основни работи кои ми се најбитни во еден ден: да го прошетам кучето макар еднаш во денот, да гледам серија, макар само една епизода(обично никогаш не е само една, или 3 или повеќе...) и време за едно кафе на раат со самата себеси, дали наутро пред да одам на факултет или попладне(тогаш ми е омилено).
Кафе, фудбал и обложување, книги и серии. Кафе - затоа што е првото на што помислувам кога ќе се разбудам, фудбал и обложување - затоа што ми се најголема пасија, книги и серии - бегство од секојдневие.
Да дадам некој совет овде на фемина, или пак на некоја другарка. Да седам на фб. Да јадам. Да одам кај баба ми. Да се средам.
Па живеам сама, така што целото врмеме на светот си го посветувам на себе... Секогаш наоѓам време да си зготвам нешто добро, а во меѓувреме да изгледам некоја епизодичка од Friends, чај + колачиња + свеќи relax session за опуштање, или пак за да прочитам книга ... Обавезно морам да се напијам кафе барем еднаш во денот како човек, и секогаш наоѓам време за викенд да излезам со друштвото на пиво после работа...
Секогаш наоѓам време за нештата кои ми причинуваат задоволство и за луѓето на кои им значи моето пријателство.Не го поминувам денот без да влезам во кујна и да зготвам топол оброк,да прочитам нечие мислење на форумов,да му пратам порака на тој што ми значи,а не е во државава и секако недела како ден од викенд ми е резервиран за излегување со пријателите,разговор,мислења,совети и хумор.Тоа е тоа што ќе ни ги наполни батериите
Секогаш наоѓам време за да седнам на интернет, да изгледам некој добар филм или да прочитам добра книга