Сигурно за младоста и некои пропуштени шанси и лошо одиграни потези .За времето кога децата ми биле мали и до мене.Колку ми било убаво денеска и ако ми се случиле милион грди работи шо сум ги забравила по 30 год.Колку сум била млада и како сум можела да се нервирам за тие глупости.Сигурно ќе си речам ех Аво да си сега на 37 со овај акл сигурно на Авоко ќе му се качуваше почесто и немаше да си ја штедеш(Сигурно за 30год ќе забравам колку сум уморена од бебето шо се буде на 1ч). Темата е ,како да знаеме дали ќе бидеме за 2 дена живи , а не за 30 години.Ама ај одговорив па ако ме држе паметот ќе се логирам на фемина и ќе видам шо сум мислила дека ќе мислам за 30 години.
За младоста.. Јас и сега сум носталгична за се што сум поминала, во основно, е за средно ич не сум не ми беше убав период, за факултетските најубави денови, безгрижни и слободни, за првата работа, кога бев најбезгрижна, работа, плата, убав среден живот... Ама па тогаш го немав ова, го немав син ми и спокојот на нас тројца. Секогаш има убави моменти и носталгија секогаш ќе има
Веќе сум носталгична по младоста која младите ја земаат здраво-за готово... исто ко и јас кога бев млада. Не чекајте утре. Напрајте денес. И не зборувам за брчките, туку здравјето и можностите Ништо не се. Ќе летнат, ко никогаш да не биле...
Ако сега чувствувам носталгија за Едно Време во кое не сум била родена, дали тоа значи дека за 30 години ( ако сум жива) би била носталгична за Времето по мојата смрт ? Прашања кои ме мачат во 6 наутро благодарение на @Ajronmen
За младоста, за тоа што сум можела да го правам како млада а тогаш нема да можам. Често кога ќе видам некоја бабичка што се движи така полека и едвај, ми идат вакви мисли дека еден ден и ние ќе остареме и ќе бидеме така, нема да можеш да трчаш и брзаш како сега. Некогаш посакувам времето да може да застане или да се враќа назад.
Сигурно ќе жалиме за многу работи. Јас денес се чудев како пред 10 години, не ми пречеше, ни студ, ни сонце, ни дожд, како трчав по цел ден натаму - наваму, колкав праг на толеранција имав, какви се не луѓе сум истрпела, а денес тоа не го можам. Поминале само 10 години и сум се сменила, а по 30? Важно ќе ми е да сум здрава, да сум жива, да влезам во пензија, макар мала пензија, да имам од што да живеам. Јас и онака не сум човек кој се луксузира, за финансии многу нема да жалам.
Јас вчера пишав ама погрешно ја сфатив темата. Размислував денес што би одговорила. Мислам дека највеќе ќе ме фати носталгија за родителите, да ми се живи и здрави сега да се надживеат уште многу, само не се знае ништо. Многу ќе ми недостига времето поминато со нив, најверојатно ќе ми недостасува и детскиот жаргон и по 50 години. И онака брзавме да пораснеме а еве не пораснати и што? Маки и проблеми, борба за опстанок. Потајно посакував бар да можеме да сме вечно деца и нашите родители вечно да живеат. Најверојатно ќе ми недостига младешкиот живот, периодите кога бев слободна и своја, кога патував и имав доживувано многу работи. Но, да сме живи и здрави има време до тогаш. Чувајте се сите, тоа е најважно во денешно време
Најмногу за кучињава кои сега ги имам, а тогаш нема да се живи. Како што сум носталгична за оние кои ги испратив низ животов досега.
Најмногу за гушкањата и носењето во раце на син ми, глупостите и бељите што сега ги прави. Моите родители.
Здравје Боже, по 30 години мислам дека ќе си ја остварам целта што сум ја замислила. Па, според ова и не би била носталгична за ништо. Дали е ова коректно размислување?
По тебе Ајроне и по твоите теми и стихови (ако не постои фемина или забраем ник и пасс) јбг сеа сум стара за некои (@theowndemon ) уште постара ќе бидем за 30