Знам дека ќе жалам за играње, пропуштените џускања по диско клубовите...ќе жалам за смеењата од срце додека се препелкав на грб, ќе жалам за пропуштените прегратки и бакнежи од душа... Ќе жалам за лудата младост во која се правев стара..... За што ќе жалите вие, дали воопшто ви текнало вакво нешто
Ќе жалам за лудата младост во која се правев стара..... Ova apsolutno. Premnogu ozbila bev. Ke zalam za prava priatelka sto nikogas ne najdov, onakva po svoja mera. Nakarminosana, stiklosana, prava podvizna enciklopedija, priatelka koja ne se trudi da me voodusevi so pokazuvanja vo bilo koja smisla na zborot. Ke zalam sto ne menuvav mnogu mesta na ziveenje. Ne mesta za setanje, mesta za ziveenje, sedis tamu nad edna godina I ziveenje so toj narod, nivnite obicaii I tradicii, nivnite etnicko I kurtololoski ….. Poveke hrabrost za krupni I riskantni cekori. Nemoze "I golub u ruci I pile na grani". Treba mallku po riskantno. Vreme izgubeno vo dolgi I ne prespektivni vrski. Od avion se gledalo deka e utopija, a Jas "ne, ke bide". Zal za poveke mazi vo mojot zivot. Imav sansi, me sakaa ama Jas izigruvav "ozbilna vozdasna licnost", vo vreme koga trebase da se proba nesto "pikantno" Ke dopisam , sega vo momentov bas se ne mi paga na pamet.
Имаме ли време некои работи да ги исправиме за да не се каеме во старост?? Не, секој ден поминат е потрошен и неповратен, нема реприза... Ете јас ке жалам што многу малку време поминував со своите родители, што ми беше срам да се гушкам со нив..ќе жалам за изгубеното време во решавање на глупости наместо да седам и да си играм со децата.. ...неискористени прилики за патување....Ќе жалам што не се сакав себеси доволно...и сега не се сакам
Мислам дека најмногу ќе жалам за виталноста, покретноста, енергијата, доброто здравје.... бидејќи ако ги имам сите тие нешта ќе можам да правам тогаш се' што правам и денес, кога сум млада.
Најмногу ќе жалам најверојатно за убавите мигови кои ќе бидат неповторливи. За изнемоштеноста и способноста се да направиш сам без ничија помош.
@baba Rada Имаме ли време некои работи да ги исправиме за да не се каеме во старост?? (neznam kako da citiram, izvini moram vaka ) Da. ako gledas rezon vo toa, da. Nekoi raboti doagaat so vremeto I odat so vremeto. Sega da menuvam drzavi I da ziveam vamu tamu, ne bi. Togas, nekogas koga nemav cvrsta osnova Da. Ama sega da trgnam po polski WC, nov jazik, nova kultura,... moze 15 dena I Fala Netreba. Sega si imam svoj mir I spokojstvo I tesko deka sakam peripetii od toj kalibar. Guskanje deca, roditeli, toa e nesto od ponovata istorija . Bese poinaku ama ne znaci deka ne sme gi sakale roditelite ili decata. Imase eden dokumentarec (odese posle drzavni vesti za da ima pogolema gledanost), sustinata bese kako odredeni nacii iskazuvaat ljubov. Se sekavam na edna kineskinja na vozdras okolu 35 god veli vaka : "mojata majka nikogas ne mi rekla deka me saka I toa bas me pogoduvase posebno koga ke me ostavese vo skolo so obicno pazi sto zbori ucitelkata I da jades, nemoj da ne jadesI . Od druga strana majkite na nekoj deca gi guskaat I im velat Te Sakam". Kako veli taa "mi trebase 35 god da svatam deka zborot "Te sakam ne postoi vo Kineskata kultura". Te Sakam e ednakvo na "sto sakas da ti zgotvam, jadi, slaba si, butkanje extra hrana vo tanjir I molenje da se izede". I nas ne sakale I nie sme sakale no izrazuvanjeto bilo vo drug oblik. Se e toa ljubov, grizata za drug e najgolema ljubov. Toa bese I poentata na dokumentarecot, da ne se osekaat decata od drugite nacii pomalku sakani zosto ljubovta I pokazuvanjeto na istata sekade niz svetot e razlicna. E sega so ovaa globalizacija, pa sega site treba da se vtopime vo edna kultura I se forsira guskanje, toa e drug fenomen. Toa sto ne si gi guskala roditelite I decata, nesi ni Prva ni posledna od taa generacija. Jas isto ne sum nekoja koja saka da bide gusnata I da guska ama pocituvam I sakam da pokazam so gest, preku griza za kukata, zgotveno, kupeno toa sto treba,... Sve sme dale I primile, nemas potreba za kaenje.
Би се каела за пропуштените прилики за патување, за тоа што не отидов во Америка кога бев слободна, за сите совети од мајка ми кога не ја послушав а сега сфаќам колку била во право, за искачањата во диско, пијанчењата и забавите до 5сабајле, за сите солзи кон машките наместо да уживам со тогаш укажаните поубави прилики. се каам зошто им верував на злобните кои мислев дека ми се сестри. За мааната когја ја имав се да си преќутувамни и да трпам у себе. За ова се каам и сега, додека остарам нека фатам деменција и нема за нишо да се каам
Ќе жалам што не знаев да покажам заби,па дозволив да ми ја ,,изедат,,младоста,а богами и здравјето,сето тоа за нечиј ќејф,оти им се можело
Слободно жени размислите и кажете си, без страв од последици, без страв од осуда или лоши коментари.....додека се завртиме ке бидеме стари, можеби има шанси нешто да се оправи..зошто да се каеме за нашето здравје кога нели можеме сега да се трудиме да го задржиме и подобриме..но изгледа ние се наопаку правиме... Премногу бргу возиме кроз животот..ќе ми биде криво што не бев побавна, работите што не ги извршував споро, без нервоза, што играв како други што ми свиреа.....
Иако не сум стара веќе жалам за сите излегувања, одмори, друштва што сум ги пропуштила поради некоја глупава причина. Жалам што долго време имам посветено на луѓе што не заслужуваат и жалам за тагата која сум дозволила да ми ја предизвикаат наместо да уживам во најубавите луди години.
Знам дека вистински ќе жалам за форумов Фемина и неколку нејзини прекрасни членки, како на пр. @Herrera кои не сум ги запознала во реалниот живот