Ќе жалам за годините поминати чекајќи нешто да заврши што побргу. За пропуштените шанси плашејќи се да излезам од комфорната зона. За пријателствата што завршија на трагичен начин а мислев дека ќе траат засекогаш. За неодењето на забави додека можам. За многуте неостварени желби и соништа. За мојата интровертност и повлеченост која ме спречува да склопувам пријателства. Можеби и за тоа што понекогаш заборавам да живеам во моментот, планирајќи нешто во (блиска) иднина.
https://www.instagram.com/p/Bq5b0z_AXKS/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=14yg5x9xkxdar А да бидеме вакви и да не жалиме за ништо туку да уживаме во секој миг од животот. Не знам искрено за што би жалела валда прво треба да се деси старост па да знам за што евентуално би жалела.
Ако се изостават носталгија, спомени, жал по младешката енергија и виталност (кои се подразбираат), а да се мисли на пропуштени шанси и жалење во смисла на regret - па, прерано ни е на повеќето тука да мислиме и одредуваме за што ќе жалиме. Треба наместо тоа да работиме активно на тоа да има што помалку причини за кои би жалеле
Ќе жалам за тоа што не се ценев доволно , што не знаев да им кажам НЕ на луѓето и да им удоволам на сите.
Ќе жалам за младоста, за сите пропуштени шанси, за залудно потрошеното време на глупости и небитни работи и луѓе. Најмногу од се ќе жалам за безгрижното и среќно детство кое што го имав, а за жал поминало, среќните моменти со моите родители и љубовта која секојдневно несебично ми ја пружат.
Ако немам склероза ќе ви кажам за што ќе жалам. Претпоставувам дека повеќе ќе се заблагодарувам за преубавите моменти, семејството итн
Веројатно неколкуте погрешни избори кои и те како ќе ми го свртеа животов во сосема различен правец од овој сега. Не знам дали добар или лош ќе ми беше животов ама се каам уште сега што не изиграв храбро. Ајде имам време може ќе промениме нешто па нема да има за каење на старост.