За истото што жалам и сега, што пола живот го поминав разделена од нај блиските нај саканите, јас на една тие на друга страна од светот. За годините изгубени со човек што ништо не ми значел и што залудно сум пробувала и сум се надевала дека со време ќе се смени и за менталната тортура што ја трпев од него. За овие две работи ќе жалам дури сум жива а сигурно ќе жалам и на "оној свет".
Ќе жалам за детската наивност, за средношколските денови, за првата љубов, за испуштените шанси........
За младоста, дружбата, здравјето и сите нереализирани соништа. Знам дека ќе се каам што сум имала само една врска и се мажив. Резил ќе ме прават внуците кога ќе им раскажувам
Ради латентниот легендарен крст на чело, и шансоните кој сум ги имал а не сум ги искористил поради причината 1.
Низ годините и времето некои животни содржини остануваат недопрени, нереализирани поради низа околности. Не жалам за ниедна одлука и постапка досега, ниту пак во иднина. Секоја била плод на зрелост во одреден временски период и е дел од личното искуство.
Ој во денешно време човек не знае дали ќе остарее, не па да мисли за што ќе се жали. Најверојатно би се жалела ако останам во Македонија
Кога ќе остарам, ќе жалам што сум остарел. И кога така стар и дрт, за последен пат ќе ја погледнам својата исчешлана лустер ќелава глава со полу кадрава коса в огледало, чувствувајќи се евентуално, облечен во мојата омилена боја карирана кошула, ќе паднам болен од болест на земи, знаејќи дека сум живеел живот - ќе умрам од смрт. Единствено ќе ми биде жал доколку не оставам нешто свое после мене, другото ништо не е битно сите сме потрошна роба, индивидуалниот живот е за една употреба. И така живееме валкани, нечисти, раскинати, заразени... и тоа е во ред и тоа е за луѓе. Треба да имаме разбирање и ронка милост за себе и најбитно меѓу себе.
Нема да жалам за ништо. Ќе си ја пуштам почесто Едит Пјав Ќе си потпевнувам и пијам чај и уживам во залезот на младоста наречена старост
Можеби ќе жалам за некои одлуки кои сум ги направила во минатото во врска со бивш дечко и за изгубеното време со него , и што не успеав да го прошетам цел свет ( ако НЕ успеам ) . За другите работи никогаш не би жалела . Правам како што мислам дека е најисправно .
За тоа што не му дадов шанса да ме досмее на начин на кој што само тој умееше и што немавме последен секс :/
Па да знам за шо би жалела, сигурно би пробвала да сменам нешто од сега за да превентирам жалење.... Idk.
Сите ќе жалиме за нешто бидете сигурни во тоа. Дали за младоста, пропуштените шанси, здравјето, детството, родителите. Сите ќе жалиме за нешто, тоа е дел од староста и животот.
Ќе жалам за тоа што бев премногу повлечена, а самото тоа направи да имам што помалку пријатели. Ќе жалам за тоа што не се ценев доволно , што не знаев да им кажам НЕ на луѓето и што им удоволував и сеуште им удоволувам на сите. Ќе жалам за тоа што сум емотивна и што секогаш им попуштам на другите. Ќе жалам за тоа што немав среќно детство. Ќе жалам за сите пропуштени шанси и за тоа што секогаш ја бирав црната страна на животот. Ќе жалам за тоа што незнаев како да живеам. Ќе жалам за тоа што бев глупава