Темава е идеална да си го оптеретувам мозокот пред спиење со моите what-ifs. Ќе жалам за мојата неодлучност и недостиг на храброст да преземам повеќе ризици кога било потребно. За потрошеното време што нема никогаш да го вратам на оние кои не го заслужиле истото. За тоа што бев глува за сопствениот глас кога требаше да ја донесам најважната одлука...
За тоа што сум постојано загрижена и исплашена. Зашто не знам да го зграпчам денот и да живеам тука и сега.
За тоа што сум се нервирала за непотребни луѓе, за тоа што многу сум им верувала и сум се доверувала. И најбитно затоа што сум била МНОГУ ДОБРА со сите!
Затоа што никогаш нема да имам храброст да си ја обојам косата во тиркизна боја иако многу сакам, не сум доволно храбра.