Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.060
    Пол:
    Женски
    Имам ваков проблем, поточно мојата двегодишна внука, не може да прозбори никако, има 2 години и 3 месеци, постојано се труди, нешто збори на некој нејзин јазик и се гледа дека сака нешто да каже ама не успева. Напрво мислев да не е заради тоа што јас и сестра ми збориме на дијалект па да не ја збунуваме, ама ете веќе подолг период не живеам со нив и детето пак не прозборува. Знае одвреме навреме да каже по нешто, ама толку само еднаш два пати ќе каже и како да заборава. Мене лично ме загрижува, детево си напредува во растот и развојот како што треба, ама никако да се опушти со зборењето. Ни викаат дека до 3 години, па дури и 4 години, ова не е алармантно, но јас сум загрижена. Мајки, тетки, баби... имате ли вие некакво искуство?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    До 3 години се толерира. И јас сум слушнала за до 4, ама јас лично не би чекала до 4.
    Пред 3 години рано е за било што, едно што се уште се смета за нормална возраст за прозборување, а второ, и да ја однесат на логопед, пред три години тешко дека ќе соработува.

    Син ми прозборе на две и пол, дури тогаш почна да кажува мама. Знам и неколку други деца кои исто така доцна почнале да зборуваат. Едноставно, говорот созрева подоцна.
     
    На Freckles. и Poisoon им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.060
    Пол:
    Женски
    Леле Ариел ме смири малку, јас ептен почнав да паничам, знам дека има деца кои прозбореле покасно, ама па ова нашево, не знам бе што чудо ќе беше. Најсмешно е што нејзе интелигенцијата и е навистина на високо ниво, се знае она, да ја видиш како разбира кога треба да се иде на шетање па сама си ги носи патиките и си седнува на столче да и ги облечеме, или пак кога реди коцки, на 2 години реди коцки ко 6 годишно дете, ама за зборење, тролејбус што вика дечко ми, дали некој инат ни води, дали знае дека и попуштаме па кога нема да каже што сака и даваме се, не знам што е работата.
     
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    лелеи јас го имав истиот проблем со ќерка ми баш на иста возраст мрмљаше нешто ништо не се разбираше само јас што ја разбирав сега ќе полни 4 годинки збори ама не чисто некои зборови неможат да и ги разберат ама и брза сака све да каже одеднаш ,па незнам и јас што да правам
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас сум прозборела мислам сум почнала да викам мама,тато на неполна година.А после кога сум наполнила година сум почнала течно да зборувам.
    А додека пак брат ми до 3 години ништо не зборуваше,ама баш ништо.И мајка ми се плашеше.Ама кажуваа дека посебно кај машките деца тоа било нормално.Па после некаде на 3 и пол години си почна да си зборува брат ми одма течно :D
     
    На Poisoon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.060
    Пол:
    Женски
    Па и викаат дека женските деца прозборуваат први, машките биле потешки на збор, но мислам дека ова веќе не е нормално, детево има нешто да каже, се гледа, ама се мачи. Да ја видевте само како се трудеше да ми објасни како и ги боцкале рачињата, жал ми падна. Додека не прозбори па не можеш и да ја одучиш од пелени, не ќе носи дете пелени до 4 години додека прозбори. Не знам што да кажам, сестра ми е на ум да ја снима со камера и да и однесе на докторката снимки па да видат за што се работи. Јас имам читано за некаква си ресичка под јазичето кое сите го имаме и кое кај деца може да биде позатегнато и од таа причина не може да сврзе зборче, е сеа тоа се потсекува ама како ќе биде кај нашава арамбашка не знам, па она има да и ја изеде на докторката спатулата додека ја прегледува, а камоли да ја сецнат, :( :worried: :tmi:
     
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Син ми почна да зборува негде околу втората година.
    До тогаш кажуваше само мама, тато, баба, дедо...
    Сега не 3ипол годишна возраст не можеме да го замолчиме :)
    Единствено му правиме проблем Р-то, кое целосно го изоставува од зборовите, па така крокодилот му е кокодил, тракторот - тактор...

    Моментално му е хит броењето до 10 на англиски, на секој што ќе го види обавезно му брои :lol:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Poisoon

    Poisoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Искрено Ариел и мене ме смири малку, и јас сум загрижена за моете синче,има 20мес, а ништо не зборува,како бебе на 6,7мес си гугаше те-те,та-те,ка-те и одеднаш престана и тоа и сега ич ни зборче. Искрено, загрижена сум, си викам бар едно нешто да каже, мајка ми, ми вели дека и јас до 3год не сум зборувала воопшто , и ко сум прозборела се од еднаш цели реченици, па можеби е наследно , инаку за разбирање се разбира,но несака да зборува или неможе незнам што е !
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    ^ Дали сте биле на ушно, да му го проверите слухот на детето?
     
  10. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    и моето е 3 години и многу слабо зборува,неразбирливо,јас многу се плашам,кажува некои зборови но тоа е малку за негова возраст,инаку ке почиме и на логопед да одиме
     
  11. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Ме интересира машкиве деца кога почнуваат чисто да зборуваат?Знам дека за разлика од женските покасно..? Моево е 3 ипол години уште не зборува течно. Исто како rainlover и ова ја испушта Р, вака само како буква ја кажува но во зборови не ја употребува многу. :?:
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Пред некој ден ми раскажуваше мајка ми за ....
    Кога се оди од Македонски Брод кон езерото Козјак, некаде во близина на селото Белица имало црквиче/манастирче (не сум сигурна) Христово Восхресение и ова црквиче го слави третиот ден Велигден. Го направил некој човек од Битола, кој поради сообраќајна несреќа подолго време бил во кома. И му се сонило таму и таму да направи црква .... и ја направил. Кога почнал да гради на местото почнало да тече вода, се појавил извор кој денес се вика Св.Петка или Св.Недела, по денот на кој се појавил (не и текнуваше на мајка ми, петок или недела, кој ден почнале да работат).
    Како и да е, она што е интересно е дека луѓето кажувале дека водата била лековита. Дури и некое 14 год.девојче, Албанка, кое никогаш не зборувало, прозборело.
    Јас не сум занесена по одење ваму таму, ама кога нешто убаво ќе ми кажат сакам да верувам во тоа.
    ...веднаш помислив на вас и сакав да ви го кажам...па еве ви кажав :)

    мислам дека некаде веќе имам пишувано за моето искуство поврзано со оваа тема.... се молев да прозбори...а денес си викам аман бре ќе заќути ли некогаш . СДК не се вадете од памет, полека, следете дали ве разбираат што зборувате, дали реагираат, побарајте да ви донесат ова-она, не им удоволувајте кога на кинески ќе ви побараат нешто, нека се потрудат да го кажат.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Бидејќи во близина имам дете кое не зборува уште, и нормално го носеа на доктор тоест логопед и тој им кажал дека не треба да гледа цртани, или доколку гледа тие да се на македонски. Исто така многу влијае како му се збори на детето, треба да му се збори само на еден јазик, зошто од 2рата до 3тата година се развива говорот и тоа учи она што го слуша. Зборувањето на повеќе јазици може само да го збуни, бидејќи не ги разбира сите зборови и само повторува зборови како што ги слушнало(пример англиски- нема да ги кажува точно туку по свое).
    Сепак кај секое детенце е различно, зборувањето и не е нешто страшно, доколку детето разбира се, извршува наредби, доаѓа кога ќе го повикате и слично.
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    ^ не знам баш колку би влијаеле цртаните, и дека би им сметало втор јазик.

    Јас имам братучеди (сега се прво и трето одделение), како мали многу ги чуваше баба им. Сакаа да ги научат да зборат влашки од мали, и баба им речиси се им збореше на влашки. И децата имаа многу зборови кои на македонски не ги знаеа, ама сите ги разбиравме (дури и јас што не знам да зборам, пак основни работи разбирав) и ги остававме да си зборат како сакаат. Кога почнаа во градинка, си ги научија и македонските зборови без проблем. Сега пак си имаат сеќавање на влашките зборови, да им речеш нешто на влашки разбираат, ама зборат се на македонски.
    Јас сум растена на истиот начин, и еве сега имам 23 години, разбирам се што зборат бабите на влашки, ама никогаш не се потрудив да научам да зборам, и им враќам на македонски. Англиски си научив од филмови, до 4то одделение веќе си зборев без проблем (со пишувањето ми беше потешко, ама и тоа научив после година - две ).

    Детскиот памет е како сунгер, лесно може да се навикне на се, брзо учат без проблем. Дури и да им треба повеќе време да проговорат, не значи дека не разбираат. Доколку се грижите, можете да посетите логопед. Даваат вежби за говорење за било каков проблем (брат ми д'ткаше како мал, и имаше проблем со изговарање на Р, сега си е супер). :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Прашање:
    Здраво, ќерка ми има 2 години и 7 месеци. Незнам дали воопшто да се загрижувам, но не зборува се уште како што треба…зборува на свој јазик, одлично комуницира со нас, раскажува, зборува и доста се труди да ја разбереш, а во суштина никој не ја разбира кога зборува. Оди во градинка, се дружи со деца, но дома гледа многу цртани на youtube и тоа на различни јазици. Дали може ова да влијае врз нејзиниот говор, бидејќи некогаш почнува да брои на англиски, поздравува на шпански и мене тоа ме загрижува. Ве молам за ваше мислење. Благодарам!
    Одговор:
    Драга Марина вашата ќерка се наоѓа во онаа преодна фаза која се случува помеѓу втората и третата година. На оваа возраст гласовите не се постојани како кај возрасните. Поголем дел од нив се во непрестаен процес на обликување, според тоа и во постојан процес на менување.Тоа би значело дека со навремено поправање може да ја увиди грешката и сама да ја исправи. Според мене не треба многу да се грижите. Она што треба да го правите е колку можете помалку на youtube, тоа е таа технологија која денес придонесува за се поголем број на говорни потешкотии. Или ако веќе гледа цртани тоа нека биде со Македонска синхронизација, ги има на интернет. Бидејќи таа е во фаза кога сеуште не го усовршила мајчиниот јазик, а со гледањето цртани и се вметнува и нов јазик. Тоа се нарекува Билингвизам. Мој совет- читајте повеќе сликовници заедно, играјте со коцки, со кукли секакви креативни игри што ќе бидат интересни и за вас и за ќеркичката. Помалку компјутер, повеќе комуникација. Поправајте ја на правилен изговор, помагајте и меѓутоа не со карање или потсмев. Само како стимулација за правилен изговор. Доколку до 4 годинки се уште мислите дека говорот не е добар, побарајте помош од Логопед.
    Го ставив вака зошто е од друг форум превземено, каде логопед дава одговори.
    Мене ми било зборувано на 2 јазика, и во 1 во одд сум зборувала српски...и нормално сум имала потешкотии. И ден денес имам србизми во зборењето.
    Убаво е детето да знае и разбира повеќе јазици, но во периодот на развојот мислам дека сепак е најдобро само еден. Откако убаво ќе се развие говорот, тогаш да се учи и друг јазик.
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.300
    Пол:
    Женски
    Ај мајки што имате постари дечиња од година ипол кажете дали е ок ова... со ќерка ми бар за зборење не сум имала никакви проблеми но сега имам една недоумица. Како папгал е и се повтрува што ќе и кажам ама дали од мрза дали така и е полесно не знам ги кажува само првите слогови од зборовите. На пример и викам батково се вика Марин она го вика БА-МА. А оние зборови кои ги кажуваше како помала си ги кажува целосно колку што може согласно возраста.
    Прашањето ми е да инсистирам на цели зборови или ќе се опушти сама?
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    И мојава исто правеше, и додека да се свртиш - почнала да си ги кажува целосно зборовите :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Е како така само еден јазик?
    Па ние си ја учиме секој на својот јазик и може ќе и треба повеќе време ама мора и двата јазика да ги знае и говори течно. Плус сите викаат малите деца побрзо учат јазици.
     
    На koritsaki, Bozica1980 и bittersweet им се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас не кажувам од тепка, кажувам што велат логопедите. Втор јазик да, секако дека е убаво да се знае ама после 3 години. И во градинка не ги учат англиски пред тоа. Точно е дека побрзо учат, ама зошто сите дечиња се различни, не може секое дете истовремено да ги совлада двата јазика.
    И сепак збориме за дете кое има ете така да кажеме проблем со зборувањето, па да се обрне внимание да прозбори, а мислам дека да прозбори мајчин јазик е многу побитно од тоа на 3 години течно да збори 2 јазика.
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Не би оспорувала стручни лица меѓутоа мислам дека ги нема опфатено онаа група на деца кои живеат во двојазични или повеќејазични средини.

    Јас сум родена и растена во Австралија, дома ми се зборувало на македонски, надвор се зборувало на англиски, јас ги владеам и двата јазика перфектно, не зборам со акцент или смешен македонски, не употребувам македонски/англиски зборови кога го зборувам едниот или другиот јазик, без проблем се префрлам од едниот на другиот и не сум имала никакви проблеми кога тргнав на училиште со мешање на јазиците.
    Исто и моите дома ме учеа да читам и пишувам паралелно со латиницата ја учев и кирилицата и исто не се бунев на училиште со мешање на буквите.
    Внук ми е втора генерација и го поминува истото што ние со брат ми, дома му се зборува македонски, надвор англиски и тој на училиште нема никаков проблем, тој и од комшиите албанци и албанскиот горе долу го разбира.
    Помалите внуци заедно со син ми сега за сега повеќе зборуваат на македонски него англиски затоа што македонскиот повеќе го користиме во комуникација со нив меѓутоа син ми со татко му кој не е македонец го користи англискиот, не знам дали разбира дека има разлика помеѓу едниот и другиот јазик важно на татко му секогаш му збори на англиски.

    Детските мозоци се како сунѓерчиња се впиваат а од знаење на повеќе јазика дека може да има штета абсолутно не се сложувам, барем кај мене во пракса се покажала како потполно неточно.
     
    На Doozy, cecilia, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.