Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Ве молам, игнорирајте го веќе мојот пост. Ете си добив одговор од неколку членки што имале слично искуство, во меѓувреме разговарав со стручни педијатри и други совети навистина не ми се потребни.
    @JoyJoy денешниве деца да ги врзеш не ти гледаат Бушава азбука, не знам од каде излезе сега ова дека сум ја стимулирала со оваа емисија.
    Ви благодарам навистина не ми се потребни совети, мака ми е што воопшто пишав на оваа тема
     
    Последна измена: 4 мај 2022
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mommyysk

    Mommyysk Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Овде сме сите со потешкотии во прозборување кај децата и бараме совети, мислење.. Ако не си сакала мислење, зашто пиша? Ова ми звучи како неблагодарност, као вие мене ќе ми кажувате.
     
    На Camille84, Sofi.ja и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.389
    Моето корона дете на 6-7м урлаше на шпицата од дајте музика:D
    Не дека јас имав во план да гледа,но беше пуштен тв на мтв, тогаш даваа тв училница и бушава азбука.
    Па научи нешто и тој, а б г д е з....итн ја кажува до ш:D
    Ама ова со читањево навистина ме чуди...броеви знаат тие деца или само букви? Пологично ми е бројки до 10 да научат побрзо.
    На моја блиска детето на дрвена азбука ги покажуваше почетните букви на сите во семејството ,но не дека знаеше дека тоа е баш буквата П,туку сликовито ги запамтило.
     
    На MamaMara и Mommyysk им се допаѓа ова.
  4. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Имам пишувано назад за моето дете, скоро 3 години, сѐ уште не зборува. Наменски само не и по негово си брбори.

    Сакам да слушнам мислења од Центарот за Слух и Говор позади Симпо и за Тимот А, како се со термини, како се со цени. Го носев 4 месеци на друго место, не видов некој значаен напредок, реков ќе паузираме (а и многу ми дојде финансиски терет периодот), па си реков да дадам шанса на друг тим професионалци.

    Дали прават евалуација, колку чини, како се изведува? Секако ќе ги барам деновиве, си реков да прашам мислења од „паталци".
     
  5. Mommyysk

    Mommyysk Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас синко го носам во тимот а, имам пишувано.. Ја сум задоволна од пристапот, приметувам напредок, пушта зборчиња. Како се со термини не знам, најубаво да се јавиш да прашаш. Првиот час да го речам ти е проценкана детето, кажуваш што како, во меѓувреме го посматраат детето што прави и после кажуваат мислење.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Син ми уште пред да зборува ги знаеше. Не знам на каков начин ама пр. Да го прашам која е оваа буква ќе ми каже. Искрено мислев дека сите деца знаат и се замислив кога во комшии децата што се пред школска не ги знаат туку сега ги учат. Исто знае и броеви до 20. Ама во секој случај побитен е вокабуларот од букви и броеви.
     
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Темата е Зборување кај децата, а не проблеми со говор. Повеќе се тие активни, бидејќи тие што зборат нели немаат проблем за да побараат совет.
    Не го гледам како напредно на нејзиното наспрема моето. Некои деца се понапредни во едно, други во друго. Може син ми ќе свири пијано на 4г, а нејзината ќе знае да пишуа и чита на 4г.

    Камоли да имаме генерации што ќе бидат напредни генијалци во различни сфери.

    Безвезе се напаѓате.
     
    На Abeja, Lolipop23, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Да, пишуваат родители со деца со проблеми со говор, ама темата не е конкретно за проблеми.
    Нема лошо ако се пофали. Плус во конретен случај за азбука, @JoyJoy даде добри насоки, испаѓа дека таква стимулација е грешна.
     
    На JoyJoy, elimkd и Milkiway им се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Со термини се ептен зафатени. Јас се јавив вчера. Оставив податоци и чекам место. Ист случај сме како вашиот. Проценката е 800 денари, и часовите се толку, со тоа што ако земеш пакет цени се намалуваат.
    @Sofi.ja
    И Андреа не зборува, ама знае азбука. Визуелно ја научила. Буквите ги Спелува кога ќе и привлече нешто внимание. Не гледам на тоа ни чудно ни дека е напредна или надарена. Далеку од тоа. Јас и намерно и ја учев со азбуката на Биби, бидејќи има и зборови и ономатопеи, со помош на дрвена азбука се обидувам да стимулирам говор.
     
    На Ana.Jones, Sofi.ja и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. MamaMara

    MamaMara Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    И јас конечно на кирилица. Извинете за претходните постови на латиница, имав технички проблем.
    Ако мислите на Симпо на Партизанска, тоа е завод за ментално здравје. Прв преглед ни беше таму, со упат од матичен. Напорно е, има чекање, ама ништо страшно. Дијагноза не добивме, само ни рекоа да се работи. Дефектологот Зденка ни рече таму не работат третмани и не викна кај неа приватно, што ми падна незгодно. Побарав мислења од други што оделе кај неа, беа и добри и лоши,и некако не ми се одеше.
    Од фб група посебни родители ми ја препорачаа Василка од завод за слух и говор. Е сега вие сте пишале кај Симпо, па ме збуни зошто ова е на клиника. Исто со упат од матичен, преглед од повеќе лица и таму има вежби. Ама со деца работат до 2, а ние имаме и странско осигурување па секако требаше да плаќаме приватно. Затоа ја најдов Василка и ја замолив за приватни часови попладне. Одиме четири месеци, многу сум задоволна, не ја менувам дефинитивно.
    За тимот А, ми беа многу млади и неискусни,а јас немав време некој да се учи допрва да работи на моето дете. Може и грешам, читам има и задоволни, ама јас така мислам, а и многу се искомерцијализирани со реклами.
    Инаку да, овде сме паталци, па и на вас ви посакувам се најдобро и да биде добро детето.
     
    На Ana.Jones и srekice им се допаѓа ова.
  11. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Не е во склоп на темата но за колку време ја средивте кандидата во црева кај детенцето?? Дали имавте проблеми со спиењето?
     
  12. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Ние одиме во тимот А три месеци и можам да кажам дека напредокот е видлив. Проценката трае 40тина мин и претежно се прашања до вас за навиките на детето и слично, кратко набљудување, но искрено вистинската проценка и фидбек доаѓаат откако ќе почнете со часови.
    Тимот е млад навистина, но делуваат прилично ентузијастички и посветени, па зависи како гледате на тоа :)
    Цената за час од 45мин е 800ден, со тоа што имаат некои пакети, но горе долу и со нив цената по част доаѓа околу 760-770ден. Доколку користите две услуги (логопед/дефектолог) е непто малку пониска.
    Ние до сега одевме само кај дефектолог зашто почна на 2.5год и ни рекоа уште е мал и нема концентрација за работа со логопед, ни сега 3месеци подоцна веќе почна и со логопед и фондот на зборови му е значително збогатен, дури почна и да поврзува две до три зборчиња што ни беше научна фантастика на почетокот :)
    По секој час добиваме инструкции на што да работиме и дома и упатства за конкретни активности.
    Ако ве интересира нешто дополнително слободно пишете ми :)
     
    На srekice и Mommyysk им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    32.393
    Пол:
    Женски
    Побара совет ти дадов совет. Сама пиша дека научила од Биби и од такви слични емисии ала Бушава Азбука. Најискрен совет ти дадов да не гледа такви емисии каде што се стимулира учење на букви, а не говор ама ти изгледа грешно си го сфати или си го сфати како што тебе ти одговара. Ако детето не е билингвално 20 зборови фонд на скоро две години е малку. Затоа пишав стимулирај говор не учење букви. Не знам зошто се налути и скокна на мене ко очи да ти извадив. Ако не сакаше совет зошто пиша? На крајот од денот можеш и да не го прифатиш советот и да си тераш по свое.
    Инаку седат деца да гледаат Бушава Азбука ама откако природно ќе им дојде интерес за букви (а тое е некаде после 5 години откако добро ќе совладаат се друго од говор). И интересна им е на претшколска возраст и во прво одделение. Претходно не им е. Понапредна е.

    А за седење пред ТВ и гледање емисии за букви реши се дали твоето дете седи и гледа или го врзуваш за столица па да гледа? Ниту едно дете магично ништо не учи. Учи тоа што се стимулира. Ако не му покажеш како изгледааат буквите или бројките нема ни да ги научи. Само сакав да ти посочам што и како да стимулираш ама изгледа не ти беше тоа целта.
     
  14. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Ако добро го прочита мојот пост, барав слично искуство, а не совет.
    Никаде не пишав дека барам совет.
    Ете пишав, во меѓувреме добив совет од педијатар, специјализиран посебно за прематурчиња, и си добив совет од него, да не барам проблем кај што го нема.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    32.393
    Пол:
    Женски
    Па никој не кажа дека треба да се бара проблем кај што го нема. Само што и како треба да стимулираш ако сакаш место букви да добиеш зборови.
    ОК е се. Искулирај.
     
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Во Тимот одат многу деликатни случаеви на деца и се со голем успех, лично сум сведок за тоа.
    Ниеден родител не би трошел пари и време за џабе.
    Ако се млади немора да значи дека се неискусни.
     
    На mal.ecka, hotsauce, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Taci88

    Taci88 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    A dali nekoj ima iskustvo so defektolog Sonja Cacanoska od Sistina?
     
  18. MamaMara

    MamaMara Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Па јас и реков дека не мора да значи, само споделив лично мислење и објаснување зошто сум донела некаква одлука.
     
  19. Sara993

    Sara993 Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Син ми има 3 ипол годинки, уште од втората година почна да сврзува зборови ,проблем е во тоа што има нечист говор ние најблиските го разбираме ама останатата околина не неможе секогаш да го разбере што кажува па на некој начин морам да им преведувам .Ќе го носам секако на логопед но ме интересира дали некоја мајка се соочила со ваков проблем?
    Ви благодарам
     
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Од 3 до 4 години се прочистува говорот.
    Син ми моментално оди на логопед за ова, супер си напредува.
     
    На eta, Sara993 и mal.ecka им се допаѓа ова.