Моето дете сеуште носи пелени, со консултација на психолог и дефектолог, ми рекоа да не го форсирам, не било страшно до 3-3,5 години да носи пелени. Бидејќи сега учи други работи да не му правам притисок. Сепак бидејќи е лето планирам да го пробам малку, сигурно ќе биде тешко.
Моето дете не збори додека не го научи зборчето како што треба. Пр: камион си е камион првично ја мрдаше устата како кога читаме во себе а после почна да изговара директно камион или топка, книги, телевизор, багер. како да цели кон потешки зборови а дојди, пиле, баба деде ,тета, тетин,даде уште не сум го слушнала дури и нас не вика мамо или името, тато или името Две години
Мене ми рекоа летово да го откажам бидејќи бебе сум го правела,сум го уназадувала.Но јас мислам дека не треба да го форсирам.Цел август и септември се пред нас.Ако не на пролет кога ќе има три ипол.Не сакам да го оптеретувам.Ни него,ни себе.Се оптеретуваме да прозбори.Да не нешто не е во ред.Никој конкретно не кажува.Уште пелените.Премногу е.
Ние сме две год и еден месец.. За какање научи... Кажи мамо кака ми се.. Ама некигаш нема контрола и му се испушти што е нормално и памперс носи.. Замочање моча по нога.. Кажува мочкам во моменто веќе се помочал тој.. Ама не изразу желба да моча како што кака во нокширо.. И не го форсирам ако бива на мир арно.. Подобро да почекам взима во два три дена ем поголем ем по зрел ем повеќе самоконтрола, него ли да го мачам два месеци
И јас го делам истото мислење, сега сме насочени кон совладување на говорот и разбирање, премногу ќе им дојде. Има време ќе научат. Јас пробав и тешко, чисто да видам. Има деца се разбираат и зборуват па тешко им оди. Се надевам ќе научат се!
Да,апсолутно!Денес јас и во "Симпо"го однесов на психијатар,психолог,дефектолог,логопед.Едноставно ми требаше мислење за моето дете и од таа институција.Меѓу другото логопедот таму ме посоветува спонтано со откажувањето,без форсирање!
Здраво,мојата ќерка има 2години и 5 месеци,сеуште не сврзува реченици меѓутоа се разбира,наредби слуша,моториката и е супер,по цел ден игра,реди коцки,сложувалки,цртани ако и пуштиш ќе гледа ако не не бара воопшто,порано повеќе гледаше веќе не,мама и тато кажува,баба исто,овошја,зеленчук,животни,сите ги знае и ги кажува,кога ќе ја прашаш нешто во моментот може нема да ти кажа ама оди ја зема книгата и доаѓа и сама ги кажува животните на пример,исто така,здраво прави,чао,ајде,кога не сака нешто не кажува,ама реченици никако до сега само една има кажано а може и така и дојде во моментот,по цел ден и зборувам си играме,внимание има од мене.. Кога сака на пример да јаде вика ам ам или мњами,кога и се пие вода или сок ги разликува кое шише и е за сок кое за вода и ми ги носи зависно што сака тогаш. На песнички игра и ги повторува движењата како играат. Сега почнува да брои од 1 до 10 сеуште не разбирливо ама ја гледам дека се труди. Кога игра и кога ќе заврши со играње ког аќе намести дали коцки или нешто друго вика браво и тропа со рачињата,исто и кога ќе и дојде да каже некој збор или да повтори нешто по мене. Дали има простор за паника и дали е време да ја однесам на логопед,дефектолог? Можеби е генетски мојот сопруг прозборел од еднаш на 3 години и 3,4 месеци,јас на 18месеци.. Ме фаќа паника и сакам со време да превземам мерки и да и помогнам,бидејќи второ бебе на пат после може и ќе ми биде потешко бидејќи сум сама и немам помош од никој.
Моето детенце беше слично на ова што опиша плус он само што кажуваше повеќе зборчиња исто на возсраст како на твоето. Посетуваше дефектолог и логопед,после тоа уште кратко логопед и сега веќе на 3 ипол години збори како навиен. Уште нее 100% чист говорот но за оваа возсраст е задоволителен.
За сите што имате ваков проблем..би советувала....братучетка ми истиот проблем..Малиот 3 години ,немаше мама кажано...веке беше загрижувачко,ги посетија сите доктори ,се беше во ред. На крај ги советуваа да му одземат гледање на телефон и телевизор цртани. Детето прозборе за 3 месеци.
Еее ова истото го зборам на една роднина што живееме многу. 3 ипол е малото. Постојаноооо е на телефон или тв со youtube и само англиски. Македонски ништо освен неколку зборови. И покрај тоа што знаат дека тоа е проблем не превземаат ништо , туку и они му зборат комбинирано мак-англ. Плус премногу според мене му е дозволено. Да влече за коса, да удира, да кака сред соба со леб во рака, ако не е по негово вришти додека не биде како он сака. Едноставно неможе да сфати НЕ и преку објаснување и преку краток одговор. Бидејќи имаме и дефектолог во семејство , гледа што се случува и дели исто мислење како мене, како и дека треба да се побара стручна помош… Мајкава као од септември рече ќе го носи, ама баш и не ми е верно…
Da prvicno so poseta na logoped prvoto ke bide da se isklucat site uredi i taka da se pocne da se funkcionira.
Дали ке можеш да ми пишеш ЛП бидејќи јас неможам,сакав да те прашам во врска со дефектологот и логопедот.
Постојат голем број нарушувања на говорот и отстапки од развојот кои немаат поврзаност со медиумите. Со посетата на стручни лица автоматски се минимализира или целосно се отфрла користењето на медиумите, но не е тоа магичниот лек за сите. Да, постојат голем број родители чии деца дремат цел ден пред ТВ, ама при вака формулирани постови, на ваква осетлива тема, човек да си помисли дека на сите тука децата дремат цел ден пред ТВ па ради тоа се до ова дереџе дојдени. Оти не е истиот проблем кај сите, кој тргнал по тие врати знае.
Апсолутно!Јас имам пример за девојче кое воопшто не беше мешано со деца.Цел ден пред тв со цртани.Прв пат почна да си игра на лулашки пред две недели.Ќе те продаде.Бидејќи јас невлегов во оваа проблематика гледам понекогаш многу суров однос спрема нас родителите,понекогаш како за се ние да сме виновни.Сите ние имаме мака кој помала кој поголема и треба малку поинаков пристап.И друго нешто ова веќе со аутизмов и нарушувањава ко да се претера.Не дека сум заостаната.И јас пратам,читам детево посетува логопед,дефектолог.Секаде однесено,но и порано кога немало ваква развиена технологија деца и на 4г прозборувале.Па и дедовци,баби дочекале да бидат.Јас ќе си работам со детето ќе работат стручни лица како и до сега што работеле ама сакам да се смирам малку.Попуштам психички тоа не е во корист ни на децата ни моја.Поздрав мајки соборци.Главите горе!Се ќе биде во ред!
А за што поточно ти е паниката? Детето прави сѐ што треба да прави на нејзина возраст. Инаку и ова е зборење, соодветно за нејзините години. Мислам дека непотребно паничиш. Инаку, се согласувам дека магичниот лек за прозборување не е "само изгаси телефон и тв", туку е само еден дел од решението за проблемот. Да беше така, немаше да има потреба од логопеди и дефектолози.
Искрено паниката повеќе ми ја прават тие околу мене што ми зборат и се мислам дека нешто не е во ред.. Контактирав логопед ми рече дека се е во ред за нејзина возраст нема простор за паника и ми олесна.. Се сложувам исто за телефонот и за телевизорот потполно.
Моето бебе е 8 месеци и ме загрижува тоа што сеуште не гуга. Само ммммм некакоко да ржи со затворена уста кога се нервира и ништо друго. Инаку реагира на звуци и на име.