И јас се согласувам дека телефонот не секогаш е виновен за доцниот говор. Ќерка ми ништо не јадеше и еве признавам ја хранев со јутуб од 6 м. Обожаваше цртани. Прозборе на 10 м со јасни зборчиња, пред година ипол почна да сврзува реченици. Син ми воопшто не сака цртани. Песнички слуша, ама да се занесе во телефонот никогаш до сега. Наскоро ќе полни 16 м и има многу помал фонд на зборови од сестра му на таа возраст. Така да, некако таа теорија ми паѓа во вода, барем кога се во прашање моиве деца.
Ко моиве исто баш , само кај мене синко е 18м и сега од пред две до три недели се разборе повеќе , зголеми наеднаш зборови нови повеќе да кажува и потешки. За разлика од сестра му на таа возраст веќе муабет можеше да си правиш. Машкиве уназад со се а син ми и лагано со се си тера од бебе он никаде не се брза со ништо , освен со глупости правење и карање,инаетење со сестра му Кај тебе како се ? Овие моите мислам дека ќе почнат да се тепат уште малку
Моиве се разлика скоро 4 год. Да чукнам за сега не се закачаат ич. Дада му некако е многу заштитнички настроена кон него и му попушта. Ќе видиме до кога ќе потрае
Од кога почнуваат со поголем фонд на зборчиња? Ќерка ми е годинка мама, тата, баба, па па, вика. Не разбира кога и збориме, на пример спушти ги рачињата, ги спушта дај пољупче, дава. Не, не вика мафта со прсте како кога ја карам јас. Ама па некои плус нови зборови нема. Кога се разборуваат убаво?
Како што зборувавме назад во темава, нема некое правило. Сите деца се различни. Вака ми изгледа се нормално. Многу е важно дали разбира детето и дали извршува инструкции. Како што кажав, ќерка ми на 15 м имаше голем фонд на зборови, дури можеше да разговараш со неа. Син ми нешто слично ко твоето. Има безмалку 16 м, кажува мама, тата,тете, баба, дада, дај, на, цице, џиџа, да, не, бммм за кола, бам ако падне нешто, буу за смукалката, прави здраво, чао, браво, праќа пољупци, бацува сочно , покажува кај му се раце, нозе, око, нос, курето,извршува наредби во стил затвори врата, донеси ми го даљинското, дај ми го телефонот и сл. Не сакам да ги споредувам зошто секое се развива со свое темпо. Ќерка ми подоцна проооде, овој од 11м уште на лустер што се нема качено. Битно да ги пратиме дали горе доле се однесуваат нормално за возраста, ќе си прозборат секако.
Дали ова треба ортодонт или логопед да го препора ? Нашата има ресичка под јазичето, логопедот ни рече дека со вежби ќе станела еластична
Кај Елена во Дента Ес. Но за ресичка не ви треба ортодонт мислам, може и орален хирург да го среди тоа. Ние не ја сецнавме ниту доле, ниту горе меѓу кецови направивме нешто, а само се среди и тоа и тоа. Мојава носеше трејнер (како силиконска протеза е тоа) за да и се намести убаво вилицата, а тој и помогна и за ресава горе што и беше поврзана кај кецовите и кецовите се поблиску еден до друг - слики доле види пред и потоа. Плус загриз немаше, во вис и беа забите и на затворена уста. Сега е супер, ама многу бевме упорни, но и она слушаше и соработуваше. Инаку 1г оди на Логопед и сеуште ќе оди, има мака сеуште со некои букви (од навика пак пика јазик меѓу забите), не ги изговара правилно, шшка, ги менува на некои места (ѕ, ш, с, з, ч, џ, ц). Спојлер: 2г Сеа е 4ипол год. Еве ја наспроти пред 2г и сега.. Пред и потоа. Пред и потоа.
Mojata u 10ti skok. Ko preku nok stana eden den i imase 3-4 novi zborcinja...ke bide ne i se sekiraj.
Сакам да прашам мајки на вас децата што не ви зборуваат,што се по нервозни како се прифатени во градинка?
А кој знае, искрено и јас се мислам тоа. Они викаат дека е супер, се снашол, ама е најмал во групата по возраст, а и физички е ситен.. Децата со него сигурно веќе зборуваат 3+ години се повеќето. Он е 2 и 8 месеци, почнува да зборува сега ама неразбирливо. Откако оди во градинка почна да закача други деца и да им граба од раце играчки, па претпоставувам нешто така е и во градинка. Ама и се пушти да зборува повеќе откако оди, претходно не сакаше.. Едвај чекам убаво да почне да кажува се..
Од дамна не сум пишала на форумов , веќе и ќерка ми е детенце и 24/7 незнсм главата каде ми е од обавези. Не е конкретно за темава ама знам дека доста мајки што пишуваа тука имаат искуство. Син ми направи 3г. пред една недела. Псоледниов месец е прехиперактивен и 3 пати до сега го приметив како се затресува наеднаш како од треска. Ама мн се уплашив ми изгледаше страшно. Го прашав дали го боли нешто ми вика не. Матичната ми рече може да не е ништо ама за мирна глава да одам на невролог. Тука нема соодветен кадар во Охрид па секако октомври ќе идаме за ск и ми ги предложија др.Билјана Ризванова од завод за М.З и Др. Наталија од Систина. Дали имате некое искуство со невролозиве или некој друг да ми препорачате ?
За др.Наталија можам да кажам само пофалби, ви ја препорачувам. За другава немам искуство. Направи консултација да си мирна
Од Наталија презадоволни и како доктор и како човек (пристаппт ој го имаше) Само да знаеш да закажиш со време оти се чека и по еден месец за термин.
Мајки да ми препорачате добар логопед за корегирање на неколку гласови р, л за прваче во околина на Аеродром
Син ми има 3год и 2 месеци, до две ипол години не кажуваше ништо, за сѐ ме фаќаше за рака и ме носеше за да ми покаже што сака. Од тогаш (пред 8месеци) почна на логопед и дефектолог и има видно подобрување, сега веќе сврзува и кратки реченички и кажува што сака и слично. Многу сака сликовници и редовно му читаме, па сега на пр тој самиот се вклучува и ги раскажува (со клучни зборови, не на долго и широко), но сѐ уште не раскажува секојдневни нешта- на пр. да ми каже што правеле во градинка, што јадел таму, со кои дечиња си играл и слично. Дали ми се превисоки очекувањата дека за 8месеци требаше до сега да го стигне и тоа ниво, со оглед на тоа дека почна од нула или сепак напредокот е бавен (инаку сѐ уште оди, има два часа неделно со логопед и еден со дефектолог)? Какви се вашите искуства во однос на време и напредок кај логопед? (знам дека секој случај е различен и не треба да се споредува, но сепак ни сакала да слушнам и други искуства)
Многу е индивидуално. Некое дете ке совлада р и л на логопед за еден два часа, некои им требаат две недели па и месец. Битно е да има напредок, ако стои во место треба да се види зошто нема напредок. Кај твоето дете има и тоа е супер.
До година и пол колкав речник треба да има отприлика? Сега за сега (1год 1мес) кажува мама, баба, дедо (некогаш де, некогаш деде/дедо), ав ав за куче, мау за маче, мау/ма за музика (кога му пуштам тв му викам ајде да го гледаме мачето или да пееме со мајмунчето), дај, на, да/не, брм брм за сите возила, буу за машината и сл, фууу за ветер, апо апо за шпоретот и за штековите. Гледам и дека ги разликува животинките, му велам донеси шатката, донеси го слончето, ми ги носи, само скоро за сите животни вели мау, ама веројатно уште е доста мал за да ги кажува? На што следно да обрнам внимание да го научам?