Читаме. Само не знам кај да најдам некои посоодветни за деца (без убиства, не сакам од типот на Снежана, Црвенкапа, Симбад морепловецот итн). Овие што ги имаме дома му ги прераскажувам на мој начин да го прерипнам тоа.
Имаш многу сликовници со животни каде што нема убивања и слично. Прашај за такви во било која книжарница. Класичните бајки можеш да ги оставиш за подоцна. На таа возраст земи некои сликовници со тврди страници (мојов ги обожаваше Емил и Руфи од Просветно Дело, Вознезамјанинот Оли исто од Просветно Дело, Топер имаше такви со тврди страници неколку различни со различни тематики) така и детето ќе биде вклучено во „читањето“ на приказната и ќе може да покажувате заедно кон сликите и да именувате предмети, луѓе и слично од истата. Не мора и само да се чита туку да се раскажуваат страниците и да се забележуваат детаљи и зборчиња. Е преубави поучни приказни има во издание на Елоквента (тие имаат најубав и најверодостоен превод). Мене ептен ми е убава Замисленото мајмунче. Од Елоквента ги има и Елмер, Елмер и Вилбур, Графало и слични. Има сега и македонски автори со убави поучни приказни и странски преводи. Види изданија на Чудна Шума и Едиција Светулка. Имаме тема за сликовници побарај ја и таму ќе најдеш многу идеи за книги.
Ист фонд на зборови нашиве имаат. Јас се зачудив колку разбираат. Пред некој ден и викам иди седни во шатор и читај некоја книга, отиде си седна и си зема сликовница. Запрепастена бев.
Се зборува само ништо не го разбираме, вика се дери, кажува мама тата баба, кола, друго некои зборчиња предмети бои на англиски, не знам кога ќе се опушти повеќе со зборувањето, многу цртани сака да гледа на англиски одвај му го земаме мобилниот, на македонски нема многу избор и не го интересираат. Сликовници гледа покажува и само врти нема голем интерес. Ако нема цртани ќе си плачи по цел ден. Му ги исклучувам за да не му се меша јазикот. Кога зборуваме многу работи разбира само не знај да се искажи. Колку зборчиња треба да знај за две години и како да го подобриме говорот?
Taman si e toa e...zboru mu citajte. So 10skok moeto pocna mnogu poveke da zbori....del e brbljanjw sto pojma neam sto kazuva ama i gledam se trudi da gi kaze zborovite. Na primer ako bara voda ja drzam casata pred nea j i povtoruvam voda voda i probuva da go kaze....taka i za drugi raboti
Да, да, повторуваме обавезно. Има едни кутии што се ставаат една во друга, на сите има разни сликички и сега овошјата ги учиме, ама не се до толку усовршени па не ги сметам. Бананата ја погодува отприлика, бана нана, бана нана, лубеницата ја вика бен бен. За вода едно време пробуваше да кажува, сега почна да прави некои гримаси, да шмука на празно кога е жеден, нејќе да каже. Исто и за спиење си кажува нана, за јадење њам њам. И обавезно нешто "меља", кој го знае шо кажува.
Скроз вие сте понапредни од нас а помали сте ќе си научат со тек на времето пополека, супер сте Моето кажува мамама, бабаба , тата , дада , си прави фаца кога ќе види куче/маче , на, да , не , брм само тие ги кажува почесто, и ми дава книги да му читам .. Си разбира кога му кажуваме чао,дојди, бањи , со гест ни кажува
Сега ќе фатев пак да пишам. Ќе скренам. Вчера пак се затресе ама помалце. Бев денес на лекар сабајле ми рече докторката мора детски невролог и обавезно еег случајно да не е нешто епилепсија. Ама син ми па никогаш не се пожалил глава да го боли ...незнам што да кажам. Тука нема во Охрид детски невролог ни еег. За кај Др. Наталија во систина тек ноември има термин. Мајки има ли некој друг добар невролог за побрзо да одам ?? Инаку ѓокерче можеби се тресат поради тоа што даваат напон за каки. Син ми без да дава напон се затресува. Јас помислив да не има и бактерија во мокрача па да се тресе поради тоа ама ќе ми кажеше ако го боли. Ако се затресуваат пред да какаат само, нема ништо.
@NewMama да прашаш за д-р Апчева во плодност. Мислам дека е невролог, знам дека гледа ехо на мозоче, ама препрашај за сигурно да не утнам нешто.
Таа не испрати од болница и за син ми и за ќерка ми ,ама искрено не сум задоволна од нејзиниот пристап а и нз дали имаат еег во плодност, најдобро е да се јавам.
@NewMama ни под разно немој Апчева. Прво не е невролог, а второ пристапот и е никаков. Ние исто бевме кај неа од што плачеше ќерками не ни успеа да ја прегледа, не се ни потруди да ја смири, и на крај за 5 минути плачење ни наплатија цена на преглед.
Од едиција Светулка има сликовници од наши автори. И Чудна Шума исто. Ама тврдокоричени по 300 денари се а малечки. Многу ми се скапи од нашиве автори. А многу се интересни, пак, со весели бои, животни. Обично за таа возраст со животни е подобро да се читаат и пократки раскази. Ако знаете некои други интересни сликовници, пишете. И јас барам.