Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    И ние сме тука негде со зборчиња се прашувам дали е за на логопед, да не е рано, некои чекале до 3 години.
     
  2. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Јас прво ќе се консултирам со педијатар. Да видиме што ќе каже.
     
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    93.902
    Пол:
    Женски
    Јас првпат дадов цртан на 18-19 мес,до тогаш веќе знаеше да сврзе реченица.Не верувам дека е до тоа 100%,генетика има исто влијание и плус надворешни фактори,ама предолга изложеност на екрани секако има негативно влијание.
    Ако погледа со родители заедно и коментирате што се случува, а тоа да е 15-20 мин не е страшно,ама со саати да зјапа во тел/таблет,јас би се загрижила.
    Минимизирај за почеток и види каков напредок ке имаш.
     
    На elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Има влијание и екраните ама не верувам до тој степен, зборувајте им постојано, читајте им книги или измислувајте приказни од сликовниците, боите, цртајте, игри и фигури со пластелин, прошетки.
    Кога велите дека гледа на таблет/телевизија/телефон цртани колку тоа саати се искрено?греота е детенце со саати цел ден да е пред екрани не верувам дека такво нешто постои. Се хипнотизира дете со саати пред екрани? Мене од таква ситуација страв би ме фатило.
    И моето гледа искрено, многу ги сака суперхероите ги имитира, пушта демек мрежа или ќе фати тел ама брзо му здосадува и ќе го зафрли се фаќа со нешто друго да се занимава
     
    На minne992, eli25, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  5. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Најверојатно на погрешен коментар пиша, јас само совет дадов. Ама истото го помислив дека сигурно биле во Колевски, исто од Охрид сме. Само таа бабата може такви сценарија да прави.
     
  6. malomende

    malomende Нов член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мојот син има 2 години и 8 месеци но сеуште не зборува. Кога тој беше 10 месеци јас повторно останав бремена со второто дете кое сега има 13 месеци. Пред да се породам кажуваше неколку зборови мама, баба, тато, деде, дај, не, но премногу му беше дозволено да биди со телефонот мораше така затоа што имавме друг проблем со нејадење и добивме средна тешка анемија и ми беше нагласено дека мора да најдам начин да почне да јаде изгледа избрав погрешен начин за да почне. До година и 9 месеци јадеше блендирано веќе потоа бев упорна дека мора да почне со парчиња и успеав. Веќе проблемот со нејадењето е среден јаде и проблем околу тоа немам. Но проблемот е што од кога се роди второто дете. Имаше многу грчеви и плачеше скоро 2 ипол месеци одтогаш и син ми прекина да изговара било што ниту мама не кажуваше. После одредено време повторно почна само мама да вика, но освен тоа ништо друго. Оде во градинка нема поплаки дека е непослушен или било што друго. Телефон е тргнат скроз веќе 3 ипол месеци. Но не сака да игра со малата кога ќе му земи играчка веднаш напаѓа, греби, турка не сака никако со неа да игра ако јас не сум до нив или татко му. Секогаш кој и да ја земе во раце тој гледа под око љубоморен е тоа ми е сосем јасно. Реде коцки, сите броеви до 20 кога го прашувам ги покажува, знае да покаже која е неговата буква прва од името, буквата на татко му и и на мама. Но сепак јас сум загрижена затоа што тој слуша наредби може да кажам во 80 посто но сепак кога несака не ме регистрира ни дека сум присутна. Игра со деца но не со секое дете сака со поголеми. Многу е активен цела ден во трчање скокање само два часа преспива. Кога и да му се обратам кажи маме нешто само ќе ме погледне и заминува. Во последниот месец почна и се повеќе да се треска од земја да плаче да вриска ако не е нешто по негово и гледам дека со игнорирање се средува. Но сепак има моменти кога забележувам дека е збунет. Сакам да побарам стручна помош искуства ваши каде се сте биле, не ми е важно приватно или државно сакам да се направи се што може побрзо не сум мирна само плачам се нервирам срце ме боле кога ќе ми се обратат па уште не зборува. Незнам зошто но помислувам и на аутизам не сум мирна воопшто ве молам за препораки по можност со број за контакт.
     
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Појдете кај логопед нека му направат преглед сепак мислам дека ќе се пушти многу деца подоцна почнуваат со зборување ако извршува наредби не ќе да е аутизам не се плаши. Мојот има 2 год и два месеци пред 2 месеци ништо не кажуваше забележав дека од ко му ја тргнав цуцлата цело време нешто зборува исто забележав колку само внимание бара во играњето и колку се труди да повторува ако му зборуваш комуницираш со него. Пример почнавме со работи како кола трактор мотор чанта колце врата чаша и ред други зборчиња само ги повторуваме и тој ги запамтува. Ова кај нас е сега само не повторува. Уште не сврзува реченици и има зборови и букви шо му се тешки да ги изговори па си зборува на бебешки ќе видиме дали до 3 години ќе има подобрување ако не барам логопед да одиме за да има напредок. Мој совет појдете можи ќе треба и подолго време да го носиш, ќе ви даде и за дома вежби.
     
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    8.742
    Пол:
    Женски
    Колкав фонд на зборови треба да има на 14/15 мес?
    Ќерка ми вика мама, тата, баба, деде, чао, чајче, папа, кака, бебе, да, не. За куче ав ав, за маче, мају мају, за патка ква, за кола брм. По нејзино ги кажува здраво, живели. Остатокот од времето збори константно ама бебешки, неразбирливо. Ама најсериозно константно брбља нешто.
    Кога почнуваат да зборуваат разбирливо? Како одеднаш почнуваат да зборат?
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Од 17 месеци почна повеќе да зборува. На 15 имаше неколку зборови и почна да не имитира.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/UcilnicaDaskalovski Прво се закажува консултација па ако има потреба и детална проценка на развојот од дефектолог и логопед. Јас сум задоволна и од самата консултација и советот што ни го дадоа.
     
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Зборувањето е процес за кој е потребно подолго време, нема таткво нешто како се разбуди и одеднаш почна да зборува, кај секое дете различно е, најбитно е на таа возраст да извршува команди, да има фонд на зборчиња кои имаат значење, да се врти на име, за се останато потребно е време, читање, постојано зборување, повторување
     
    На Sofronko, hotsauce, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Женски
    Мора и не мора да има на таа возраст кратки реченици. Со советите за тргање телефон се слагам подполно, на детето не му е потребем телефон иако вас ви е полесно, туку сте му потребни вие. Колку и да е напорно, колку и да не ти се игра, мораш. Моторички игри пред се, играјте игри кои бараат многу зборување, објаснување. Битно е детето да разбира се, иако веќе кажа дека разбира, но дали знае бои, дали ги поврзува работите/слагалиците или мемори игри. Има разни, со овошки, зеленчуци, предмети. Зборувај му и прашувај го. Доколку тие работи го совладува, без гајле.
    Јас имам дома многу темпераментно, своеглаво девојче, кое знаеше апсолутно се, кое има преголема меморија, се снаоѓа многу брзо, но на 2г и 3 месеци знаеше само основните зборчиња да ги кажи и покрај тоа што и посветував многу внимание и што сама се трудеше да ги реши сите задачи од игрите. На 2г и 5 месеци она почна да сврзува реченици, на 2 и 10 месеци не можам да ја запрам. Се се деси мислам преку ноќ, се што впивала до тогаш, наеднаш го истаде од неа и сега зборува повеќе од некои деца кои почнале ептен рано, згора на се расти со два различни јазици.
     
    На Bebac, eta, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Taman si ama drzi u raka predmet pred da i dades i povtorivaj i kako se vika ke pocne da se trudi bas da gi kazuva i ke si se zgolemi fondot na zborovi. Mojata na primer za raboti sto ja interesirast odma gi zapamtuva i kazuva. Vikendov i dadovem torta da proba odma slednkot den pred frizider vika torta(doduse tota poveke ama toa e) od ednas kazano:D
     
    На i13dk и Tea SK им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    1.383
    Мами може предлог какви се тие мемори игри , моето е 15 месеци и сакам да му земам убава игра за да се научиме веќе пополека
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Женски
    Па еве пример на некој игри кои се добри за моторика. Исто мислам дека многу е добро да се игра продавница, на малава и зедовме каса со неколку овошки и дрги производи и ставаме играчки околу нас и прво е она продавачка, па се менуваме, така не свесно ги учи предметите, а и несвесно почнува со разговор.
     

    Прикачени фајлови:

    На enaena, Slonce91, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Од каде ги зедовте првите картички, тоа со магнетите и меморија?
     
  17. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Немој
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Женски
    Од Амазон се нарачани, но видов дека има и во Офис Плус во East Gate. Како таблата со магнети има во едни продавници што се во рамстор и во сити мол на горниот кат, не е баш класична продавница туку така како на среде мол се, имаат дрвени играчи, епа таму има доста добри едукативни работи.
     
  19. MotherOf2

    MotherOf2 Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво членки , мајки :)
    Овде сум нова , барајќи нешто на интернет налетав на странава и се зачленив. Сакам да побарам мислење , во случај и други мајки да го имале тој проблем.
    Синчето ми е 3 год и 4 месеци. На година ипол веќе почна да учи зборови, да одговара на прашања како се вика, колку год има, како се вика мајка му, татко му итн. Точно на 2 ипол години го донесов во Швајцарија и сега тука живееме, но во сврзувањето реченици нема никаков напредок. Знае да каже кога нешто сака во неповрзани реченици на пр. Одиме мама давница купиме сладолед и после пиеме кафе... и слично.
    Во последниов месец дена многу покажува "хиперактивност" незнам дали така можам да го наречам. Скока рипа, не слуша ништо , во градинка ( иако сеуште не го знае јазикот, ама нели ќе научи дете е ) учителката вели дека исто не ја регистрира се додека построго не му се обрати и за рака не го донесе до клупата кадешто треба некоја активност да прави. Знам дека годинава малку попуштив со цртани ( од типот Симба, тарзан, 101 далматинец , а во последниов месец пинк пантер ) и тоа треба да го намалам, но сепак да прашам дали е за на дефектолог или не ? Телефон од никогаш не му бил дозволен, и не сум сакала како некои родители додека го хранат детето да му давам телефон, туку секогаш било јадењето на маса и детето јаде. Но во последно време се додека не му повишам глас или во најлош случај го скубнам или малку го плеснам , он не ми обраќа никако внимание и упорно прави нешто што му велам немој, го прави тоа и ми се смешка во лице , незнам дали е премногу мал за да знае за инат, незнам дали се работи само за "разгалено" дете, или треба да се обратам на дефектолог. За зборувањето верувам дека е малку збунет бидејќи сега тука слуша друг јазик, ама за тоа што е многу хиперактивен, минута во денот не застанува со рикање скокање пеење , незнам дали и како да го натерам да обрнува внимание а без да му се развикам...?
    Извинете на долгиот пост , но сакав да објаснам убаво.
    Благодарна сум на секој совет.
    Поздрав
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Женски
    Мајка, он е дете. Темпераментно дете, со цврст карактер, сака да види до кај му се границите, сака да истражува, па кое дете седи в место?
    Имам дома едно темпераметно дете кое расте со два јазици, прво растење на деца со два јазици не забавува зборување, второ повеќе надвор, 2 саати барем во денот во парк да се истроши детето, на темпераменти деца им треба повеќе игри, спорт. Не те регистрира општо кога ќе му зборуваш или кога го караш? Тоа се две различни работи, во првилт случај, да најдобро е проценка и совет од дефектолог, во вториот случај, повеќе меѓусебна работа, со миреност, со објаснување, со разбирње и многу трпение. Шлапкање и кубање се контра ефект, посебно на своеглави деца.
    А учителката, прво треба да му покаже дека е сигурен во градинка, пошо он не разбира што му се зборуава, знаеш ли кој стрес е за дете нова средина? Нови правила и непознат јазик? Иско мислиме дете е, ќе се адаптира, даа полесно него голем човек, но ние знаеме да прикриене разочарување и револт, а оно не. Вистина е веќе поминат период од вселувањето во друга држава, но него му треба сигурност во градинка.
    Нема дете кое не не тестирало, кое не ни се смеело во лице, кое не ни кинело живци, но доколку мислиш дека тешко се справуваш со тој предизвик, секогаш сум за разговор со стручно лице кое ќе ве упати подобро.