Благодарам многу на одг. Во прашање е не обраќање внимание кога нешто му велам немој така, не скокај мн се слуша испод нас, и на улица знае да ми побегне со тротинет и не застанува додека не викнам погласно. Во сите други случаи обраќа внимание. Конкретно вчера се заклучи кај него во соба, бидејќи сеуште несака за голема нужда да седне на ВЦ школката туку во гаќи или евентуално во када кога се бањаме, а за мочкање сам си оди си има свој писоар во тоалетот, и додека му велевме од надвор да ни отклучи он се смееше и си играше но откако го извади клучот од бравата знаев дека веќе тешко ќе го врати, и отидов надвор, среќа прозорот од неговата соба гледа во дворчето, и му реков отвори прозор ( откако му ветив сладолед ) он отвори малку прозор па сакајќи да ми го даде клучот му падна под кревет, па ги слушаше сите инструкции да го поттргне душекот , даската , и дојде до клучот , го зема и ми го даде. Сам јаде , сам мие заби и доста работи. Добивме бебе пред 3 недели, и кога му велам седни да го гушнеш да ве сликам, он слуша и многу е внимателен. Но 80% од денот, само скока, рипа , јас му се доближуваме да му кажам ајде да цртаме да боите, и некогаш несака ни во очи да ме погледне само се смее ја врти главата на сите страни, а некогаш седнува и бои со мене, реди играчки, коцки.... Знам дека е контра ефект со шлапкање и секогаш се расплакува откако ќе му викнам или ќе го скубнам, но понекогаш си мислам нема излез , бидејќи сум пробала и со молење, и скрос не сум го забележувале не сум му велела ништо мислејќи ќе му здосади и ќе престане, но ни едното ни другото нема резултат и затоа се загрижив денес кога се пожали и учителката... несакам да напишат некоја забелешка дека е незаинтересиран па да ми го пратат на некои детски психијатри ( бидејќи знам и такви случаеви тука ) И затоа си реков , откако ја најдов странава, да си напишам, можеби некој ќе ми даде утеха... Благодарам уште еднаш
Мојата има 3год и 8 месеци, зборува 3 јазика, во последно време ми е увртено во глава да ја носам на логопед, незнае буквата Р да ја кажува. Наместо Р -раката, вели Ј-јаката. На детален преглед сме во февруари, до тогаш ќе вежбам дома со неа, секој ден како и до сега со примери.
Син ми е двојазично дете, буквата Р прв пат ја кажа на 4 и пол, 5 години, до тогаш кажуваше Л наместо Р. Нема простор за грижа. Се ќе си дојде кога ќе биде време, не брзај.
Од ко пишав до сега се сменија работите. Има поголем фонд на зборови и сврзува и по некоја реченица. Мајка ми, ми вика дека јас сум за на логопед.
Скоро слушнав од една мајка приказна, го носела детето на проценки и и рекле, мајка детево е супер, во тебе е проблемот и верувам дека за многу работи сме ние самите криви. Се ќе биде во ред, ќе се ослободи детето повеќе и ќе се изненадуваш колку брзо учи. Секако дека не секогаш е во наша моќ се и од Х причини некои деца имаат потреба од стручни лица, но доколку разбира се, соработува, со труд и од дома може да се постигне ефект. Реално, сега децата прозборуваат покасно него нашите генерации кога прозборувале.
Прашање до мајки чии деца доцна им прозбореле. До која возраст целосно се прочистил говорот и почнале чисто да зборат?
Заради бебе е тоа, го чувствува недостаток на внимание што го имал претходно. Ама ќе му помине. И ние бевме нешто слично, ама еве сега тетката во градинка го фали, најпослушен бил од сите деца. Уживај и гушкај го повеќе, а постојано фали го, така ќе стане уште подобар.
Гледам деца на возраст на син ми се повеќе зборуваат, почнува да ме загрижува, некои зборови не знам како ги слуша но си ги зборува како шо му е полесно, викаме цело време цртани тој ги вели талие, вода вајо, елка вита, млеко анте, блуза бузе не знам од кај му идат ништо точно не кажува.
Мајки,ќерка ми почна да се испушта се повеќе зборови,но гледам дека ја изоставува буквата Р,дали е нормално за почеток...и кога ја усовршуваат.23 месеци е.
Еден ап дејт и да размениме до кај сме, дали сме ок... 17м. кажува зборови, мама(о), тата, баба, деде, дада, тете, тетин, м(л)еко, пиу, мјау, ав, бебе, биби, мењо (за медо), хо хо (за дедо мраз), еко (за елко), пау (за балон и топка, леб, ку (за круша), баја (за банана), мини, лак, па (за патики), нос, око. Имитира животни...., како кашла, како се смее, делови од тело покажува . Наредби извршува. И други зборчиња можда има. Е сега ако и кажеш збор она ќе си повтори нормално по нејзино или пак ќе го каже само првиот слог. Нормално е така? Мене ок ми личи, ма да секо дете нели си е различно. Ама дека на почеток каснеше со моториката и сега на се дувам. А и педијатарот ми вика почекајте за мрп, дали дека е прематурче незнам и сега се ми е на мисла. Кога почнуваат да сврзуваат по 2 збора пример или почист збор да каже. На Повеќето зборови го кажува само првиот слог од зборот.
Мислам дека е ок и моето на таа возраст толку кажуваше. Поретко повторуваше по нас, битно не разбираше што зборуваме и извршуваше команди. Со тек на време се опушти и почна да сврзува по 2 збора и некои зборови да ги кажува правилно.
На 5г и 2м сеуште не е скроз разбирлива. Уште мака мачи со некои гласови и нема Р. Успева да ја каже на почеток на некои зборови ама не е Р баш, меѓу Л Р е нешто. Се надевам за 7, 8м ќе се исчисти веќе скроз говорот...
Kako gi ucite decata da kazuvaat pravilno. Moevo mnogu zborovi ne gi kazuva kako sto treba. Nie domasnite ja razbirame znseme koe sto i e ama osven sto go kazuvame zborot tocno drugo ne znam sto bi praela. 20 mes e
Добро правиш, продолжуваш да го кажуваш зборот правилно, со тек на време ќе научи и она. Моето неколку зборови така ги корегираше. Пример долго време за маче кажуваше само ма, сега кажува маче.