Ве молам за препорака на добар логопед во (околината на) Аеродром, со кој имате искуство, и ако не ви е проблем пишете која е цената за час. Освен Тимот А.
Мојата е 17м и скоро сите и се така скратени, само првиот слог од зборот го кажува., освен мама, тата, баба, деде, тете, дада. Другото е само прв слог. Баш пред некој ден пишував.
Од кога разбираат што значи да и не? 16 м е во 10ти скок, почна со да и не да ми одговара неколку пати. Сакаш чајче, вика да да. Јаде и почна да забушава, и викам нејќеш веќе, она не не.
Зборот Не мислам дека е еден од првите зборови што го разбираат, уште пред да почнат да го изговараат. Така да до таа возраст веќе знае што значи.
И мојава е исто прематурче. Два збора почна да сврзува од вториот роденден. Првите два сврзани збора беа "тато дојди ", и "мамо дај", во ист ден тоа. Вториот роденден како да беше некоја граница. Потоа како одеднаш да почна да зборува.
Знаат веќе. Овој за сѐ си кажува. Дали е какан, дали му се јаде, дали сака да оди на гости, итн. Пред некој ден го прашувам нешто, вика "ДА и НЕ". Па ти сеа разбери го дали сака дали нејќе.
хахаха исто и моето вика да да или не не хаха , смешен е веќе кога го прашувам дали сака , вика да да и после не не јас па сум заборавила дека е во 10ти скок , сега не ме чуди веќе што 4 вечери не спиевме убаво хорор
А зборуваат ли во сон? Моето често дрдори додека спие, баш читав дека кај машките е почеста појавата.
Првото до 2 години ништо не збореше, второво уште малку година и пол ќе има, вика мама тата баба деде чиче Нина, ква ква, мјау, а ја?, пампе (памперс), кака, пипи, пупу, ајде, да, не, тао (чао), цице (со чудна ц), шише, ко (за коцки)… Второво како папагал повторува по сестра му.
Зборува многу во сон. Или нас не бара или кола такси кола, кај е и така. Инаку да досега нема речено. Само ње ње.
Даа кажува зборови во сон и кога ќе стане од спиење одма почнува да кажува зборови, како да си ги повторува, 1 г и 4 м е.
Многу рано презборевме. Зборуваше на година многу зборови, и сега гледам снимки на година и пол пее песни. Пред да наполни две години ги кажуваше сите деца од градинка на сликата по име и презиме. И тоа ми текна. Имав жена што го чува и она мислеше дека детево ми зјае цел ден во ТВ и затоа пеел. А мене устата Пења ми фати од зборување, пеење. И за да и докажам дека не е до тв, го научив да ја кажува Ена мена, и мамо кој чука на порти. Ама за бебе ми е жал. Мислам дека не му обрнувам доволно внимание колку што му пружав на бато.
Кога почнуваат да зборат за себе со јас а не со името пример вика петре сака сок ако сака нешто сам да направи или да земе некогаш вика само некогаш петре... 2 и 2м е претпоставувам нормално е или само мојов така збори?
И моето е иста возраст. Прво за себе викаше мене мене, пример мене дадеш. Сега почна со името пр. Петре дадеш. Ги комбинира и двете. Јас уште не кажал. Ваљда нормално е.
Им треба време на децата. Ама важно е да разбираат наредби и да знаат да кажат што сакаат, после нема да може да ги допрете. Постојано ќе биде јас сакам,
Ваљда накај 2 години со реченици асални од три збора, од два убаво сврзани. Мојава почна по два прости збора сега во 10ти скок, као тета папа, кафе да, папа брм брм, ама не и го рачунам ко реченица. Него дали ги фаќа вашите нервоза што не можат да се искажат? Многу се нервира некогаш штто не ја разбираме што сака да ни каже.