Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Не е така. Рана интервенција е клучна за развој на говор и не треба да се чека.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Малиот е 2 год и 7 месеци. Разбира се, извршува команди, имитира и препознава животни, знае да каже само мама, тато, дедо, баба, да, не, ајде, дојди и истите ги користи точно и со намена. За да се разбереме што сака секогаш користи некои гестикулации. Во последниов месец зборува многу, ама по негово. Баш се познава дека зборува со нас ама сето тоа е што би рекол мм на "кинески". Ако имал некој слично искуство, да знае колку време од прилика трае оваа фаза на зборување по негово? Инаку носен е на дефектолог уште кога имаше 2 години и ни рекоа дека освен што доцни со говорот сите други работи ги прави таман за возраста, па нема потреба да го носиме на логопед.
     
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    На оваа возраст веќе треба вежби со логопед.
    Тоа од моето искуство ти го кажувам однеси го уште еднаш на проценка.
     
    На karak, mal.ecka и zemzela91 им се допаѓа ова.
  4. Pip&Pip

    Pip&Pip Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите да прашам некое искусво од поискусни родители што имале некој сличен проблем како нашиот.
    Имаме син на 3г и 3м сеуште незборува од тоа што му го зборувам 80% ме разбира
    Ги знае скоро сите домашни животни исто така и зеленчуци и овошје покуќнина по домот ја знае целата кога ке го прашам пр каде е нешто го покажува со прст и ме гледа во очи за да му потврдам дали е точно тоаа а несака да го изговори па ако имал некој некое слично искусво да го сподели
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Детето е за дефектолог и логопед. Искуства може различни да има, ама со дете на таа возраст си треба многу работа со стручно лице.
     
  6. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Под итно проценка кај дефектолог и ќе ве упати за третмани, ќе треба и логопед, ама за почеток дефектолог пошо и разбирањето му е ограничено. На таа возраст се очекува основен говор, ама секое дете е различно. Никогаш не треба да се чека на моментот "рано е, ќе се пушти, има време". За стимулација никогаш не е рано. Дали нема ниеден збор со значење? Ни мама, ни тато. Може ќе треба и слух да се провери. Во завод за слух, глас и говор на клиника прават сеопфатни прегледи, се фаќа термин преку матичен.
     
  7. Pip&Pip

    Pip&Pip Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Почнавме со логопет и дефектолог двапати неделно сега сме на план за интензивно секој ден да се работи ние како родители целото време сме со него работиме зборуваме играме игри скоро една година како негледа баш никаков екран тв мобилен таблет а претходно знаеше и по 3 па и 4 часа дневно да гледа тв многу ги сакаше цртаните па сега имаме грижа на совес да не му наштетивме нешто од цртаните
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Па секако дека сте направиле штета. Кога требало да учи зборови, молчел и гледал во екран
    Од грешките се учи,обрнете внимание додека не е доцна.
     
  9. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Извини мајка сигурно ти е тешко и онака па камоли некој да ти попува плус ама сте ја заебале работата веројатно со екрани. Јас многу се револтирам за вакви случаеви. Буквално од здрави прави деца правиме утки. Имам случај во фамилија 3 годишно дете толку оштетено од екрани што да прв поглед ќе речеш дека е тешко облик на аутизам (родителите сега тврдат дека е од екран претходно беше уплашен па го носеа по манастири и бајачки:?:)
    И дете од година/две не може да сака цртани. Тоа треба да го седнеш и да му речеш на гледај цртани. Извини уште еднаш. Се радувам дека сте тргнале по прав пат ама уште посреќна ќе бев да не сте имале потреба.
    Поздрав мама и ви ја посакувам сета среќа
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    4.642
    @LazaLaza ако не се лажам ти имаше еден инстаграм профил споделено. Девојката мислам не беше од Скопје, споделуваше информации околу развој, имаше пишувано за 2д и 3д цртаните, имаше предлози за детски песни. Ако памтиш де шерни ни го пак. :)
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Да јас бев. Од Виница мислам дека е девојката и е многу расположена за секаков совет. И имам пишано информативно за понатаму веднаш одговара и дава совети.
    https://instagram.com/beskonechno.carstvo?igshid=Yzg5MTU1MDY=
     
    На Mucika и Dancewere им се допаѓа ова.
  12. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Со лесно, ќе има напредок ќе видиш кога ќе има двонасочна комуникација постојано секој ден.
     
  13. Frau M❤️

    Frau M❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Вака имам 19месечна ќерка и до пред 3 дена се си беше во ред викаше како и до сега мама, тато, баба, деде, тете, но овие 3 дена почна да зборува како со скратеници мене ми се обраќа само со (МА) и слично само првите букви ги изговара и така е само со мене и бабаѝ. Дали некој до сега имал ваков проблем и дали е само некоја фаза ве молам за совет
    Инаку се што и кажуваме разбира имаме комуникација, дај ми, на ти и сл.
     
  14. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е фаза, моето скоро сите нови зборови ги кажува така. Нека споделат тие што им поминала таа фаза :)
     
    На Frau M❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Фаза е, ќе помине, ама ти ќе анализираш што треба и што не треба додека да заврши. Така беше со постарото, нормален говор соодветен на возраста (22 месеци) и преку ноќ само МА и БА. Не бев ни мама повеќе, само МА ;( Траеше 2-3 месеци и еден ден се разбуди детево и почна да зборува цели реченици, со сврзници со се. Не се грижи, не форсирај ништо, продолжи со комуникација исто како и претходно. Ќе пишеш тука за кратко како си разговараш со детето ;)
     
    На Meddy, Frau M❤️, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Frau M❤️

    Frau M❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам, како планина да падна од мене. Многу се исплашив дека нешто правам погрешно како малку да ми беше чувството на вина, трпам и муабети згора на тоа. Ќе им докажеме на сите дека сме си во ред за некој месец. Ти благодарам уште еднаш.
     
    На *Лорена* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Зашто докажување?
    Погрешно гледање на нештата имаш не треба да мислиш другите што мислат.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Нема погрешно гледање на нештата туку е загрижена мајка.
    Замисли имаш дете што се развива супер, кажува: мама, баба, чао, ајде, таму, папа ... и одеднаш единствено што кажува е ма и ба. Други промени нема, развојот е ист, детето, слуша, извршува наредби, разбира се што му зборуваш, а говорот е уназаден преку ноќ. Па не да се извадиш од памет туку свашта ќе си помислиш.
    И тоа во период кога детето би требало да се пушти со говор и да почне да зборува повеќе и повеќе секој ден. Па тука ги имаш останатите членови од семејството кои нормално се загрижени исто, баби, тетки сите со свое мислење, па врсници на детето кои до вчера воопшто не зборувале а денес зборуваат многу повеќе од твоето. Па ќе излезеш на прошетка/ лулашки па рандом ликови ќе те гледаат чудно, па ќе прашуваат зошто не зборува и сите ќе имаат свое непобарано мислење.
    И колку и да анализираш, враќаш филмови назад, го пратиш детето секоја секунда во себе имаш немир. И колку и да се убедуваш (и знаеш) дека се е ок и дека е фаза, секојдневните непрекинати коментари од околу ќе направат да се преиспитуваш во се. Посебно ако се работи за прво дете и се ти е ново и непознато. Излишно е да ти кажам да не им обрнуваш внимание на забелешките и коментарите @Frau M❤️ , ќе останеш рамнодушна на десет- единаесетиот ќе те погоди. Како и сите други фази и оваа ќе помине и настрана сите други, ќе видиш дека детето е добро и ќе почне да зборува -па ова ќе ти остане само еден тежок и збунувачки период од растењето.
     
    На bybeDkid, Калатеа, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Frau M❤️

    Frau M❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам за сите твои совети, Кој не пробал не знае
     
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Драга јас најдобро знам се што напиша и затоа кажав нема потреба од докажување.
    Пробав и знам,затоа ти дадов најискрен совет.
    Уште еден совет при секоја дилема дека со детето нешто нее во ред можеш слободно да побараш стручна помош.
     
    На tina2018 и mal.ecka им се допаѓа ова.