Ve molam za iskustva Moeto since ima 19 meseci i seuste ne zboruva nisto. Dosta vreme pominuvase pred televizor i bese celosno isklucen. Sega edna nedela sme bez tv,nervozno e mnogu,probuvam da citam ,zboruvam ama tesko ni odi,nema koncentracija. Dali ima nekoja majka iskustvo po kolku vreme od gasenje deteto ke pocne da se interesira,da pocne da zboruva i da igra. Blagodaram
Мојата почна да гледа цртани на Тв на скоро година,сватив дека кај нејзе има големо влијание па решив да го тргнеме на 18 месеци(во тој период не беше заинтересирана за никаква игра ниту кажуваше зборчиња),сигурно месец дена беше бунт за хранење и не и се задржување вниманието за игри,освен надвор.Полека се среди се,на 23 месеци почна со зборчиња за сега на 2 години и скоро 2 месеци да има доволен фонд на зборови и да сврзува прости реченици од по два збора.Само трпение,игра со нив и зборење,некои деца порано некои покасно.Не секогаш гледањето ТВ е причина за покасно зборување но има голем удел (секој си проценува според своето дете),познавам блиски каде што децата од 2 месеци растеа со цртани па зборуваа на година ипол.Јас до денес не сум и пуштила да гледа(освен ако ние гледаме документарен на пр.за животни,па се интересира и ги објаснувам и од таму знае за риби,лав,мајмунче...или слушам некоја песна па да погледне како играат..)незнае за таблет ,телефонот е само за ало ало,мислам дека долго време ќе сум на овој став.На добар пат си мајка,ќе си дојде се во свое време,чекаме да споделиш искуство за некој месец,многу од децата почнуваат да зборуваат после 2риот роденден.
Mnogu ti blagodaram Iskreno me ohrabri Denovive neznam na kade teram,haos sum i mnogu isplasena. Pozz
Нема магична формула кога. Од тебе и татко му зависи колку ке работите и колку детето ке е заинтересирано. Детето е во шок како возрасен кога ке откаже цигари. Не може преќу ноќ. Треб многу многу посветеност за да има напредок.
На 19 месеци треба да знае да кажува понекој збор. Меѓу 10-50 зборови се движи негде бројот на зборови во речникот на оваа возраст. На оваа возраст треба да почне по некој збор да користат што означува дејствие или глагол. Може и да поврзува две зборчиња.. Не знам што точно значи тоа не зборува ништо..кажува ли гласови, кажува ли слогови, ма-ма и сл..? И што значи тоа дека досега било детето целосно исклучено..никој ли не му зборувал на детето со саати, не играле или што..? Како е со развојот на моториката? Јас би ви препорачала да отидете на дефектолог, да направи еден преглед, да ви каже стручно мислење до каде е развојот на детето и дали е во склад со неговата календарска возраст. Најлесно е да кажеме ќе помине, секако дека за се има начин, ама треба да знаеме каква е реалната состојба и што точно треба да се направи за да му се помогне на детето да напредува. Колку порано реагирате и колку порано почнете со активности кои ќе му помогнат во развојот, толку подобро за детето.
Дали некој се соочил со кандида во црева кај дете од 2,5 години? Ако да, ако може да споделите како сте ја излечиле? (кандида албиканс и кандида глабрата) Од скоро почнува со зборови, прости реченици ретко, а пред една година кога ја откривме кандидата, педијатарот искоментира као да ја средиме кандидата дека и таа знае да направи проблеми во говор.
На година ипол откривме бидејќи запнав нешто да испитаме дека стомачето му беше многу подуено и така педијатарот рече кандида во црева да провериме.
Здраво моето дете исто така има кандида во црева и забавен говорен развој.Тешко се средува но се дтжи под контрола.Мојот прво ја имаше почесто,сега се поретко.До сега пиеше нистатин и пребиотик и без благо.Ќе ја нема со месеци па ќе се појави кога ќе падне имунитетот.Сега ја појави после 7,8 месеци.Дека е над три пие масло од диво оригано.До три год маслото не смее да се дава.Можете количински да ја измерите во Ремедика да видите колку ја има.И правете контрола еднаш месечно.
А како се испитува кандида во црева? Преку фекален примерок? И дали некаде на државно има или мора на приватно?
Да, во Ремедика проверуваме и ние. Бројките беа многу високи за разлика во месец Септември кај што и антибиотици се изнапи еден куп и како да нема крај со кандидава. Албиканс околу 250.000, глабрата 3.000.000. Дали го носите детенцето на логопед/дефектолог или како се справувате со говорот?
Да,да го носам два пати неделно на интензивен третман по саат ипол во завод за слух и говор и еден час на приватен дефектолог.Една година и повеќе.Тој има говор.Има зборови,спојува по два збора ама далеку е од врсниците сеуште.Ама напредува.
Со упат можете во Пролече,Микробиологија клиника.Копрокултура се прави.Земате од изметот дел.Ако нема на првото носење уште два пати ќе носите.Ако се појави на прво носење одма со терапија се почнува.Ако нема се прави второ,ако нема и тоа трето.За со сигурност да се знае
Дали говорот ви беше единствен сомнеж поради кој испитавте или се појавуваат и други симптоми доколку ја има?
Искрено јас ова ми е второ дете,јас за кандида и последици прв пат чув и се соочив со малиов.Не е само говорот причина за сомнеж.Вриштење,нервоза...потреба за благо.Педијатарот веднаш го примети и не прати да испитаме