Син ми наполни 4 год. но со зборувањето мака мачиме. Прозборе мислам после 2 год.но не беше и некое зборување, само по некое зборче. Сега сврзува и реченици но пак си е назад, не води дијалог како неговите врсници. Воопшто од старт некако се побавно се развиваше, пример ако др.тоа го прават на 3 месеци тој ќе го совладаше на 5. Носен е на логопед, сега во јули има контрола, но сум и збунета и загрижена, септември ќе тргне на градинка и не знам што да мислам како ќе биде. Вака се разбира, свесен е за опасности наоколу, игра со деца, извршува наредби, но сепак ми е чуден. Некој со слично искуство?
Матичната не прати на дефектолог, од таму на логопед двапати, бевме и за слухот, е сега во јули пак кај дефектолог, па ваљда ќе ни каже што понатаму.
Дали детето работи со логопед и дефектолог?Му треба стручна подршка.Јас имам дете од 3ипол години.Од 3 почна со зборчиња.Сеуште не сврзува.По дца збора некогаш или мамсимум три збора.Има многу и бебешки говор.Инаку пред да наполни 2г почнав со стручна подршка со него.Дали може да ми го опишете говорот каков беше на вашето детњ на 3ипол годишна возраст?
До која возраст ако не е исчистен говорот ги носите дечињата на проценка? Малиот почна после 2 ипол да зборува, сега е 3 години и 3 месеци, веќе можам да кажам дека се зборува, си правиме муабет, но многу неразбирливо зборува. Ние по дома се го разбираме, но други луѓе не. Вака поединечно како што гледав кај логопеди на инста за способен е да ги изговори буквите што се минимум за возраста, и полека ако му се запнам за некој збор точно ќе го каже, ама како да не се труди воопшто точно да зборува. Не мислам дека не може, како да не сака. Тежок беше и на прозборување, сега е навиен, но и името кога ќе го каже ретко кој го разбира, а не па нешто повеќе..
Чекаме да ни дадат упатства што сега да преземеме, во Мк. гледам секој ден се носи дете на логопед кога има потешкотии, јас сум во странство и тоа што пишав погоре тоа ни рекоа тоа правевме. Па тоа што збореше на 3 ипол и сега е тоа, со мало подобрување, сега повеќе сврзува реченици, но има мал фонд на зборови. Ако сака да го земам во раце, вика дај дигни раче, или ако играат криенка со дада му, вика дадее дека си ти, кога е гладен, дај руча, кога ми кажува за во парк како ќе одел со дада му, ви вели, ..утре шета парко дада луле..демек ќе се лулал во паркот, за маче мачо, за кокошка кокоша, ако дома сме сами прашува дека дада, дека тато, значи јас си го разбирам дома, ама за негова возраст не е добро.
Секоја држава различно.Видете што ќе ви кажат.Ама верувам дека вежбате дома.Цело време зборете му со цели правилни реченици.Трудете се и тој да изговори,знам дека е тешко.Овде во МК пак само некаде се носи дете навака,натака.Знам дека во странство не е така.Овде ќе го мрднат човек.Искрено не знам што е подобро.
Za cistenje na govorot t.e. neli falenje na odredeni bikvi posle 4 nakaj 5. Ima bukvi koj podocna se formiraat. Najubavo edna procenka so logoped. Nie zakazavme na procenka vo maj ke vidime kako ke pomine ja nemame K R L Z moze i uste nekoj bukvi. Ke polnime 5 letovo imame uste solidna godina dena pred uciliste da ispravime se.
Јас сакам да закажам на логопед, ама лутам. Многу избор има. Се мислев за гаспар центар. Во јуни прави 4, има проблем со Р но и со С, Ш, Ѕ .. Има голен фонд на зборови но нечист говор. Предлог за логопед?
Само да споделам дека на саем за деца се промовираше македонска апликација Дигитален Логопед која може да си ја симнете и сами да работите дома со детето. п.с не е бесплатна апликацијата
Не знаев каде да пишам. Видов дека некој пишал за неврофидбек терапија, па да ми предложите во Скопје и цена ако знаете. За возрасна личност е потребно.
Прво прават проценка па одредуваат колку пати неделно и кој треба да вежба . Ние одиме 2 часа логопед ,2 часа дефектолог .
За која намена е препорачлив овој вид на терапија? На кој начин помага? Инаку, знам дека во Гаспар црнтарот имаат, но не знам која е цената.
Ми кажаа и видов на интернет дека помага за анксиозност, депресија, АДХД, аутизам, мозочен удар и многу други работи. Ти благодарам многу
Dali nekoj roditel se sretnal so razvojna disfazija da spodeli iskustvo sto kako rabotel, kade ode,l koga se videl napredok?
Мојата големата имаше развојна дисфазија. Напредок бавно ама сигурно, проблеми имаше со разбирање и зборување. Работеше со дефектолог и логопед долго време на секакви корекции. Не знам што ве интересира конкретно, многу аспекти има.
Ве молам малку повеќе да обајсните како се одвиваше говорот?Дефектологот што работи со моето дете се сомнева на развојна дисфазија.Тој има контакт со очи,сака деца,разбира скоро се не баш се.Ги крати зборовите има голем фонд на зборови.Но превртени,скратени.Спојува по два збора има 3,6г.Ма да на проценки го ставаат во спектарот ради однесување на пример.Ама они го гледаат еден саат и не може точно да кажат.И они држат резерва бидејќи напредува детево.Има показен гест.Се труди да збори,објасни.Но со деца ко да се повлекува,се срами понекогаш.Ваљда дека не зборува убаво.Какво и беше однесувањето на вашата ќерка?Дали беше нервозна?
Не беше нервозна, беше повлечена...се фрустрираат што не можат да кажат или разберат и се повлекуваат. На 3 и пол имаше само вокабулар многу голем, зборови, ама реченици не. Спонтан говор и говор со разбирање се појави некаде пред да наполни 5 години, со многу читање приказни и прераскажување и работа со слики и сама да кажува и раскажува што гледа и да опишува. Има многу знаење од интензива работа дома и третмани, ама и денес и фали понекогаш граматички да се изрази точно или некој збор. Кај мојата поголем удел има што е предвреме родена, компликации на пораѓај и малку е социо-емоционално незрела. Сите овие состојби кај деца се минливи и се прелевеаат затоа се мешаат со дијагнози на спектар, така ми има кажано дефектолог.
Исто и мене дефектологот ми кажа тешко се прави разлика.Има вокабулар еден куп зборови.На пр ми ја гледа јакната и вика јача мама.Вето млеко...оди на интензивен третман два пати неделно во завод за слух и говир по саат ипол,приватно на дефектолог,и сега приватно на логопед.Она беше изненадена колкав фонд на зборови има,колку се труди да објасни,да каже да збори.Ќе работат чистење на говор и спојување на реченици.Дали ви одговараша на прашања?Мене само со не.