Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Анас9528

    Анас9528 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Kade odevte, kakvi vezbi pravevte, posle kolku vreme se vide napredok dali sega se e vo red gi dostigna li vrsnicite.
     
  2. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Ако знаеше да одговори ќе одговореше, во почеток се бараше да каже само збор...на пр. Што е ова? Куче...потоа да каже активност...што прави детето? Вози точак,...кој вози точак? Детето. Што вози детето? Точак...така се опфаќа цела семантика и мн се подобрува разбирање.
     
    На H.VAGA и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Идевме во Цедуз па во Тимот А, когнитивно ги стигна врсниците, емоционално е незрела. Има 7 и пол знае да чита од 7 год.течно и со разбирање, математика знае исто се што учеле, собирање и одземање, таблица. Има уште проблем со раскажување, и треба поттик за тоа.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Да со збор одговара на сликичка ако го види или надвор и сам кажува го посочува.Еве денес го однесовме во зоолошка.Почна да му се спие.Се откорна од вриштење и плачење до дома.Животните нешто не го интересираа трчаше по лулашките.
     
  5. Ms. Sunshine ☆°°

    Ms. Sunshine ☆°° Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Дете на 2год и 8 месеци, не збори има неколку зборчиња, баба, папа, мама по некогаш и во последно време си кажува нешто по нејзино ра, о, ба..
    Оди на дефектолог и логопед 2 пати неделно, но се се одвива многу споро. Некогаш соработува дома, некогаш си тера по негово, се инаети и плаче. Со деца не си игра, како да се плаши, му треба време да се отпушти и ако тука се родителите ќе биде полесно, но тоа ме загрижува.
    Дали треба да се меша почесто со деца, цело време е со баба и дедо, оди во градинка но и таму не игра со деца стои на страна, ги земаат играчките и тоа плаче. Многу сум загрижена, се надевам дека тоа сто оди на деф.и лог. ќе даде резултати.
     
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Нај добронамерен совет до сите чии што деца имаат било каков проблем со гоборот. Да ги носите на проценка,и ако треба и вежби. Вие дома како и да е ке вежбате,бидејќи самите дефектолози и логопеди даваат задачи за дома. И мојата кажуваше и повторуваше зборови на година ипол. Па на 2 ми рекоа вежбај дома бла,бла,рано било. За да почне со вежби пред 3 год. Веќе скоро цела година оди на вежби. Има напредок,ама не прозборуваат преку ноќ. Си бара стручна поддршка и работа. И јас така читав искуства ,па сега ги гледам и трпам последиците. Фала и на @monik55 што сподели тогаш искуство па и ние тргнавме на вежби
     
    На KuklickaSk, H.VAGA, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале искуство со изговор на грлено (француско) Р кај децата?
    И дали сте успеале да ја вратите вибрацијата од назад напред, за да има правилен изговор на гласот Р?

    Не знам дали има некој логопед на форумот, ако има нека ми пише :)
     
    На VDT2906 и TarantulaA им се допаѓа ова.
  8. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Или она машко е нормално да е да прозбори подоцна.
    Тројца логопеди ми кажаа дека Р и Л подоцна се формираат,доколку не се формираат после 5 години тогаш се почнува со вежби.
     
    На KuklickaSk, Slonce91 и srekice им се допаѓа ова.
  9. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка знае/има искуство дали крајниците може да влијаат на изговор на Л и Р. Ќеркичката скоро направи 6г и има проблем само со овие 2 гласа. Големи крајници има, ги следиме редовно но препорака од ОРЛ ни е дека засега нема потреба да се вадат. Е сега почнавме на логопед и логопедот ни препорачува да ги вадиме бидејќи многу и сметале на изговорот.
    Секако следниов месец сме на редовна контрола на ОРЛ и ќе се консултираме, но ме интеррсира дали некој има вакво искуство.
     
  10. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Женски
    Грленото Р се корегира на начин што вибрацијата треба да се добие правилно, односно третманот започнува исто како што би се третирал гласот и кај дете кое воопшто го нема во својот говор.
    Задолжителна посета на логопед, никако да не пробувате дома, потоа со насоки секако дека ќе имате вежби.

    Јас сум логопед, за се што треба, слободно пишете ми лп:)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Женски
    Да, убаво е да се извадат ама не влијаат за формирање на гласовите Л и Р. Тие најчесто предизвикуваат проблеми со назален изговор на гласовите, она кога ќе речеме за некој дека "зборува на нос", како и проблеми со слухот од најрана возраст и проблеми во спиење.
     
    На Asher му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот.

    Знам дека влијаат на слухот, спиењето и чести инфекции но детето реално нема проблем со овие работи а крајниците се огромни. Препорака од ОРЛ досега била да не се вадат. Искрено ме збуни логопедот што препорача да се вадат. И ако ОРЛ пак рече да не се вадат не знам кого да слушам. Секако ќе барам и втори мислења.
     
  13. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    121
    Каде се прави првична проценка за да се дијагностицира со развојна дисфазија?
     
  14. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Завод за ментално здравје кај Симпо ние идевме, а исто и во Завод за слух, глас и говор имаат тим.
     
    На enaena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка го носела своето дете на логопед во Автокоманда поточно во Логосвет да сподели искуство и да ми каже од прилика колку чини еден час.
    Благодарам.
     
  16. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Здр мамички загрижена сум ептен. Моето дете има 4 год.. не кажува цели реченици но кажува зборчиња и тоа многу чисто и разбирливо .. некогаш соработува со нас дома.. некогаш не.. кога го викаме по име некогаш се врти некогаш не (свртен на др страна и се смешка) .. како да е непослушен... носен е во центар за ментално здравје младост таму и невролог и психијатар го прегледаа.. во 3-4 соби влеговме и резултатот на крај беше се си е ок со детето работа со дефектолог само.. го носевме и на неурофидбек терапија и таму се е чисто.. се е супер... а детето уште не кажува реченици.. го носевме и во државна кај дефектолог Валентина Дуковска која исто ни рече дека дететое е мн паметно.. сложува сложувалки... разликува бои... брои без грешка од 1 до 10.. кажува азбука.. разликува животни.. имитира животни... исто нејзина препорака работа со дефектолог...а дефектолог тешко се наоѓа месец дена вртев на многу бројчиња .. одиме на проценка и после ни викаат немаат термини после пладне бидејќи тогаш ни требаат сепак одиме со сопругот на работа.. дали некоја мајка имала ваква ситуација и дали се се среди со детето... извинете на долгиов пост... очајна сум веќе нервно попуштам...
     
  17. OLJA1987

    OLJA1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Каде проверувавте слух и на која возраст?
     
  18. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Како се Гаспар со термини за неурофидбек?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.513
    Допаѓања:
    8.730
    Пол:
    Женски
    До кога мелат на кинески иако се прозборени? За неполни 2 мес прави 2 години, зборчиња се кажува, врзува по 2-3, песнички пее ама често се случува кога ќе си се занесе си дрнда на кинески пак ништо не се разбира. Или си поврзува зборчиња со нешто неразбирливо и си раскажува така приказни.
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Се зависи до детето обично до 3години веќе прозборуваат по чисто да кажам. Мојот негде од 2 години и 5 месеци почна убаво да ги кажува зборовите барем поголем дел од нив и да врзува реченици.

    Сега ако ги извади ќе нема проблем ако ги извади покасно и тоа зборам доста покасно како мене на 20 години тогаш можно е да има. И јас и другарка тој период ги вадевме со буква Р знае некогаш да ни се направи проблем при зборење. Ова ти го кажувам од мое лично искуство додека на внукот мој му ги извадија порано и нема никаков проблем :)
     
    На Asher и Tea SK им се допаѓа ова.