Поголемиот (3г.) почна да шушка кога збори. Кога бавно кажува супер е, ама ако пее песна или почне да збори брзо секој збор го шушка и устата со пена му се полни. Ова е ново, до сега не шушкаше. Се појавува, па се губи ова или треба да видам со логопед? Сите ми викаат мал е за логопед дека почна да збори на 2,5 години па му требало време да се избистри говорот. Ама на мисла ми е, па ако има некоја искуство вакво нека сподели.
Од искуство моето машко дете до 2.5г беше со цуцла и никаков фонд на зборови немаше, од како ја фрливме еве го 3г. има проговори фонд на зборчиња врзува три четири збора и мн пофторува по поголемата сестра мислам дека секој ден нов збор слушам, оди и во градинка почнува да пеј песни полека, Стела и Сани само се слуша Мислам дека нема потреба за логопед, сестричкава на 4г почна на логопед за Р, Л кратење на зборови зш тогаш реално можи да се соработува со дете, доволно и беше 1 месец. Што не мора да значи дека секое дете е исто, Еве ја сега 6 год уста не затвора. Ова од наше лично искуство Поздрав
Здраво Дали некој имал проблем со трет крајник и истиот да му прави проблем при говор? Да напоменам детето апсолутно нема ниту еден симптом за трет крајник дури и на сопствено инсистирање буквално ги терав да видат за на крај и самите да се зачудат дека е 80% зголемен. Инаку детето си зборува и слуша но зборува прости реченици без сврзници и му треба време и прогрес за истите да се нормализиират соодветно на неговата возраст( 3г) Логопед ми препорача за таа проверка дека ништо не пронаоѓа како проблем па на нејзино инсистираење направив
Дали ви се случува да ги повторуваат прашањата по неколку пати иако сте им одговориле? Кај ќерка ми се случува често, на пр. Каде е тато? Одговарам она пак Каде е тато? И 3 4 пати така. Зошто би го правела ова?
Мислам дека е сосема нормално. И мојава прави така, и секогаш и одговарам плус и велам дека е како Дори.(таа рибата од Немо што заборава за 2 мин) . Не треба да придаваш на значење, твое е да одговориш секој пат, па макар било истото прашање по 100 пати.
Ејјј срц знаеш колку ќе повторуваат така? Ко навиени се Ќерка е мала уште за до толку ама пак прашува, ама братучед ми стварно беше ко рибче. За 2 секунди пак прашуваше
И мојата почна да пушка, од чист говор сега шушка и се прави бебе. Причина имаме мало бебе дома па ни скренува внимание. Кога ја повторувам правилно изговара. Логопед кажа дека ни скренува внимание, не е за плашење. Следете
нееее, без грижи. истата е. Што е ова, а што е ова, што е ова, а што е ова? Што правам јас,...Што правиш ти? Пресмешна е кога крева раменици и вика Мамаааа а што правам јас?
Нормално е. Кога ќе почнат со прашањата нема крај . Посебно со прашањата а зошто ова, зошто тоа? Некогаш ја префрлам топката на нив, ги прашувам јас, а ти што мислиш зошто тоа...?
Кога почнуваат да врзуваат зборчиња дали брзо станува доминантно таквото зборување? Или може да бидат неколку такви фрази од 2, 3 зборчиња и остатокот по 1. Не ми е јасно како се случува тој прелаз од 1 зборче до зборување во реченици...ако може да споделите лични искуства.
На 2 години кажуваше 1-2 збора. Одма после роденденот почна по 3 и како преку ноќ почна да дрнда 24/7. Сега е 2.5 годинки, и си разговараме, т.е. ми се кара ми наредува.
Кај мојата после вториот роденден почна со по 1 или 2 зборчиња ,па тој развој на 4 -5 зборови се случува сега,за месец дена ќе полни 3 год.
Моето дете можам да кажам дека наеднаш прозборе, и тоа после 2 ипол години откако ја фрливме цуцлата. Сега нормално не му беше скроз исчистен говорот и со сврзници и точна граматика, ама наеднаш почна да сврзува реченици, релативно точни. Од година до кај 2 ипол по некое зборче кажуваше само, многу слабо збогатување на фонд. Еден краток период пред да прозбори мислам по 3-4 зборови спојуваше неповрзани во реченица, ама скоро и да имам заборавено, така да не било долг период сигурно.
мојата е мала, 16 месеци. Ама има неколку зборчиња кои сега ја факам како ги спојува мама ајде, тато ајде, бебе ам, дада бељи, бебе кака и слично. Не знам дали ова се рачуна, ама мислам накај 2 роденден доаѓа експанзија на фазата говор иако индивидуално е кај секое дете и баш убаво прашање и јас сакам да слушнам искуства
Од истата причина прашав и јас, едниот близнак уште пред некој месец почна со врзување на две зборчиња слични како твојава и некако очекував дека ќе се пушти побрзо ама уште не дошла таа експлозија што ја викаат иако вокабуларот му се зголемува исто и фразите по 2 зборчиња ама уште слабо стои со глаголи па не ни има материјал за реченици
Ќерка ми многу рано сврзуваше зборчиња, година и нешто беше. Син ми за два месеци ќе наполни две години, 10 тина зборови ама индивидуално ги користи, а 'се знае и извршува наредби и кога сака нешто си бара, кога не сака кажува не. Од една страна сметам дека е рано нешто да се превзема, од друга па се нервирам