Да тоа се зборчиња со значење, и ономатопеата се рачуна како почеток на говор кога е со значење. Син ми од мн мал имаше говор и ономатопеа со значење но му фалеа мн др елементи.
2 ипол години уста не затвара како старо збори и си прави моабет со мене,сврзува цели реченици. Е сега уште не збори чисто ама и ова е премија. Со големиот уште си одиме на часови има 5 години збори буквално се,раскажува приказни пее песни ама слоговите уште не му се чисти и се мачи во изговорот.
Добар ден, Моето детенце има 20 месеци, разбира скоро се, но сеуште не зборува ништо, на неколку пати почнува ба ба ма ма но никако да се изрази целосно, повеќе звуци испушта како да сака да зборува, сега наредниов месец сме на педијатар па некако сум во исчекување дали е вообичаено, гледаше цртани но веќе некое време гледам да се сведе на тоа да се избегнуваат, иако ме советувале да не се грижам и дополнително дека машките дечиња може да се поспори во говорот, како ви се искуствата за оваа возраст?
И ние сме 20 месеци и сеуште не зборува.. Јас се консултирав со педијатарот дури ме искара за мојата загриженост ми вели со кое дете го споредуваш секое дете си е приказна за себе. Доколку има показен гест, разбира извршува наредби да не се секирам. Моето освен мама, ам, ав ав и ајде др не зборува јас мн се грижам ама според педијатарот нема потреба.
Здраво мајки, да ве замолам за совет или мислење. Имам синче на 2 години и 1 месец. Многу малку зборува односно знае неколку зборчиња да каже меѓутоа како да не е заинтересиран да научи нови а далеку е од сврзување. И тие што ги знае ептен ретко ги користи треба со молење цело време. Не гледа многу цртани, поминува време со деца а од следен месец ќе почне и во градинка. Сакаме да го однесеме на проценка или преглед меѓутоа не знаеме каде дали на логопед или дефектолог (или двете). Ве молам за некој совет или предлог доктор/ординација. Ви благодарам.
Ќерка ми е иста возраст, пред месец дена беше тотално незаинтересирана за зборење. Како да ја мрзеше а и беше научена се да добива со кенкање, не со кажување што сака. Сега не можеш да ја затнеш. Мислам дека може му треба уште малку време, сите "магично" се пуштаат овој период.
Здраво Дали има некој искуство со зголемена вредност на кандида во цревата и како влијаела на целиот развој, осебно на говор, хиперактивност и внимание. кај моето дете е пронајдена кандида во цревата (кандида албиканс 400 000, кандида глабрата 3 000 000) имамаме проблем со говорот и однесувањето - ја дијагностицираа како АДХД меѓутоа мислењето е дека се е од кандидата, бидејки сите испитувања се во ред. исто така ме интересира и како сте ја излечиле поточно ставиле во нормала.
Моето е две ипол и е ист. Со зборењето само кога ептен мора нешто да каже, другото е пантомима професионална. Бевме на дефектолог на таа возраст само дефектолог го прави прегледот. Рече дека во денешно време поместени се границите за говорот на децата. Да се работи на моделирање на зборови ако не вистинските барем како кратенки. Опа за стани и слично. Исто така препорача што побрзо да го вратиме во градинка наводно таму говорот повеќе им се развива во секојдневна комуникација со деца. Останува да се трудиме и да чекаме да се реши да прозбори ко што треба.
На таа возраст син ми имаше многу малку зборови и никаква заинтересираност да научи нови . На 2ипол тргна во градинка,сега е 2 год и 9м и збори ко набиен. Поврзува и по 3/4 зборчиња. Не знам дали е од градинката или му дошло времето, ама супер напредок има. Биди трпелива...
Zdravo kandida ispitavme vo remedika samo tamu ja ispituvaat kvantitativno , ne isprati doktotrkata sto ja vodi bidejki site dr ispituvanja se vo red a inaku e 7 god.
Не знаев каде да барам, пабмислам оваа тема е најпогодена. Ако може да ми препорачате добар невро педијатар во Систина...
Ќерка 12+++ почна да вика Де, кога баш се криеме/играме Ѕе. Ретко ам ам кога јаде, ова уште не го сметам за збор со значење. И кога и се спие или влеземе во спална да земеме нешто, обавезно вика Нан нан. Ова го сметам веќе како збор. Плус нели мама, баба, тата, тете, деде, ама тие често и ретко да ги погоди со значење.
Mislam deka e podobra Lekovska od Sistina- ako bas morate vo Sistina, sum bila kaj Natalija daleku e od toa sto ja falat...inaku nas ne vodi Jotovska i sum prezadovolna
Дете на возраст од 2 години веќе треба да формира реченица од два збора и да има фонд на зборови од околу 200 збора, така што воопшто не е "мало" за зборување. Стимулирајте ги децата, кога ви бараат нешто не одговарајте на секое "м..м...м", моделирајте го говорот, кажете му како треба да побара па барајте и тоа да бара на тој начин, давајте му избор за да добиете одговор "Сакаш вода или сок?", избегнувајте прашања со одговор "да" и "не". Никогаш не е рано за посета на стручно лице доколку забележувате отстапки во развојот на детето.