Мислам дека нема потреба од загриженост само продолжете да го стимулирате, да му зборувате, пејте песнички, играјте, барајте од него работи да ви носи од дома или играчка некоја, потоа тоа нека премини со покажување, кога сака да земе нешто давајте му избор, ‘Сакаш вода или чај?”. Точно дека не треба да го споредувате, секое дете си е посебен цвет што во свое време цвета.
Здраво мамички веќе сме 2г и1м разбираме се, извршува наредби, пр. затвори врата, ајде ќе си играме, знае да се чао и бакнеж да пушта, пробува само да се облечи, пробуваме и сами да јадеме мо од зборови мама,баба,ајде, дај и нешто по негово телефон не, цртани само кога јадеме, пробувам и тие да ги намалиме за сликовници не е баш заинтересирано тоа кога сака, кога ќе сака нешто покажува со прсте, не имитира нас возрасните по скали се качува сам но со зборањево некако ми е мрза ... што да превземам за да го заинтересирам повеќе
Супер е за возраста во однос на имитација извршување наредби и се што имате набројано. Телефонот што е можно побрзо тргање кога јадете, кога се јади со цртање децата не се свесни за храната што ја внесуваат и немат перцепција кога се сити. Оставете го да се запознае со храната, дете на оваа возраст би требало да јаде се' па така и мора да почне да ја осознава нејзината боја и текстура. Во однос на зборувањето пробајте повеќе да го стимулирате, кога ви покажува со прсте што сака поставувајте му прашања (пр.Што сакаш? Не те разбирам, Што е тоа? Вода? Сакаш вода?, Еве повели ова е вода)првично договарајте ги вие а после одреден период барајте од него одговор на тој начин ќе доаѓа и до нови поими, не му возвраќајте на секое негово барање со гестови, користете го говорот, вклучувајте го во секакви активности дома. Доколку одбива да прави работи кои вие ги барате од него пример читање сликовници одете на принцип со награда со предмети од интерес, пример нема да си играш со колата додека не ја прочитаме заедно сликовницата итн. Мора да научи дека треба да ги исполнува и вашите барања а не само вие неговите.
мама, баба, дај и ајде се премал фонд на зборови за дете од две години, исто така дете од 2 години треба веќе да јаде самостојно, можеби треба да се консултирате со некого и можеби треба да размислите за градинка. не ме разбирајте погрешно, сигурно со детето е се во ред, но можеби треба да се работи со него и да се стимулира говорот
Имаме деца на иста возраст па еве ќе ти кажам за моето. Има фонд од преку милион зборови, пее песнички, сврзува реченички од 3-4 збора. 2 год и 2 месеци е. Ова што го пиша е премалку зборови за таа возраст. На твое место би побарала стручна помош, односно бар би го однела на дефектолошка проценка, за логопед ви е уште рано. Најверојатно е се во ред, ама за мирна глава ја би го однела. За ваквите работи е пресудна раната интервенција, не смее да се чека. Не ти го пишувам ова за да те плашам туку да те поттикнам да реагираш. Со навремена интервенција се' се решава.
Леле добро ете твоето има милион зборови и супер е тоа. По книга дете од 2 до3 год треба да почне да сврзува реченици од 2/3 зборчиња. Тоа што твоето пее песнички на таа возраст не е репер за споредба. На оваа возраст има најмногу разлики во говорот на децата. Има деца што зборуваат се, малку што зборуваат и ич. Каква рана интервенција. На 2год не се тегне дете по лекари посебно ако слуша наредби и си игра нормално. Треба да му се остави простор да се развива со свое темпо. Ова го кажувам од мое искуство. Првото дете на 15м зборуваше многу. Пееше песнички и тоа од збор до збор,чисто и јасно. Сите се чудеа како толку мало составува цели реченици. А не јадеше самостојно до 3 години. Второто дете до 2год и некој месец кажуваше само основни работи. Мама дај на Буба и сл кратки зборчиња. А во друг аспект супер и интелигентно дете. Пред вториот роденден го носев на логопед и тој истиот форсирачки став. Треба да знае 200 зборчиња и сл само му остави уште некој месец простор. После 2.5 год почна да зголемува фонд и решив да почекам. Работев јас со него и тргна во градинка. Сега има 2год и 9м и зборува речиси се. Составува 3/4 збора, пее песнички. Да одеше на логопед ќе мислев до логопедот е... Мој став е дека треба да му се остави простор на детето, а не веднаш да се креваат паники.
Фино што тоа е твојот став ама не значи дека е правилен. Како бе вака се дрзнувате да давате мислење да си чека?? А што ако не дај боже има проблем (не викам дека има) којшто можел да се реши ако на време се реагира? Зашто треба да се потпира на твоето искуство и да чека? Што има лошо во тоа да си го однесе детето на една проценка? И при најмал сомнеж детето треба да се однесе на проценка, тоа е една сесија/преглед, далеку е од 'тегнење по лекари." Тоа е исто ко на ждм ко читам за парови што не можат да зачнат 5 години и имаш совети не се замарај, оди у црква моли се, коа најмалку очекуваш ќе биде, и сл, при толку напредната медицина. Штом пишува тука сигурно е загрижена па ко ќе иде и ќе и кажат дека се е во ред ќе си се смири а плус ќе и дадат и стручни насоки како да стимулира говор кај детето. Отвори еден таб на Google и прочитај за важноста на раната интервенција. Не можам да сфатам како можете да тресете совети од ракав базирани на вашето искуство кога станува збор за сосема друго дете. А јас за моето дете ќе си пишам што сакам, жената си праша за искуство и јас си го кажав моето, не знам како се најде повикана. Ако сакаш да си го споделиш искуството а не да истураш фрустрации тука како што правиш можеше да реплицираш на нејзинот коментар.
Мајки тука може да ви служи да размениме некое искуство што би му помогнало на детето НО ако било што и да се сомневате, прво што треба да направите да баталите гугл симптоми и форуми и да отидете на лекар на КОЈ ШТО МУ ВЕРУВАТЕ. Да не е некој колку да ве помине само и чао пријатно. Само така ќе му поможите и на вашето дете и на себеси.
Во ред се тоа, но не разбирам зошто ја паничиш споредувајќи го со твоето дете? Милион зборови знаело,како ли ги изброја дека се над милион? Еве јас не знам колку збора знам. И што постигна што се пофали,освен што уште повеќе ја испаничи жената? Од вакви мамички што секоја прилика ја користат да го споредат туѓото со своето ми е преку глава. Дади совет без да и триеш над глава колку твоето дете е пред нејзиното. А јас тврдам дека не е за паника. Дете што слуша наредби и е со најнормално однесување на 2 год ,апсолутно нема простор за паника. Имам милион табови отворено не се секирај. Дете што не слуша наредби и апла не разбира ништо,тогаш сфаќам проценки. Ама за најнормално развој на дете кај што има отсуство на говор на 2 год претерано ми е да се тегне по лекари одма. Што ќе работи логопедот со 2 год дете? Мене тоа малку ми е искомерцијализирано. И во наше време имало деца што прозборувале на 2ипол 3 и не е страшно. Научно докажано е дека од 2 до 3 год децата доживуваат експанзија на вокабулар и полека се изедначуваат со децата кои прозборел до 2 год . Научно докажано е дека секое дете се развива со свое темпо и не треба да се споредува со другите. Еве На 2ипол год возраст ако оди на проценка нема да задоцни, на точно 2 за мене е прерано. На децата треба да им се остави простор и да се работи дома со нив, а не веднаш да ги трауматизирани по лекари, за да исполнат некои наши очекувања. А тоа со немањето деца ти е ептен безвеза споредба ,зошто и за тоа науката дала рок. Една год безуспешни обиди па барање лекарска помош. А нема ништо лошо покрај медицината да се побара и верска помош за тие што се верници, како за забременување така и за зазборување.
Ај врати се погоре на мојот прв коментар и прочитај убаво што реков пред да леташ. Реков да го однесе на дефектолошка проценка и дека за логопед им е рано. Како тоа ти тврдиш? Имаш некаква диплома, професионала едукација за да го поткрепиш ова? Или така ти си мислиш и сеа женава треба да те слуша бидејќи си самопрогласен експерт? И исто, убаво пишав дека не ми е целта да ја паничам и дека мислам дека се е во ред со детето, ама за да не прашува лаици на фемина да си го однесе детето на проценка за да си ја смири психата и да и даде насоки како да стимулира говор кај детето. Kill me if I am wrong. Дека моето дете знае милион зборови беше само израз, сигурно не му ги броев. И не, не сакам да и тријам сол на рана, ниту да кажувам како моето дете е понапредно од нејзиното, тоа ти така си го протолкува, а секој нели толкува до кај што му одговара. И не мислам воопшто дека моето дете е нај, мислам дека е просечно, соодветно за возраста. Познавам и лични примери од блиски кои чекале детето да се пушти па еве ги детето 4то одд и уште идат по логопеди. Јас сум секогаш за на време да се реагира и при најмал сомнеж и јас така би постапила макар и цел свет да се противи. За дете ништо не оставам на случај. P.S За паровите што не можат да зачнат не реков дека не треба да веруваат и да се молат, ама по 5 години неуспешни обиди ете како треба да побараат стручна помош. Пак си толкуваш погрешно.
Ги обожаваш крајностите очигледно. Мое мислење е дека треба да почека уште некој месец зошто децата,особено машките, најчесто се пуштаат од 2 до 2ипол години. Ова ми беше кажано од логопедот кај што го носев син ми на 23 месеци. Значи не да чека до 3/4/5 години, аман. Жената праша како да го поттикне, а не кажа дека се сомнева дека детето не е ок. Значи ако приметила дека не е ок, мислиш ќе чека на тебе да и кажеш да го носи на дефектолог? Мислиш ли дека во 21век не е информирана или остава на случајност за свое дете? Аман најсвесна мајко. На точно 2 год најчесто децата прозборуваат и врзуваат по 2 зборчиња. Немаат фонд од милион зборови и твоето дете не е просек за возраста за да го споредуваш со на членката. Само безпотреба и ставаш сол на рана дека детето и заостанува, уств твоето е понапредно. Треба малку осет да се има кон мајката, а не моето милион збора знае носи го твоето на лекар...Многу грдо делува. И не сум експерт далеку од тоа, туку паталец со свое мислење. А мое мислење е дека логопедиве, кои патем ги има на секој чекор, стануваат комерцијализирани, и некогаш бараат проблем и кај што го нема за кеш. Од 15м препорачуваат сеанси што за мене е претерано. Пуштете ги децата да бидат деца и да се развиваат со свое темпо, не се тоа програмирани роботи. Неколку месеци плус минус во развојот не е страшно. Има деца што породуваат на 9м, и на 19м и се тоа е нормално... Исто и за говорот.
Нека ти биде. Фрустрации на некоја неам намера да лечам тука. Доволно време си потрошив на тебе, неам намера ни сек повеќе. Ти ако сакаш напиши и роман тука, јас пак мое дете би однела. Навредите само зборуваат за твојата култура и ниво. Неам намера да се спуштам на тоа. Биди ми поздравена.
Искуство со "Старс"во Велес со еден збор катастрофа, непрофесионалност и некултурно однесување, нестручност, зинати за пари се и сакаат да правите испитувања во Синлаб исклучиво, зашто се поврзани со нив, за нив работат.
Има ли некој ДОБАР логопед од постарите генерации? Да не речете ги потценувам младиве ама конкретно за нашата проблематика не се покажуваат доволно искусни. 3.5 години, има фонд на зборови, одговара на да речам прости прашања (не знае да раскаже како му поминал денот), прави што и да му се каже и побара ама нема комуникација. На оваа возраста веќе и те како прашуваат зошто ова зошто она и милион други прашања. Па ако имал некој сличен проблем, ве молам предложете искусен логопед.
Имам добро искуство во Логосвет, Автокоманда, поточно Марија. Млади се сите таму, ама се добри. Секое детенце си има свое темпо, и порано или подоцна ќе има резултат. Некојпат стартот е потежок па после има поголем прогрес, ние мора да сме упорни и трпеливи.
Zdravo sin mi pred nekolku dena bese na procenka i ni kazaa deka e 20 meseci ponapred od negovite godini. Drugo vo red razbira, imitira, gleda kazaa ok e samo govorot izgleda povekje razbira od sto zboruva. Treba da odi povtorno za govor da vidat na koe nivo e. Vo Svedska ima dijagnoza spektar autizam a vo Mk kasnenje na govor. Dali nekoj ima slicno iskustvo da e ponapred od svoite vrsnici a da ima dijagnoza autizam. Inaku e bil izlozen na ekrani mnogu dolko uste od bebe sega ne gleda nisto mnogu retko ima 4 godini.