Кога се очекува децата да го исчистат говорот? Малиот уште малку ќе полни 3. Зборува речиси се, составува реченици од 3-4 збора. Меѓутоа приметувам дека на некои зборови прави пермутации. Пр. За готово вика доково, за големо вика гомено. Или с на почеток на збор ја вика љ, пр. Место сакаш вика љакаш. Да напоменам дека почна да зголемува фонд после 2ипол , пред тоа малку зборуваше. Последниве 2м има огромен напредок.
Јас веќе на 3.5 го однесов на логопед. Правеше некои пермутации и шушкаше на с. Приметив дека може, само од памет веќе зборуваше. Сите ми викаа мал е, ама јас си го познавав. Поработеа малку, се исчисти скорз говорот. Пред 4 веќе комплетно чист беше. Само бенефит видов од логопедот. Ако ти е на мисла, консултирај се со логопед, иако е уште мал.
За сите шо каснат со говор од искуство да ви кажам само тргање на цртани екрани, повеќе играње игри и обрнуваме внимание на детето во текот на денот исто така и посета на логопед, од ко ги тргнав цртани е се опушти дете цели реченици врзува, ретко му давам да гледа нешто да се занимава може најмногу 1 час во ден ништо повеќе инаку беше ко робот. Сепак негативно му влијаеле цртаните...
Кога зборуваше не се трудеше точно да ги изговори зборовите, слабо зборуваше, си седеше и зјапаше во цртаните само, не прашуваше слабо одговараше на прашања, кога бараше нешто само ми покажуваше со прстето, сега му се отвори устата и кажува големи реченици секој ден нови зборчиња, раскажува исто така работи се шо и да помисли веднаш зборува.
I kaj nas crtanite premnogu viljaea kako omajan bese od niv. Od pred 4 meseci celosno se iskluceni ekranite samo vo nedela zaedno gledame eden crtan i toa e toa.Of togas poveke se trudi da zboruva.
Малиот има 18++ и има голем трет крајник. Не зборува ништо. Матичната и орл кажаа дека е поради крајникот. Има некој вакво искуство?
Можно е да е поради третиот крајник. Син ми има 3 години, исто со големи крајници и доста намален слух и заради тоа има проблем со говорот. Он си збори, меѓутоа има доста неразбирлив говор. И според логопедот и орл докторот, проблемот со говорот ќе му се исчисти кога ќе се извадат крајниците. За две недели имаме закажано операција, па се надевам после тоа ќе имаме подобрување. Имате ли проверено слух?
Ве молам да споделите искуства со Неуродидбек метода за подобрување на говор кај дете, а во исто време подобрување на фокус и внимание.
Другарка има проблем со детенцето, го носеше на неурофидбек, и каде све не.. се уште го носи, има мало подобрување кажува по некој збор, ама скоро 6 год. ќе прави, кај неа е друг проблемот. Пробајте, ништо нема да изгубите.
Здраво на сите мајки , ве молам за совет затоа што ќе полудам од грижи , имам синче 15 месеци , сеуште не кажува зборови , знае да гуга ба ба , та та , ама толку како да испушта само звукови . Наредба не знае да извршува пр , донеси топче , дај на мама, понекогаш ќе подаде ама мислам дека е на среќа . Преоден на 14 месеци , ред во спиење како од книга . Ме загрижува тоа што не почнува да не имитира ,нели тоа е прво кај малите , реагира кога му правиме смешка , кога ке виде храна веднаш ам ам, водичка знае сам да си земе од маса и да се напие . Не сум мирна затоа што мислам дека касни со развојот . Има контакт со очи . Ако сака некој предмет од братчето сам се бори да го земи . Ако игра со играчки може да го заинтересира Ако некој влезе во соба ...... некогаш викам мал е ,,, ама гледајки колку дечиња касно се дијагностицираат не сакам да направам грешка да не превземам нешто.... да напоменам тв се гледа максимум 15 мин во ден......
Мислам дека тоа ам ам се важи како зборче, нели ономатопеи се важат..? дали покажува со прсте или следи кога му покажувате? Дали ви носи играчки да ви ги покаже и дали ве бара со поглед да види реакција кога нешто ќе се случи (некој непознат ќе му прозбори, ќе види нешто интересно и сл.) За зборчиња што нема не би се грижела, син ми е скоро 16 месеци и кажува само 5-6 збора ама треба да разбира доста што му кажувате, донеси ова, оди да смениме пелена и сл.
не касни со развојот. мало е за да збори, искрено мислам дека е мало за се што набројавте. мојата на таа возраст исто кажуваше, мама само мислам и тоа не намески туку онака, на име исто не се вртеше секогаш, наредби не слушаше нешто. почна пред 2 риот роденден нагло да зголемува фонд на зборови, после 2риот роденден нагло да кажува реченици, сега е 2 годинки и 4 месеци, песнички рецитира
Следи ако некој го задева , бара со поглед , е сега со прсте не покажува, реагира со емоции ако нешто сака или ако сака да привлече внимание од среќа како да подзакашлува . Е мислам дека не разбира донеси ова , ајде ваму, реагира кога ќе го викнеме , да дојде , збунета сум многу, второ детенце ми е ,ама скроз спротивно од поголемиот