Здраво мајки, За колку време ориентацино се очекува подобрување на изговорот на Р и Л, при работа со логопед? Знам дека е индивидуално и различно кај секое дете, но би сакала да слушнам ваши искуства. Инаку, почнавме на логопед, скоро 6 год е ќерка ми.
Ја веќе не знам карактер ли е, машко ли е... што ли е... читам погоре и рано е за логопед на 2 години викате... Сестра му на година и пол песнички пееше. 2 години е мали, разбира се Зборови му се мама, тато, името од сестра му, за себе вика (Јас) чао, да и не. Чисто што ги кажува и со значење му се + Маче мау, куче ав, волкот дува(од приказната со 3те прасиња) Знае да му се испушти збор да повтори, еднаш и толку, се смее и не ти повторува, па ти на трепки стои си, не бе брате. Само иде со прстот и ммка. Смирен е весел е, детенце. Се радува на поклони коа ќе му дадеш, се натажува ако го караш... све си сфаќа. Си пее песнички неразбирливо кога ќе се заигра по ритамот ги фаќам И така, се нервирам веќе.
Секое дете е своја приказна, но да споделам. Поголемиот ништо не зборуваше до кај 2,5 години. Какви секирации поминавме, да не навлегувам. Команди слушаше, сЕ разбираше, но ете не зборуваше. Ние цело време му зборувавме, му објаснувавме, не бре брате. Кога направи околу 2 години и 2 месеци почна мама да кажува, па после 2,5 години почна ептен по малку со не, ономатопеи, ајде малкју добивме надеж и од 3 години интензивно и забрзано му се развиваше говорот. Сега ќе прави 4 и не можеш да го застанеш, само тој зборува, цел ден нема престанување, со мм не можеме ич муабет да сврземе од него. Еве девојчево поинаку се развива од него. Пишував и тука, добри совети добив да го носам на проценка, се јавив во Тимот А, но одлучив да почекам до 3 години и ете се случи во меѓувреме да тргне работата.
Иста ситуација и кај нас. Големата на 15м кажуваше песнички, значи буквално без претерување. Ало амбуланта ја знаеше цела. Пред 2год почна и р да ја кажува. Малиов исто ко твојот и јас бев загрижена ,но осеќав дека се е во ред. После 2 ипол преку ноќ се пушти. Пред тоа само зборчиња некои ономатопеи и некогаш ќе му се испуштеше проста реченица како дај тоа. Сега наполни 3 и зборува се. Составува реченици од од по 4/5 зборови. Се уште има нечисти букви ко р ш на пр, но не му се секирам со оглед на прогресов што го има, верувам ќе се среди и тоа. На твое место не би се грижела, сите деца се различни. Иначе логопед ми има кажано дека машките во просек зазборуваат околу 6м подоцна од девојчињата.
Не се секирај, слично како членките и кај мене беше. Големиот на 2,5 години прозборе, тука на форумов не ни можев да читам кога пишуваа од кога почнале со зборови, па кога ќе кажеа дека песничка пеат на 1,5 години е ваква бев . Е сега моето мало баш на 1,5г. пее песнички, збори, секој збор го кажува јасно, буквално секоја буква, цели јасни реченици, а има 21 месец. Додека поголемиот на 1,5г. кажа првпат 'мама'. Големиот е сега 3,5г. збори се, го однесовме на логопед чисто за проверка на говорот ни кажаа дека ‘p’ и ‘л’ до 5г. треба да се исчистат, ако не тогаш да се вратиме, сега рано е. Во градинка само тој и уште едно девојче од цела група од прва ги учат песничките. Значи сѐ е најнормално, ама ти ја разбирам загриженоста. Не му дошло време, ќе си прозбори.
Да се предружам. Мојот е 19 месеци збор не кажува освен ам ам за јадење. Разбира се, ама не зборува плус имаме 3 крајник и намален слух
И ние сме со истиот “проблем”. 18++ месеци е и кажува само мам, ам, и мем (млеко). На негов јазик зборува по цел ден, значи не прекинува, кога ќе му кажеш “испеј некоја песничка” веднаш почнува да ммка нешто по негово. Разбира буквално се, се знае како се вика и веднаш го носи кога ќе му кажеш, ама ете со зборови е слаб. И јас сум загрижена малку зашто оди во двојазична градинка и активно слуша 3 јазика сега. Се надевам нема тоа да виде проблем во иднина
Низ истото поминуваме моментално, однесен на дефектолог, се консултиравме со педијатар, ми кажаа дека е во предговорна фаза бидејќи си кажува нешто по негово. Тој и наредби не извршуваше цело време. Ноќи не спиев од загриженост но сфатив дека едноставно такво е детето и е карактер.И е дете кое не застанува, само трча, се качува каде ќе стигне, многу живо дете. И тоа малце што му пуштавме цртани го исфрливме и нон стоп се трудам да му читам, пеам, зборувам. Ќе си дојди во свое време. Да се здрави и живи.
Дали тука на некого му препишале таблети Гамибетал за детето? На моето му препишаа после процена во Центар за ментално здравје, па ако има некој искуство со истите, би сакала да сподели.
Мајки,некако сум загрижена многу. Малата е 3 години и 4 месеци,зборува се' се разбираме,зборува како "старица " што би се рекло. Не престанува да зборува дома,на ред не можеме да дојдеме од неа дома. Во последно време ја забележувам пред да почне да зборе некои зборови ги развлечува,пример: мммм мама и каже што сака,аааа ајдее. Немаме дома некое лошо однесуваење со неа дома,да е имала претрпено некој стрес,страв.... Не знам дали ќе се среди само од себе или сепак ќе мора посета на логопед? Некоја да е имала вакво искуство или совет да даде. Не знам дали од што е брза,брза кога зборува,може само си умислувам јас или навистина има проблем.
Ова е честа појава кај деца на нејзината возраст. Се случува поради нагло збогатување на вокабуларот и најчесто се средува само од себе после неколку недели. Совети од логопед е воошто да не реагирате на тоа пелтечење, да сослушате што има да каже со трпение и да не ја корегирате. Најчесто и не се свесни дека тоа го прават. Доколку истово продолжи секако треба да си посетите логопед.
До кога е прифатливо ономатопеите да се користат како збор? На пример ќерка кога ќе види маче во книга, надвор, на тв вика мау. За куче ав ав, и крава му итн. Од моја страна не викам, да тоа е ав ав, туку баш, да, тоа е куче. Нема некој огромен фонд на зборови, знае да ги идентификува предметите, кога ќе побараме нешто да донеси или да покажи со прст.
Кога ќе почне асално да ја кажува буквата с? Работиме има подобрување но не во секоја ситуација на зборот шо ќе се најде, за секое зборче различно ќе ја каже, некогаш ќе ја погоди. Работиме и со логопед Како дома да ја научиме подобро да ја изговара с? Ако многу запнувам и му давам примери за повторување се лути и не соработува, ќе ми се искриви со јазикот и не сака да вежба, се навредува. Исто како членката погоре не запира од зборување и прашања има милион. Ќе прави 4 год за брзо.
Исти вакви прашања имаше другарка и баш се консултираше со сестра ми. До 5 години е во ред да неможе правилно да изговори некоја буква. Од вежбите што ги гледам кај внук ми за буквата С , е ставање на јазичето позади запчињата, горна и долна вилица нежно допрени, не стиснати.
Леле исто и син ми. За еден месец полни 4г и ми шушка со с и ч. Л почна да ја усовршува а со р не сме до никаде.. кога е на средина на зборот ја кажува по малку а на почеток или крај не може. Со "с"-то многу ме нервира, абе секој ден по 100 пати му покажувам и кажувам затвори забите па кажи, он упорен го гризе јазикот и така ја кажува с. Кај синко имам приметено дека му е доста долг јазикот и цело време му е меѓу заби, буквално не му е собран од кога е роден мислам. Кога му покажувам како да ја изговори с, успева дека е сконцентриран ама после си продужува по негово... Едит: не сум го однела на логопед јас
Побрајте второ мислење. Не се наивни апчиња, имаат доста side effects, за да се даваат за подобрено внимание.