Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам :hug:
     
  2. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Дали некој се соочил со проблем кај дете 3.5 години во смисла на:
    -Има голем фонд на зборови
    -Знае се што е
    -Извршува наредби
    -Дава прост одговор на прашања
    -Знае да побара било што
    -Знае да состави проста реченица,
    НО нема back and fourth комуникација, не поставува прашања (пример што е ова, каде ќе одиме, каде е топката, зошто сонцето е жолто, итн.), не знае да раскаже како поминал во градинка и сл.
     
  3. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 3год и 4 месеци,прашања не поставуваше никакви почна од скоро по нешто да прашува,ако ја прашаш како помина на градинка не раскажува но успевам да извлечам преку игра со неа,така почнува да објаснува како играле и тогаш ја прашувам од околу и пак како игра и го правам...пр.седиме и играме и велам ајде ќе играме со пластелин и што ќе правиме ,и таа вели колачи ,и јас прашувам тоа ли игравте на градинка и таа не туку тоа...итн.
    Мислам нормално е за оваа возраст.Нека кажат и други мајки искуства.
     
    На madam puff и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  4. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Би било добро ако има и некој друг да сподели искуство кај дете што не поставува прашања. На возраст од 3+ години и те како поставуваат прашања, па затоа ми е многу чудно.
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.509
    Допаѓања:
    8.715
    Пол:
    Женски
    Според мене на 3 ипол години дете треба да комуницира. Да прашува, да раскажува, да има двонасочна комуникација, што се вика да можеш муабет да си направиш со детето.
    Ќерка ми е 2 години и 9 месеци, па мислам дека сигурно од кај 2 и некој месец поставува прашања.
    Да нема двонасочна комуникација на 3.5 години јас би се консултирала со логопед.
     
    На Zumbulche и madam puff им се допаѓа ова.
  6. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    И моето не поставуваше прашања на таа возраст и не раскажуваше како поминал во градинка. Бев подеднакво загрижена и бевме и на проценка ама ни рекоа дека и ние родителите треба да сфатиме дека не е сѐ во способностите туку и секое дете си има различен карактер, особено зашто како што пиша си има фонд на зборови и разбира сѐ. Буквално ни рекоа: Вие дома сите ли подеднакво сте зборлести?
    Летово ќе полни 5 и од кај 4год негде веќе има двосмерна комуникација без проблеми. Сега поставува многу прашања, но сѐ уште има одбивност да ми раскаже што правел во градинка. Некогаш без прашање сам ќе сподели нешто, ама најчесто низ игра дознавам, во форма на одговор никогаш не добивам информација. Претпоставувам темата не му е интересна :)
    Штом разбира сѐ и има фонд на зборови, мислам дека не е загрижувачки :)
     
    На Lanna89, madam puff и Zumbulche им се допаѓа ова.
  7. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Син ми е 21 месец
    Кажува да,не,мами,кака (за прљави работи),дуда (дупка),тао(чао),цице и понекогаш баба,деде
    А разбира се , направи тоа,донеси ...фрли го во канта,се..
    Ме загрижува малце со зборењето
     
  8. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Не се загрижувај мајка, штом разбира ете и кажува по некој збор, ќе видиш наеднаш ќе се пушти со зборување. Сепак зборувај му повеќе раскажувај му работи кога ќе се шетате надвор дома сликовници. Сепак мислам не е за грижа.
     
    На Mother of 2boys и TinnaMinna им се допаѓа ова.
  9. Анас9528

    Анас9528 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali znae nekoj dali ima ADOS-2 test vo makedonija? I ako ima kade pravat i vo koj centar.
     
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Дали има некој проблем ако одредени зборови ги повторува 3.4 пати во една реченица, пример ако, ако, ако, оти, оти, оти, ова ова ова?
    Не правеше вака.
     
  11. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Не, има таков период кај децата (исто како и д'ткање)
     
  12. Little girl

    Little girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    66
    Здраво. Имам еден проблем. Се работи за ќерката на братучед ми. Пред месец наполни 3 години. Кога почна да зборува, си зборуваше течно. Еден ден била на гости со снаа ми и од тогаш кога се вратиле почнала да д’тка. Снаа ми многу и вика и ја кара, понекогаш знае и да ја удри. Детето е истрауматизирано. Вчера баш бев на гости, го влече детето како да е кукла и го удира. Отидовме јас и внука ми во другата соба и ја прашувам те тепа ли мама, вика да и ме боли увото. Детето не сака со неа да поминува време, се плаши. Големи се шансите и поради некоја нејзина постапка да почнало да д’тка. Отишле кај дефектолог, тој рекол дека е мало детето и сака да зборува брзо, затоа д’тка. Рано било да се работи со него до пред 5 години. Некако ме зачуди тоа, нели е многу време? Совети?
     
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Последно некаде прочитав дека овие ги поврзуваат со појава на депресија и анксиозност во подоцните години. Пишуваше и дека ја испитуваат поврзаноста на сампубиства кај адолесценти кои во детството го примале леков.

    Знам дека побара искуство, а не рекла казала муабети, ама неможев да се воздржам а да не пишам прво се добро да си истражиш. Сепак за дете се работи
     
    На zemzela91 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот. Откако му ги препиша истражував и затоа и побарав тука мислење, зошто се она што читав баш како што напиша и ти, не ми делуваше нормално за да биде дадено на дете кое освен задоцнет говор нема никаков друг проблем. Побарав и второ, и трето мислење и одлучивме да не ги даваме. Ви благодарам што споделивте мислење :hug:
     
    На Mumoftwo30, KuklickaSk и CooperD им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Совет, седнете ја мајката и кажете и дека ја упропастува ќерката. Или вие рашамарајте ја малку мајката.

    Ако продолжи да ја тепа и влече, најмал проблем ќе ви биде дткањето.
     
    На Little girl, minne992, Veron&ka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    46.259
    Пол:
    Женски
    Секако дека може да д'тка од тоа што сака се набрзина да каже ама во случајов ќе се надоврзам и ќе се сложам со @KuklickaSk .

    Од сличен случај во поширока фамилија , ќе кажам дека тепањето итекако може да биде причина за д'ткање.
    Разговор со мајката, зашто со нејзиниот ваков пристап ништо позитивно нема да добие. @Little girl
     
    На Little girl, minne992 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Совет прво да се поработи на мајката. Таткото што прави во целава ситуација? Зошто дозволува мајката да му го упропастува детето? Секако дека е можно д’ткањето да е од нешто што се случило, ама и од акумулиран страв што девојчето го има од мајка ѝ за тоа како некое нејзино однесување ќе биде ‘казнето’. Говорот ќе се среди, ама прво мора да се среди причината поради која што дошло до тоа.
     
    На Little girl, H.VAGA и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имаме синче 2 годинки, на 17 месеци приметивме дека некако како да се повлече, не се одзиваше на името, слаб контакт со очи и сл. Претходно си беше се во ред. На развојна проценка бевме во Калинка ни рекоа дека има граничен психомоторен развој, дека касни развојот на говорот. Бевме на дефектолог, тој рече дека има некои аут елементи ама дека не гледа ништо сериозно, сметаше дека се работи за изложеност преголема пред екран и не испрати на проверка на слух. Се утврди дека има течност во средното уво поради зголемен трет крајник и детето слушало како од под вода, односно не слушало како што треба. После испримана терапија и исклучени екрани со посета на дефектолог скоро 3 месеца, има промени контакт со очи супер, почна и кратки налози да извршува, почна да повторува по некое зборче (се ова понекогаш), ама јас се секирам не знам дали е доволно ова напредување. Дефектологот рече дека тие елементи ќе се надминат и гледам дека стварно се намалуваат ама ваљда треба многу време за да се повлечат, сега ни рече да го носиме еден час на логопед па ќе видиме што ќе кажат и таму. Кажете ми ве молам дали сте имале вакво или слично искуство, дали мислите дека треба да го носам и на други испитувања (и покрај тоа што дефектологот смета дека нема потреба и дека треба време)? Совет, коментар, било каква помош од вас барам. Благодарам
     
  19. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Плус да додадам дека си игра со други деца, трча им се радува. И промените ги приметивме во период кога тргна во градинка? Дали можеби и тоа нешто да придонело?
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.024
    Пол:
    Женски
    И ние сме скроз исти. 2 години е, уште не збори. На доктор ни кажаа вода позади ушите. Сега на 1ви треба пак да идеме да и ги проверат ушите, дали се тргнала водата, ако не е тргната тогаш ќе треба операција.
    Мене па тука ми кажаа до 3г , никаде не се носи дете оти до тогаш уште учат и има шанси да проговори до тогаш.