Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Како сте сега? Ова пред две години било ама да прашам.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    26.717
    Ве молам препорака за логопед за поправка на Р во околина на Аеродром.
     
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.557
    Каде одите на дефектолог? Малку ми е чудно мислењево дека има аут елементи ама не било ништо сериозно и ќе се надминеле. Ако има дијагноза тоа не се лечи и не поминува, може да варира нивото на подршка која на детето ќе му треба. Терапија поготово рано почната како кај вас е одличен прв чекор. Како му е неврбалната комуникација? Дали на некој начин ви покажува што сака, што му е интересно? Дали во периодот после 17 месец изгуби некои вештини што ги имал или зборчиња?
     
    На Bella_Stella и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    26.717
    Не знам дали давате, ама давај омега повеќе, помага за развој на мозочето. Слушај ги насоките на дефектологот, и побарај и вежби за дома што плус да работиш со детето. Има на инстаграм активности за деца, види за игри.
    Читајте секој ден, редете сложувалки и коцки, раскажувај му приказни, вежбајте груба и ситна моторика, нека вози баланс бајк, тротинет, нека трча, се тоа влијае на развој на говор. Ќе се пушти ќе зборува чим сте увиделе што е проблемот, време треба. После 2г секако се случува експанзија на говор, вежбајте и дома. И најважно кога сте заедно без поделено внимание, гледај го во очи и биди целосно посветена на него, без да гледаш ти во тв, телефон и сл.
    Има шанса секако, ама поголема шанса ќе има ако се работи пред 3г. Истото од горе, ако не ти даваат термин за дефектолог, логопед, види по интернет сама работи со детето. Кога ќе му се средат ушињата ќе се среди и говорот ама почнете и дома со работа да совлада подобро и побрзо.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Како сте сега? Ова пред две години било ама да прашам.
    Јас сметам дека треба да се носи што порано тоа подобро, за се што испуштило кога не слушало добро или седелео пред екран да може да се надокнади со помош на стручно лице и вие дома секако. Дај боже да биде така па и порано до тоа да си проговорат.
    Појавени се од изложеност и престимулација пред екран, прочитајте за екранизам. Ама за среќа тоа се работи што со време и работа се надминуваат, не е дијагноза.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    ми носи работи пр. Смоки ако сака ми ги носи, ме носи мене за рака да си играме кај играчките, знае се кое каде е, извршува мали налози, контакт со очи има ама треба да се работи на внимание и концентрација кај нас. Игра со играчки и сам и со нас. Почна да повторува по некое зборче со насока овој месец, инаку има неразбирлив говор.. постојано нешто си кажува со интонација со се. Кога сака вика чао и пољупче и браво .. ама не секогаш. Ако му стваам од две работи да бира со малку напор покажува со рака и некогаш со прст ама поретко. Ако речам ајде бањ трча во вц знае каде се бања, каде се спие и сл.
     
    На le.soleil и bickag им се допаѓа ова.
  7. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Пред околу една недела наполни една година. Знам дека секое дете различно, не ми е поентата споредби туку сигурно тука има поискусни мајки со две, три деца, па би сакала мислење.

    Не покажува уште со прсте, не исполнува команди од типот Дај ми го морковчето или Дојди. Вика мама, тата, баба, вава, лала, јаја и уште некои работи по нејзино ама тоа е главно како повторување слогови. Постојано си 'зборува', ретко да е тивка ама на пример не ми се обраќа мама како да ме довикува. За јадење не прави ам ам, туку ќе почне мамамама без престан и за спиење исто. Знае да мафта за Чао и Здраво. Подава рачиња за кревање и си прави звуци ама не конкретно зборче. Се врти на име, гледа во очи, 'комуницира'. Имитира доста - дури кашлање, звуците од маче и куче и повторува - ако и речам Да, ќе повтори. Баба да речам - ба, тата - та.

    Исто е нејадач и сме до нигде со јадење сама. Само пие вода сама, смукалче (дека нив ги сака) и јаде од лажицата, ја носи до уста ама не зема сама со лажицата од чинијата. Ако ставам парченца во чинијата ги фаќа ама си игра, ретко да ги однесе до уста. Толку ли да не ѝ се јаде? Не застанува по цел ден - или ползи или се исправа и 'оди' по мебелот.
     
  8. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.557
    На оваа возраст се очекува да почне да разбира едноставни налози со гест на пример дај ми со испружена рака за да ти даде нешто што го држи во рака или дојди ако и пружиш раце. Такви налози без да и покажеш некаде околу 15 месец се очекува. Ако ја прашаш каде е некоја личност или предмет што е во видеокруг треба да го погледне, да разбира не и отприлика тоа се очекувања за 12 месец. За зборчиња не е загрижувачки, 3 се очекуваат до 15 месец. Ономатопеја се сметаат за зборчиња значи веќе има зборчиња. Покажување со прсте не е задоцнето до кај 17, 18 месеци, има многу време. Штом веќе имитира гласови зборчиња набрзо ќе дојдат. Само многу зборење, покажување, раскажување се што правите и ќе и кликне. Не гледам причина за грижа според она што го кажуваш.
     
    На KuklickaSk, Mother of 2boys и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакам да прашам во врска со дткање кај дете, од шо може да е причината, како се средува?
     
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.028
    Пол:
    Женски
    И мојата е во таква една фаза,еве месец време веќе,малку намали,па пак почна,ама не е цело време додека зборува,туку така повремено.
    Сум забележала кога сака нешто да каже набрзина,така и'се случува.
    До кога ќе е така еве нека кажат некои кои минале низ вакво искуство.
     
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Дали се стресува кога и иди тоа, како се однесувате во таа ситуација, кој е тригерот, дали може да биде при некое воспаление и температура, ако имате сознание, дали се случува при голема возбуда или стрес?
     
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.028
    Пол:
    Женски
    Не ја прекинуваме додека не се искаже убаво,т.е не реагираме никако,бидејќи ако реагираме се нервира почне да плаче.
    Кај неа мислам дека е од возбуда,мн брза кога зборува,сака повеќе работи да каже за брзо време и тогаш и се случува тоа.
    Не знам колку ќе трае овој период.Загрижена сум многу.3год и 5 месеци е.
    Вие ? Мислам дека помали сте?
     
  13. Zoii.86

    Zoii.86 Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Нова сум на форумот,би сакала да ве прашам за совет и искуство.
    Синот од 9 години многу некако ми е променет,он е срамежливо дете бира со кој да игра ,сега некако многу нервозен е ,знае да заплаче ако некое дете му рече нешто и му се насмее,од мал некако потеско му оди со сврзување на целосна реченица кпга сака да казе раскаже или изјасни,седам со него со добро со убаво му објаснувам се како треба,како и секоја мајка ....
    Прашањето ми е каде да се обратам да се подобри со говорот
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Kaj deteto mislam deka se raboti za nekoja psiholiska sostojba....Godinite se tie,ni mal,ni golem.So ogled na toa deka pubertetot nastapuva porano,emociite se takvi kaj decata...Odnesete go na psiholig,razgovarajte.Koga prasuvate,prasaj te smireno I trpelivo cekajte odgovor...Mislam ke se nadmine problemov...
     
    На Zoii.86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CBradshaw

    CBradshaw Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Препорака за логопед од кој сте задоволни?
    Се работи за 2 годишно детенце
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    26.717
    Интересна емисија на темава

     
    На Mari-Li и Anturium им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Здраво, син ми е 2,5 години, почна да зборува од многу мала возраст, има голем фонд на зборови, но во последно време почна многу да пелтечи. Најчесто кога зборува бргу и сака нешто да каже набрзина или на зборот ‘ ШТО ‘ , таму најмногу забележав. Кога сака да каже што, го кажува повеќе пати. Веќе 1 месец му трае тоа, не знам од што е, дали има некој со слично искуство?
     
    Последна измена: 8 јули 2024
  18. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.028
    Пол:
    Женски
    И мојата е така,3,5 години е,месец веќе е така.
    До кога не знам,сите ми велат дека е период.
    Еве ако има некоја искуство нека каже кога ќе се реши тоа.
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Дали ќе може да ми предложите шо можи да се испита во следниов случај. Детето се супер си е развива и разбира се, почна да си зборува како шо треба најпрвин со малце зборови да си поврзува реченица.
    На многу зборчиња не ги кажуваше правилно и затоа оди на логопед и ги совладува буквите. Во последно време почна со повторување и малце дткање на почетокот на реченицата пример мама , мама, мама или ако ако ако дури му текни реченицата ќе се задума како да ја изговори. Како ново дете да имам, сега сврзува многу комплицирани реченици и поврзува зборчиња повеќето ги совлада, дткањето намали.
    Но сепак кога е многу изморен најчесто и пред спијање повторува по некој збор и има потешкотии да го изговори. Да напоменам почна да разбира многу комплицирани работи и да совладува материјал кој е за поголема возраст. Не е форсиран него самиот се интересира, многу прашања и бара одговори, плус и минус, многу малце, големи работи, мали, имаме немаме поврзувања различни сложувалки и слични работи сепак за него комплицирани. Се не разбира шо зборуваме и ги повторува истите работи шо некој ќе ги кажи но со разбирање.
    Многу е мирен, немаме некој проблем само малце со говорот.
    Бара многу внимание, сака одговор во моментот, со возрасни е супер си разговара, малце со деца се затвора во зборувањето а си игра нема проблем, не бега или нешто, но не е опуштен. Сака да експериментира, во игрите, не се изморува со ништо дури и кога е со температура пример. Многу тешко заспиваме и преку ден и навечер овај период исто и многу се возбудува кога игра.
    Дали нешто додатно да испитам и шо можи да е ваква промена, ве молам само некој кој ќе ме разбери по стручно да ме упати или ако имате сличен проблем.
     
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    9.575
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми за 1 месец прави 3 години. Последниве пола година уста не затвора ама буквално. Ако не збори пее. Секој ден по милион прашања поставува. Пример одиме по улица ќе види девојче некоа, а како се вика дадата, а кај оди, а што ќе прави, а ќе си игра, а оди во школо, оди во градинка, а како се вика мајка и, а татко и....и ова е вака буквално за се.
    Се случува да и одговорам и пак истите прашања од ново. И секој ден од сабајле, до вечер, прашања, константно. Ја однесов на ушно, слуша.
    Зборењево по цел ден е лудило, вчера од 8 до 9 ја раскажуваше Црвенкапа како на repeat.
    Друга работа се и е некако како по патерн (не ми текнува македонскиот збор како е соодветен). Пример гледа 4 пеперутки, и почнува црвената е мама, зелената е тато, розевата сум јас, сината е бато. Најглуп пример имам чаршав како виножито, за секоја боја има одредено кој е, вујче, баба, дедо. По бои дели се.
    Имам пријателка психолог ја прашував дали е можно АДХД да има некоја форма, ми вика не се занесувај супер е детето.
    Ве молам споделете ми искуства дали се јавува вакво однесување и как некои од вашите деца. Јас не сум приметила кај дечињата со кои се дружи.