Kолку годинки е детето? Дали строго се сомневаш за слухот или? Јас моево кај др.Дума го носев,тој е невролог исто не зборуваше, по малку
Kолку годинки е детето? Дали строго се сомневаш за слухот или? Јас моево кај др.Дума го носев,тој е невролог исто не зборуваше, по малку
Здраво ќерка ми е 22 месеци, зборува многу, зборува чисто и поврзува цели реченици. Сега овие два, три дена ми се појави проблем, детево почна да повторува зборови, да пелтечи. Зборува нешто и наеднаш почнува да дтка, да повторува една буква пред да го каже зборот. Се јавив на логопед но ми кажаа дека уште е мала.Дали има некој со ваков проблем дали со тек на време се средило и доколку да на кој начин? Ви благодарам
Здраво родители. Сакам да почнеме работа со логопед па ако може да ми препорачете некој од кој сте задоволни во околината на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода? И дали проценка на развојот си прават во самото логопетско друштво или е потребно претходно да се прави целосна проценка на детото во однос и на некои здравствени проблеми како на пр. на слух, говорен развој, подјазична ресичка и слично
Година и 4 месеци. Освен мама, тата, да, друго не знае. Разбира перфектно, ама некако не му оди зборувањето. Дали да интервенирам или да почекам уште некое време?
Нели е мало уште? Ќерка после 2риот роденден можев да кажам дека веќе "збори". Мада и тогаш не беше нешто кој знае што. Најголема промена видов дури на 2г и 3м кај што наеднаш почна цели реченици да склопува и да си правиме муабет.
Е јас гледаш тоа не сум го знаела, па ваљда и затоа не сум се притресувала Гарантирам дека на година мојава немаше ни 5 збора, а ни на втора немаше 50. Затоа сега има милион зошто, милион затоа. Јас алармот го пуштив после вториот роденден, и бев решена од 2 и пол да ја носам по испитувања, ама она ме претрка набрзина. Не знам, нека пишат други членки искуство. Јас вака немајка си испаднав
Докторка од систина нас ни има кажано дека до 2 години минимум е да има 10 зборчиња, се друго е плус. Мојот почна на 18 месеци со повеќе зборчиња и на негов јазик да комуницира со нас, така да рано е имаш време ќе си прозбори.
На таа возраст не кажуваше речиси ништо само животните како прават и тоа не точно, по негово некако кажуваше. Си зборуваше на негово “арапски” ама немаше оформен збор па не се замарав многу. Сега на еден месец пред 2 роденден почна преку ноќ зборови да кажува многу, од фамилијата сите ги именува, дури пробува и 2 зборчиња да спои, пример “кај баба”. Јас не би преземала ништо ако разбира и извршува наредби, испушта негови гласови не мора да е оформен збор. Мислам мали се и на таа возраст доволно е.
Година и 8 месеци е. Спрема врсници, а и помали што читам по другите теми, моево има многу мал фонд на зборови. Извршува наредби, разбира се. На слика знае да ги покаже и роднините пример што не ги гледа секојдневно. Тие што ги гледа, ги именува и во живо. Мама, тата, баба, деде, тете, даде, уте (вујче), нејзиното име. За преку 20 животни кажува како прават, не ги кажува по име животните туку само како ономатопеја. Освен куте(куче), мате (маче), кон (коњ). Ни реченици, ретко поврзува повеќе зборови. Јас реков до кај 2-2,5 години да видиме како ќе е пред да барам консултации со логопед.
Да не ве цитирам една по една, благодарам на споделените искуства. Некако се мислам и да го променам пристапот. Мислам дека имаме воспоставено и премногу добра комуникација, некогаш и се мислам дека не му давам прилика да повежба да каже нешто. Пример ќе го прашам сакаш ли вода, и тој се смее ( смеењето му е да, кога е расположен вика изречно да ). Или покажува кон нешто со прстето, и јас веднаш го прашувам дали го сакаш пример тоа и тоа. Кога играме секогаш зборовите му ги кажувам полека, му давам време и тој да проба да каже нешто ама само се смее.
Ист случај и кај нас . И јас бев решена да го оставам до 2 ипол. После 2риот роденден му се одврза зборалото. Јас бев загрижена, затоа што ќерка ми до 2 год зборуваше се, со р и сите букви и ми се чинеше голема разлика.
Наместо тоа, прашувај "Што сакаш?" И ко ќе ти покаже пример "Вода сакаш? Тоа е вода". Јас така видов голем напредок. Ама пак, зборам за поголема кога беше. Ние сега тие зборови што ги кажува неправилно, пример балони, авиони, и камиони и е "Нони". И ко ќе каже дома дека сака да дуваме Нони, ние се правиме на тошо. Не знаеме што е тоа. И така се научи да кажува Балони. Е сега уште авиони да гледаме почесто, па и тоа ќе се научиме