Исто, мојава покажува со прст веќе знам што сака и давам. Не оставам простор да се искаже или да поставам куп прашања. Пример знае каде е шкафчето со ужинки во кујна. Ме носи за рака и покажува на горе и вика ам ам. Знам дека сака да јаде. Е сега во главно отворам и првото што ќе го покажам го зема. А на пример тука можеме и со повеќе прашања да тераме, да вежбаме говор.
Моето е година и 5 месеци и ни мама ни тата ни да ни не, ништо од ова не кажува, а јас не сум загрижена. Треба ли? Мислам дека уште се мали за интервенција, нека ме поправи некој ако грешам. Вака си е доста вокален и си збори на негов јазик и затоа некако не се секирам. Мислам дека е прашање на време кога ќе почне да кажува зборчиња.
Не знам, затоа прашувам. Не знам ни кој се официјални метрики, еве некои доктори викаат 50 зборчиња до 2 год, некои 10. Не е мала разлика реално.
Обично на оваа возраст треба да знае да каже некој збор, мама, баба или сл. Да користи 5-10 збора. Или барем да има проговорено во смисла тоа значи да има употребено еден збор со значење. Дали тие свои баботења што ги зборува ги користи за комуникација? Битно е да се обидува да комуницира со вас на некој начин, макар и да се тоа некои негови зборови кои не се баш добро изговорени. Никогаш не е рано за проверка со дефектолог. Нема подобар начин да му помогнеш освен на време да се провери и да се реагира ако треба. Секогаш има начин како да му се помогне во развојот, без разлика на возраста.
Првата година-година и пол треба да знае да кажува само неколку збора. Ако околу 9 месеци до година е некој период кога обично кажуваат еден збор со значење, тогаш периодот веднаш после тоа треба да кажува уште некој збор плус на тие првите зборови како баба, мама и сл. До 15 месеци отприлика 10 збора плус на основните. До 18 м. се 50 збора, а до две години 200-300 збора. Секое дете е различно, но отприлика вака треба да се развива говорот.
Некогаш кажува тата, ама мислам дека не е со значење. Ако го прашаш кај е тато, мама, баба, чичо, тета итн покажува. Кај е лустерот, цвеќето, ав ав за кучето, телевизорот итн покажува. Во сликовница кај е мајмунот, кај е мачето и тоа покажува. Еден период го учев како вика кокошката и он повтараше неколку дена по мене коко коко, ама престана. Работам со него колку што можам, телевизија и телефон не гледа воопшто, освен ако сме негде па има вклучено, ама обично замолувам да се исклучи. Баботењето е најизразено при самостојна игра. Оди зима играчки од корпа, ги носи на маса, ги реди и нешто си раскажува на негов јазик. Кога реди коцки, кога шетаме надвор и гледа мачиња, кучиња, луѓе исто така почнува многу да ‘баботи’. Јас немам проблем со тоа да го однесам на проверка, напротив сметам дека е супер што постои таа опција. Ама некако не сум скроз сигурна дека сеуште има потреба, не знам дали сум во право.
Огромна е разликата реално и не знам по што е паметно човек да се води. Моето дете конкретно е премногу фокусирано на моторика, качување, трчање и сл и мислам дека социјалниот дел затоа му ‘трпи’. Не е дека не гледам напредок и таму, има невербална комуникација, браво, чао, здраво, да пукне, праќа бакнеж итн. Е сега за говорот не знам, можеби и ние како родители негде правиме грешка и треба да го стимулираме некако. Стварно не сум паметна на темава.
Реално до годинка не знаеше ни еден збор. Тек сеа околу година и два три месеци започна мама и тато. До 18 години 50? До две години 200-300? Леле тоа е многу? Што се рачуна за каснење? И јас тоа се мислам, мојот каснеше со седнување, реално касни со моторика, се мислам најверојатно ќе касни и со говор. А и нели викаат дека се фокусираат на една работа, ја усовршуваат па започнуваат со друго. Не знам стварно.
Можеш чисто ради твој мир да се консултираш со стручно лице и да прашаш дали треба уште од сега да се интервенира. Мислам дека сте во странство, па претпоставувам и стручноста е на друго ниво. По мое лаичко мислење не сметам дека има проблем зошто ете има зборчиња. Ако гледаме така моето е поголоемо, а е ‘поназад’ зошто не вика ни мама, ни тата. Знае некогаш и тоа ретко да рече тата, ама не е со значење. Не е дека и јас не сум се запрашала дали касни, имам секакви примери околу себе. Помали од него што зборуваат, поголеми од него што тек почнуваат да прават работи што он ги прави неколку месеци уназад итн. Сѐ на сѐ, мислам дека секое дете е различно, а правилава колку зборови до кога треба да каже се повеќе некоја генерална мерка и просек. Би интервенирала ако гледам дека изостанува и невербална комуникација, ама вака не знам.. Сакам да почнам со некои вежби за стимулација на говорот. Ако имате некои идеи или практикувате нешто што вродило со плод, споделете.
@Bella_Stella, јас лично прогрес видов само со зборување додека тој е заинтересиран. Многу ретко се случува да е заинтересиран скроз, смирен, фокусиран (цело време е со дистракции), ама го препознавам моментот веќе и отварам книга, извикувам зборче, мелодично, певливо, глумејќи.. Така го осеќам дека впива повеќе и дека сум му “интересна“ и останува фокусиран уште некое време. Вака, кога сака нешто и кога ммка додека не го добие, шише ли, цице ли, вода ли... Сум се отепувала зборувајќи, вода ли сакаш? сок? мотор? не сум имала повратно ништо оти ако сака да докачи нешто фокусот е само таму и гајле му е за името на тоа нешто. Да, можеби е начин да научи нов збор, ама не ми е во learning mood во тој момент. Јас такво чувство и искуство имам. Спојлер Speech. Most 17-month-olds are saying at least four to six words; few are saying 50 or more words. If your toddler doesn't have a few words in their vocabulary, there’s not necessarily a cause for concern — so don’t panic. Does your kid point? Grunt? Make it clear that they understand what you’re saying? Those are all signs that your child is getting closer. (If your kid isn't doing these things, talk to your pediatrician and have their hearing checked.) Сигурно сѐ ви е исчитано, ама еве. Нормално е и 4, нормално е и 50 зборчиња. И Лаванда ќе ја таг @Lavender13
Книгите мислам дека многу помагаат, зборување и објаснување сѐ што правиме и исто шетање надвор, којзнае како сум личела кога сум му кажувала: маче мјауууу ајде да го викнеме мачето, дојди мац мац. Пеење песнички со рима. И исто не знам дали и кај другите е така ама ние кога му зборуваме сѐ некако во трето лице му кажуваме: мама ќе ти чита, тато ќе те земе, сакаш вода? Мама ќе ти даде вода. Тоа интуитивно доаѓа ама ако не го правите пробајте така и ќе почне мама тато. Е сега ни е тешко да престанеме со тоа. Друг пример, кога ќе се нервираше за нешто што не може да направи и почнуваше да треска и вика му викав: "мамооо помогни ми, мамоо" ама пробувам да му бидам интересна. И сега знае да каже "мама помони". Зборувај и ќе почне одеднаш да имитира. Кај учењето нови зборови се случи околу 18 месеци, пред тоа знаеше околу 10 зборчиња максимум.
Фала ти, баш ќе пробаме да ги примениме советите. И ние обично така се обраќаме. Мама ќе даде, тато ќе направи, не со намера туку така некако спонтано доаѓа, ама ќе пробаме да го потенцираме. Откако пишав прееска дека не кажува ништо, два пати во текот на денот рече тааато. На маж ми му викам дека мислам дека е со значење, ама он вика случајно е. Он вака е голем брборко ептен и се гледа дека пробува нешто да ни каже, ама сеуште не му успева.
Моето нема ни еден збор. Значи ни еден збор. Ни мама. Точно 2 години е. Во понеделник сме на логопед.
Го носам големиот на логопед заради Р. Баш го прашав за број на зборчиња на 12 и 18 месеци, за референца за син ми и внук ми кој на 18м има многу лимитиран број на зборчиња. Одговорот му беше дека до 1 година има деца со 1 и со 5 збора. 50 зборчиња на една година ниедно дете не кажува. До 18 месеци треба да има од 5 нагоре. Мислам дека сте ок за возраста.
Проверете ги ушињата само да сте на сигурно. Многу деца не вокализираат конкретен збор заради проблеми со слух. Не слуша правилно и не може да изговори. Особено ако не отстапува во други параметри (има споделено внимание, разбира и слично). Инаку до 2г се бројат и слогови кои ги кажуваат наменски место збор. И ономатопеја се рачуна. Пример ав ав кажано за кутре се рачуна за 'збор'. Да за дај за збор итн
Ова е најбитно, и мислам повеќето родители не го знаат. Да, не е правилен говор, ама ако детето конзистентно вика ам за јадење, тоа во "неговиот јазик" значи гладен сум и се брои како збор. Ќерка ми викаше пља за вода на пример. Врска нема нејзиниот збор со правилниот, ама преку 2 години така викаше.
Кога се роди имаше оценка 10 за слух. Можно ли е нешто да се променило од тогаш? Вака не ми изгледа како да има проблем, се врти на име, реагира на секакви звуци, игра на музика итн. Инаку пробува пример за куче да каже ав ав, ама повеќе вика ау, кога ќе го прашаме кај е ав ав. Пишав погоре дека еден период викаше ко-ко за една гумена кокошка, ама само неколку дена и престана. Дур бевме на одмор кога земаше песок и камења и ги носеше накај уста да ги јаде цело време му викавме кака и тогаш почна да повтара и он да вика кака кака, ама само неколку дена и престана.
Исто исто, пред овој говор викаше само брм ама на се, пример ќе фрли топка и ќе каже брм. Тоа му траеше долго се друго беше само неколку денови. Еве пишав сега е во голем напредок, последниот месец сум шокирана секој ден има 2-3 нови збора и не ги заборава како претходно. Искрено јас би чекала докај 2ипол години.
Веќе треба да сврзуваат две зборчиња на 2 години, и многу зборови со значење да имаат. Ономатопеите се рачунаат во збор, некои слогови исто. Стимулирајте говор низ игра и песна, ќе се пушти со тек на време, само работа и едукативни игри и занимации.