Да не ви дал дијагнозата развојна дисфазија (не дифузија)? Ако се работи за дисфазија еве убаво објаснето што е тоа од страната на Гаспар центар. https://gasparcentar.com/што-е-развојна-дисфазија/ Прашајте за терапија, не мора кај нив, и други логопеди може да помогнат, треба да пробате и да најдете некој што ќе ви одговара. Не е прерано, напротив ако се почне порано е подобро за детето.
Да сега видов грешка сум напишала, проблем е што сум од Кавадарци, Кај нас сите кажуваат мал е мал е , а јас сама незнам како да му помогнам , сега закажав проценка со логопед и дефектолог да видиме што инструкции ќе ни дадат
Нема такво нешто како премногу мал за одење на логопед, дефектолог или психолог. Барем за преглед и совет. Дури и да има развоен проблем раната дијагностика и терапија даваат подобри резултати. За другите градови не знам, претпоставувам дека има проблем да се најде стручно лице. Во Скопје на поликлинка Бит Пазар има Центар за ризично родени деца кој работи државно. Таму има тим од стручни лица кои работат со деца од најрана возраст. Поточно од новороденчиња до школска возраст. Отворени се и за дечиња кои се родени без никакви проблеми, ама подоцна во развојот имале потреба од консултација. Некои родители носат дете само колку да го следат развојот дали е во ред, чисто за контрола, без пројавен проблем некаков. Затоа велам нема ограничување кога и за што треба да се прегледа детето. Секое време и секое дете може да се однесе. Има предрасуди од средината кон овие струки и дали се потребни, има неинформираност и дезинформираност и има негирање на проблемот од страна на родителите како нивни одбрамбен механизам во обидот да се справат со проблемот на детето.
Точно поради тоа и на 20 месеци е однесен на мислење , за што побрзо да се почни , да не биде без говор а поголем да се исфрустрира повеќе затоа што нема да знае да кажи , ќе бараме , до тогаш се надевам ќе добиеме насоки од проценката
Preku najrazlicni igracki na pr. Topka i pobtoruvaj topka... Citanje slikovnici Imashe nekoj knigi mojot prv zbor celi so slikicki i da go kazuvate Telefoni nikako i taka se ke bide ok
Зборувај со детето. Објаснувај се што правиш. Пример: ајде сега да се облечеш и кажувај ја цела постапка. Исто така ако детето покаже кон нешто прашувај дали баш тоа го сака. Читајте сликовници. Неколку пати дневно барем по една и пред спиење обавезно или книга или раскажување приказна. Исто така стимулирај моторика. Чудно е ама развојот на моторика кај деца позитивно влијар на цел развој. Редете коцки, користете сортери, стимулирајте качување, вежбајте прецизно фаќање (да фати помали предмети и да ги стави во тегла на пример), нека претура гравчиња од сад во сад со лопатче, играјте со топка и слично.
Со братчето како се? Играат? Мојов големиот го учи малиот, ова е топка му вели, обавезно еднаш денот играат убаво без тегнење и туркање
Играат кога како. Кога ќе му речам на големиот играј го да завршам некоја работа,слабо. Ако сами се заиграат и пола саат може да сум раат почесто се бркаат или играат ѕе. Големиов сака на раат да си игра со количките малиот да не му растура. Инаку кажува мама,баба,тата,тета,да, не(клима со глава) де(ѕе) како прави колата како кучето...ама бидејќи големиот на негова вораст веќе повторуваше зборови затоа ме чуди малиов. Добро,малово па моторички повеќе е развиено наспроти бато на негова возраст.
Кога се очекуваат повеќесложни зборчиња или барем со два различни слога? Сѐ му е ма-ма, та-та, де-де, ба-ба го-го за грозје, во-во за вода и тн, т.е. со по два исти слога. Пробува да учи нови зборчиња и кога ќе слушне нов што му интересен пробува да го повтори, но секогаш само првите две букви, Та за трактор, Ка за кактус и тн... 18 полни месеци има.
Кај мене 20++ месеци е и уште во главно се кратки зборови. Последниве 10тина дена има и нови зборови ама исто кратки. Дури и Л ја вклучи во зборовите и тоа јасно, чисто Л, ако не знае многу да кажи. За гледај, вика глееееј, до пред некој ден беше гејјј ако покажува нешто. Сега баш и Л ја кажува. Во сите 30 зборови што ги знае и еден куп букви што не ги знае, баш Л најде да ја кажува. Наопаку скроз.
Многу ме потсеќа малата на моиве, затоа и ти кажав дека ќе частиш пиво Значи не знаеа да кажат земи (викаа дзе) ама знаеа да кажат октопод, капсула, трапез, поплава и тоа чисто ко ден
Браво за џенцката. На ќерка Р и Л и се сеуште непознати Преска баш ја "вежбавме" Л, викам што лижеш? "Ижавче" викам тоа е Лижавче. "Не, ижавче е" Викам знаеш да кажеш Л? "Не" Ем не знае, ем мува не ја лази @le.soleil октопод е "попопод"
Леле толку ми се слатки некои кованици што не само што не ги корегирам него и ние почнуваме да ги употребуваме Знам дека не е правилно ама посилно од мене е Едниот е порецептивен ако му побарам да го каже правилно, го кажува 5 пати додека не го погоди, другиов ми се дере онака како што му е најлесно и уште се љути ако се правам дека не разбирам
Еден куп зборови има така што не се правилни кажано, ама побитно ми е дека склопува реченици со по 120 збора. Пред некој ден - "Купи мото(р) вујче син, јас умна бидам, мама с(л)ушам". Инаку од бисери како попопод, тротинет - "нетинет" или "нето", боици - "цоици" , пари - "таи" , прозор - "зозо" , автобус е најјакото уствари - "ЧАЧУЧУ"
Јас се мислам како ќе дешифрирам вакви кованици? Тефтер до мене и да пишувам. Инаку @le.soleil кај нас името си го кажува по нејзино, и ние почнавме да ја викаме така, што е грешка ама интересно ни е. Што да се прави. Ќе се управаме.