Здр мамички загрижена сум ептен. Моето дете има 4 год.. не кажува цели реченици но кажува зборчиња и тоа многу чисто и разбирливо .. некогаш соработува со нас дома.. некогаш не.. кога го викаме по име некогаш се врти некогаш не (свртен на др страна и се смешка) . Кога нешто му е зададено со строг тон веднаш завршува или исполнува но со молење од типот те молам подај го ова/ она нема шанси да го подаде .. како да е непослушен... носен е во центар за ментално здравје младост таму и невролог и психијатар го прегледаа.. во 3-4 соби влеговме и резултатот на крај беше се си е ок со детето работа со дефектолог само.. го носевме и на неурофидбек терапија и таму се се среди и се е чисто.. се е супер... а детето уште не кажува реченици и воопшто не поставува прашања. го носевме и во државна кај дефектолог Валентина Дуковска која исто ни рече дека детето е е мн паметно.. сложува сложувалки... разликува бои... брои без грешка од 1 до 10.. кажува азбука.. разликува животни.. го начекувам некогаш сам си кажува кое животно го држи во рака (бидејќи дома имаме фарма со гумени животни ) ... исто нејзина препорака работа со дефектолог...одиме на логопед 2 дена неделно ( паралелно работи и дефектолог со него) има некое подобрување во однос на однесувањето, логопедот го фали дека добро работи и дека е бистро дете но претходнава недела се пожали од него.. воопшто не соработувал или ќе сработи набрзина и ќе стане да си трчка низ занималната... дали некоја мајка имала ваква ситуација и дали се се среди со детето... извинете на долгиов пост... очајна сум веќе нервно попуштам... П.с извинете на долгиов пост ... ќе очекувам Ваши совети, идеи што понатака, .. Ви благодарам
Дали дететето оди во градинка? Дали детето е плашливо? Дали детето е мешано во народ? Дали детето сака деца? ... Ние во градинка имаме учителка пред пензија и она вели јас во мојата група немам лошо дете, јас во мојава група немам дете за на логопед,дефектолог...се тоа е наметнато како програма, што на мене ми е преку глава од измислени проблеми. Децата се деца. Они се деца и ке си пораснат. Ајде не се секирајте...
Па не знам... кај нас вршат злоупотреба на децата (телефоните криви)... не можат со работа да постигнат па и дома после работно време работат за 600 денари. А вод градинка со секое дете се работи поединечно. Нема дете што не му фали некоја буква на 4-5. години. А ако не работи логопед со него нема да кажува букви? Стварно се е наметнато! Кој бе возрасен остана да не говори со сврзници? Кој не изговара ч,ш,б ? Наместо да се фокусираат на читање и пишување од прво па натаму...учат говор на букви на 2-3 години. Моето едвај го оправив со ф-фонтана, ф-фрижидер, ф-фустан. Што е претерано, претерано е!
Познавам доста луѓе со неправилно изговарање на гласови, што доколку како деца посетувале логопед немало да го имаат како проблем. Да не збориме како тоа им влијае на самодоверба колку исмевање добиле од врсници итн. А да не збориме колку е потребна рана интервенција на деца со доцнење во развој и реални проблеми. Така да, за повеќето е можеби непотребно и претерано ама за одреден дел и те како потребно. Ама заради вакви мислења, родители не признаваат дека детето има проблем и чекаат па им прават штета.
Еве јас. Не кажувам Р. На моите им било симпатично и не ме носеле на логопед. Р ако не го поправиш до одредена возраст така останува. Не ми фали ништо, имам супер образование, работа, семејство, живот, ама знам како растев колку се срамев дека не знам да го кажам. Син ми има 5 години и оди на логопед исто за Р. Логопед направи проценка во неговата група, повеќе од пола се за логопед иако ниедно нема аутизам или друг нетипчен развој. И не се телефоните криви. Син ми на телефон е лимитиран на 15мин на ден youtube kids, TV не гледа. Па ете има според проценка 'фонетска незрелост' и треба да оди на логопед да ја поправи пред да тргне во школо зошто после ќе му биде потешко. На 5 години треба сите букви да ги кажуваат децата, а не да вика шаат место саат, да мешаат ц и ч или да не кажуваат Р, Л, С.
Посета на логопед не е срамота или тренд. Тоа е потреба. Син ми оди на логопед за С и Ш. Ц и Ч се океј, З и Ж, исто, ама не се идеални. Како букви ги има во изговор, кога се самостојни се океј. Проблем е диференцијација и кога се во ист збор. Кога не брза е океј, ама кога брза, а често брза и зборува многу, Сашо е или Сасо или Шашо. Пример, сонце никогаш не го кажаш шонце, ама одредени зборови се дискутабилни. Јас лично го однесов на проценка. Телефоните секако не се криви. Јас сум ја немала Р и за 3-4 часа сум ја усовршила. Телефон во мое време во ходник имаше само, цртани во 7 навечер или на касета еднаш дневно Бамби.
Од кој логопед сте задоволни во скопје? Конкретно имаме "проблем" со Л . Вака ја изговара, ама во зборови зависи на кое место е во зборот и после која буква е "w" ако не го поправам. Пример Лиле ќе каже, ама бил е биу. 5 години има па сакам веќе да го однесам.
До кога трае babbling периодот кај деца? Ќерка се повеќе зборови кажува и повторува по нас ама и често додека си игра самостојно, постојано си "зборува" нешто на нејзин јазик. Уста не затвора што би се рекло. Баш зборови чисти и разбирливи за сите сигурно преку 100+ има веќе, плус такви што не знаеме што се.
До 3 години отприлика. После 2 и пол се намалува. Кога ќе почне со реченици да збори се помалце ќе има џаргон. Кај вас тоа ќе се деси за едно 2 3 месеци од сега макс
Синко има 18 месеци. Пример за цуце вика сусе, во некој зборови изговара ц без проблем, исто и со ш, имам приметено така некаде изговара, некаде не. За р и л претпоставивам дека е и мал да би имала грижи. К ја заменува со т Дали треба да се загрижам и работам на случајов. Инаку доста зборови кажува, многу има изменети, за комби кажува боми, балон е бон, банана е бами ( а порано викаше бонана, сега веќе не ), леба е иба и риба е иба, трактор е татор, канта е танта, В исто не ја кажува, вода е ода, воз е оз, дува е дуа, мува е муа. Ч исто во некој зборови како да не му оди, чиче некогаш му успева да каже ама некогаш испаѓа сисе Му се зборува доста правилно и јасно за да научи. Ама ете ... Да рачунам дека е мал или како што реков да се консултира логопед. Мислење?
Од кога пишав, земав да читам за тоа кој глас кога треба да биде совладан. И увидов дека сме на добар пат. Ме загрижи тоа што некогаш кога пробува да изговара звучи како да му е потечен јазикот ( не знам како да објаснам поинаку како звучи тоа ) На капи вика папи, за дупе - пупе... Има многу изрази негови. А кога треба да почне да врзува зборчиња?
Преку ноќ ќе почне да врзува, зависи од дете до дете. Ама супер сте. 2 години и 5 месеци е кај мене. Цели реченици користи, а К и е Х на почеток за збор, П во средина. Р ја кажува во некои зборови, Ф ја кажува, што се очекуваат подоцна, а К и е проблем. Што значи нема скрос ограничени правила. Не се секирај, не се оптеретувај. Моделирање, читање и таман ќе си е
Денес полни 18 месеци и ја кажа првата реченица, бев излезена и рекол а де е мама Си дојдов и се крие под ќебе и пак повтори, а де е мама Колку брзо растат и колку брзо учат тоа е чудо. Сонциња убави
Пред месец дена се ‘жалев’ дека сме назад со развојот на говорот, споредено со тоа што треба да го има постигнато за возраста и со примерите околу нас. За 10ина дена ќе има полни 20 месеци. Пред околу две две недели почнав да приметувам значителни промени на оваа тема. Прво почна да разбира скоро 99% од тоа што му се кажува или го слуша во наш разговор. Разбираше и претходно, ама многу некако напредна и со невербална комуникација почнавме супер да се разбираме. За брзо почна да се пушта и со повеќе зборчиња. Моментално му имам изброено околу 20+ што се функционални, а секојдневно почна и да повтара по нас кога ќе чуе некој збор што му е интересен, буквално е како папагалче. Си збори и на неговиот јазик, кога е заигран објаснува ли објаснува нешто. @le.soleil ќе те тагнам зошто многу ме имаш утешено на темава со твоите објективни објаснувања. Што мислиш, дали сме ок и дали има потреба да го носам кај логопед? Јас планирав Декември, ама по тоа што го гледам моментално мислам дека засега нема таква потреба.
Јас би почекала до 24 месеци, штом за толку кратко време пуштил нови зборчиња и почнал да повторува верувам дека набрзо ќе се пушти. Ако до 24 месеци има барем 50 зборчиња значи е on track.