Бела те молам.. прерано е за логопед. До 2 и 4 месеци 5 зборови кажуваше мојава, па наеднаш почна реченици цели, еве ја 3 јазици зборува. Како сакаш де, мое мислење е дека е мал и не треба ептен да се грижиш
Бубиш не кажуваше скоро ништо освен некоја ономатопеја, затоа бев со идејата за логопед. Сега веќе гледам дека има подобрување и мислам дека нема потреба. Инаку знам, ќе си дојде сѐ на место порано или покасно. Ама во ептен блиско опкружување имаме детенце со прилично задоцнет говор и можеби затоа бев исплашена, којзнае.
Не споредувај со други деца. Така братичетка ми уште пред две години ја носеа внука ми зошто ни мама ни тато, ама баш ниту еден збор. И кога направи две години почна цели реченици. Некни баш читав за изговор на гласовите, ме интересираше кога што како. И наидов на тоа дека до две и пол треба да се даде шанса на детето пред да се носи на логопед
Не споредувам со други деца. Гледав дека моето дете не ги исполнува критериумите за возраста и со право бев загрижена. Мислењата за соодветно време за посета на логопед се поделени, ама мојот став е дека не е воопшто рано и на оваа возраст да се однесе ако апла касни детето. Моето каснеше, нема што да го негирам тоа. И ако продолжеше со тоа темпо сигурно дека немаше да чекам до две ипол години за да го однесам. Има нешто што се вика рана интервенција и многу голем ефект има кога порано ќе се воочи и работи на одреден проблем, дали во интелектуален развој, развој на говор и слично. Ми викаш да не споредувам, а ми кажуваш пример од братучетка ти. Детето што ни е во блиско опкружување и е со задоцнет говор го спомнав зошто при разговор со мајка му која што е прилично упатена во темата, дополнително сфатив дека и моето дете касни. Ете они се еден позитивен пример за посета на логопед. Почнаа да го носат пред да наполни 2 ипол години и има значаен напредок кај него.
Не да споредуваш со братучетка ми. Буквално ја измалтретираа и тоа сама после го кажа дека многу ја изнашетаа. Кај се не ја однесоа и сите им рекао дека е во ред. А таа пак не говореше. Во тој контекст кажав ама не се допишав изгледа, синко збеснува овде
Се тоа ок. Но можеби и на детето му дошло времето, па и без логопед ќе имало напредок. Јас бев во слична ситуација како тебе со второто дете. Го однесов пред две години на логопед каде што добив совет да го оставам уште некој месец . Во тие неколку месеци почна драстично да напредува и повеќе не го однесов. После 2 ипол почна со цели реченици. Значи да го носев на логопед ќе мислев од таму е напредокот . Ок е рана интервенција и се тоа, но мое лично мислење е дека ако детето има нормален развој и разбира се,а малку зборува да се почека до кај 2,5-3 год. Некако и ова со логопедиве стана мн комерцијално. На секој чекор ги има и имало немало потреба носи ги децата од 15 м. Мислам претерано...
Се согласувам дека до одреден степен е искомерцијализирано да, ама на секој родител е да ги согледа сите аспекти и да одлучи дали има реална потреба или нема. На 15 месеци секако е рано, ама веќе на 19-20 месеци не е на одмет да се направи проценка ако станува збор за дете што не исполнува одредени кретериуми. Кај моето дете конкретно затоа и почекав, да видам дали ќе има некоја промена или ќе стоиме во место. Видов дека се менуваат работите и затоа се откажувам од идејата за посета на логопед. Некогаш реално е потребно многу малку за детето, а и родителите да се опуштат. На луѓево што ги спомнав стварно им беше потребна консултација, пред се мајката мораше да слушне од специјалист дека сѐ е во ред со детето и да и бидат дадени соодветни насоки што и како да работи со него. Самиот логопед после 3-4 сеанси им кажа дека нема потреба повеќе да доаѓаат, а ситуацијата генерално е многу подобра. Некогаш и нашите лични фрустрации несвесно се кочница. Не гледам зошто да не се искористи приликата, ако една посета на логопед помогне да се надмине макар и делумно тој страв што ние како родители го имаме.
Знам , како што кажав и јас самата го однесов пред две години . Значи и јас сум сакала да се осигурам затоа што несвесно го споредував со сестра му, која до 2 години зборуваше се . Меѓутоа познавам случај бебето го носеа на логопед од 15 месеци . Поминаа неколку месеци немаа некој напредок и прекинаа. После 2 години детето само се пушти скроз. Муабетот мие дека некогаш во паника родителите беспотребно избрзуваат, а логопедите често го користат тоа за личен бенефит ...
Здраво, ми треба мислење ваше и искуство во врска зборувањето на моето детенце. Моментално има 3 ипол години, а зборува премногу. Има огромен фонт да зборови, а почна да збори течно од 2 годинки. Е сега му се роди братче кога наполни две годинки и 7 месеци подоцна почна да пелтечи. Под пелтечење мислам не можеше да каже да речеме мама, туку викаше ммммммама. Тоа почна да зачестува и веднаш се советувавме со др. Јотовска. Му даде да пие гамибетал по шема и говорот се поправи скроз. Патем, сите многу работевме со него, зборувавме смирено и полека, го игнориравме таквиот начин на говор од негова страна, без поправање, посетувавме психолог јас и сопругот за тоа како да постапуваме со двете деца (бидејќи имаше реакција према братчето и сл.) Терапијата му ја прекина после 4 месеци и се беше супер. Пред 3 недели тргнаа во градинка за прв пат. Помалото братче се навикна веднаш, а тој не сака да оди. Знам дека е нормално до некаде, сите деца не сакаат ама со полека со убаво секој ден се спрема и оди. Е сега, пак почна со зборувањето, меѓутоа различно од претходниот пат. Сега го прави тоа само на првиот слог (пр. кококо кога) Имате ли искуство? Многу сум загрижена искрено, и не сакам да му остане тоа така. Знам дека е мал и сега тек допрва му се зголемува фонтот на зборови и сака се да каже брзо ама да слушнам ако може и ваше искуство
20 месеци и не врзува зборови. Има можеби некој фонт од 30тина зборчиња што ги користи сами и не знам како да поттикнам да врзува барем по два. Имам чувство дека споро му оди и сме назад, а се отепувам од зборење, пеење и јас и околу него блиските.
Мојот почна околу 21 месец да сврзува по две зборчиња а сега веќе на 23 месеци почна да сврзува цела реченица и песнички да пее. Не се секирај мајка за 2,3 месеци ќе има повеќе напредок. Иначе можеш да го поттикуваш со користење на именка и глагол, пример он ако каже маче ти можеш, мачето седи, нана и слично и за се друго и ќе почне полека.
Скоро па исто беше и мојава. После 21-от месец мислам скроз отвори. Сега на неполни 23, кажува многу зборови, врзува па неколку зборови, пее песнички, кога читаме приказна повторува по мене. @le.soleil , ми е сведок колку и досадував/м со темава. Инаку и јас за сметав за назад дека е спрема куп дечиња наоколу.
Веќе дужиш пиво зашто ти реков до 24 ќе ти збори во реченици @DaisyDoo таман си е за возраста, кога ќе има фонд околку 50 зборчиња во кои има некој глагол или придавка можеш да очекуваш да почне да врзува. Никако не е назад, до 24 се очекува да има барем 50 и да почне да врзува. 4 месеци се многу време а тоа се случува буквално преку ноќ.
Фала ти @le.soleil што не едуцираш на темава Да бидам искрена никогаш не сум имала потреба да читам околу целава наука со зборувањето затоа што ќерка ми уште од бебе е вокална, па како што и очекував рано прозборе. Ама буквално се се случуваше во динамика како што ја објаснуваш, во однос на тоа како се случуваат тие експлозии на нови зборови, кога почнуваат да врзуваат зборови, невербална комуникација и сл. Сега на пример поретко приметувам нови зборови, ама е во фаза каде што интензивно учи да врзува и да кажува некои кратки фази.
Немав ни јас потреба реално, моиве нит доцнеа нит пак беа нешто напредни, ама ја се спремав да знам што да очекувам. Добро и што неколку месеци се трипав за глупости док беа ептен мали. Али супер ми беше што детално ја проучив темата зашто каква што сум анксиозна, уште да не бев упатена веројатно уште ќе се трипав. Далеку сум од стручна или експерт ама знам како е кога се грижиш дали детето правилно ти напредува па се трудам да споделам тоа што знам.
Кога е под некој стрес така реагира. Моево, големото знае на периоди да има тикови, секогаш се јавуваат кога има некоја стресна состојба, кога се роди братчето правеше нешто не ми текнува сега точно што беше, има и така тепкано на прв збор, а сега 1 месец се накашлува, од ко се вративме од болница (лежевме со малиот 4 дена) почна така, јас не му велам, ама мм и останати не издржуваат, ги нервира и му велат, не кашлај, не прај така, тој тогаш уште повеќе прави... Обично поминуваат за некоја недела. Тоа си е карактер и за жал неможеш многу да направиш. Поемотивни се и тала си ги ставаат некои работи на срце. Малото е 16 месеци уште некој ден. Си пушта зборчиња секој ден, кафе, кола, бебе, капа, бато, баба, мама, Гого (брат му), тата, овие веќе му се усовршени, ама пушта и некој др пр ќе повтори нешто по мене ама после не го вели. Спрема првото малку поспоро оди ама сепак мислам дека е ок. Се разбира, донеси ова, однеси тоа...
Синко мој научи да кажува ј и сега вели јода на вода а викаше само ода, јауто на ауто... Скоро пред секој збор ја става. Дали толку му е интересно? Нормално е ова? И порано ја изговараше, ама кога е на почеток на збор а кога е во средина ја скокаше. Сега почна и во средина да ја користи. Има доста зборчиња што почна да ги кажува нови. Веќе некој животни не се само мјау и ав туку се маче и пас Вака ми делува ок има голем број зборчиња што ги користи секојдневно. Ама ете има некој работи што ги испревртува. Верувам дека и тоа е нормално за возраста од 18 и пол месеци ама прашања во глава секогаш ќе си имаме.
Мајки,за еден месец правиме 4 години,ќерче ги кажува убаво сите букви,само Л кога е пред самогласка не ја кажува правило,на пример: место кола вели коуа некако така. Ќе се среди само од себе или да се посети логопед? Некоја дали има вакво искуство?